Кире Лазаров заработил повреда на последниот тренинг и нема да настапи на Европското првенство во Уграија и Словачка. Веста ја потврди Ракометната федерација на социјалните мрежи.
„Најдобриот македонски ракометар, Кирил Лазаров, нема да биде во можност да настапи на Европското првенство. Десниот бек се повреди во текот на вчерашниот ден на првиот официјален тренинг. Прегледите направени од нашиот медицински тим покажаа дека се работи за повреда на спојот на два мускула на левата потколеница. Потребно е мирување од три недели“ – стои во дел од објавата.
Тоа значи дека Лазаров до крајот на континенталниот собир ќе ја има само улогата на селектор.

