Author: dino

Астон Вила е главен фаворит за привлекување на дефанзивецот на Евертон, Лука Дин. Французинот влегол во конфликт со менаџерот, Рафа Бенитез и најверојатни ќе го напушти стадионот – „Гудисон Парк“ до крајот на зимскиот преоден рок. Бидејќи Стивен Џерард бара лев бек, медиумите прогнозираат дека Астон Вила ќе понуди 20 милиони фунти за потписот на Дин. Во исто време и Њукасл внимателно ја следи ситуацијата и може да даде понуда за играчот на „карамелите“.

Read More

Милан може да испрати понуда за фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Баи, откако остана без услугите на централниот дефанзивец, Симон Кјаер. 27-годишниот играч на Брег Слонова Коска моментално настапува на Африканскиот куп на нации. Тој иако неодамна го обнови договорот со  „црвените ѓаволи“,  ретко се појавува во игра. Во исто време, Милан има и други опции за зајакнување на одбраната. Се наведува дека клубот е заинтересиран и за Нејтан Аке од Манчестер Сити и Свен Ботман од Лил.

Read More

Англискиот фудбалски состав Арсенал, испрати понуда од 20 милиони евра плус 5 во вид на бонуси за играчот за врска на Палмеирас, Данило. Младиот бразилски фудбалер откако ја помина школата на Палмеирас, дебитираше за првиот тим во 2020 година. Тој во последниве две сезони има одлични настапи. Данило одигра 83 меча и постигна 5 голови на сите турнири.

Read More

25-годишниот фудбалер, Адама Траоре, кој потекнува од школата на Барселона, може да се врати кај Каталонците. Играчот на Вулверхемптон кој претходно настапуваше за неколку англиски екипи, има трансферна вредност од 30-35 милиони евра. Траоре за „волците“ има одиграно 152 меча и постигнато 10 гола. Претставници на Шпанскиот гигант деновиве се сретнале со агентот на играчот, Жорге Мендеш.

Read More

Реал Мадрид е уште еден клуб кој се поврзува со фудбалерот од средниот ред на Милан, Франк Кеси, кој има договор до наредното лето. Првиот човек на „кралевите“, Флорентино Перез, испратил луѓе да започнат преговори со 25-годишниот играч. Напаѓачот често го поврзуваат со Тотенхем иако за него се заинтересирани и Манчестер Јунајтед, Ливерпул и Барселона. Кеси деновиве настапува Африканскиот куп на нации за репрезентацијата на Брег Слонова Коска на. Тој за „росонерите“  има одиграно 206 натпревари и постигнато 37 голови.

Read More

Напаѓачот на Пари Сен Жермен и на Франција, Килијан Мбапе, го сподели мислењето за ѕвездата на Реал Мадрид, Карим Бензема. „Тој заслужува се што доживува сега.  Карим е одличен фудбалер, остави белег во историјата на Реал и исто така се врати во француската репрезентација со големи чекори. Сите сме среќни што го гледаме назад “ – вели Мбапе за неговиот соиграч од репрезентацијата на „триколорите“. Бензема кој беше суспендиран од француската селекција на ЕП 2016, чекаше цели 4 години за повторно да го облече дресот на „Галските петли“.

Read More

Поранешниот дефанзивец на Реал Мадрид и на Бразил, Роберто Карлос, изјави дека во текот на неговата кариера можел да игра во Астон Вила, Бирмингем или Челзи. „Се што требаше да направам е да потпишам договор. Тоа беше единственото нешто што не го направив иако бев многу блиску“ – откри Карлос . „Астон Вила во 1993 година, Бирмингем во 1994 година и Челзи во 2007 година. Сакав да играм во Англија, но, не жалам. Играв за Реал Мадрид, најдобриот клуб во светот. Сега дефинитивно нема да играм во Премиер-лигата, но, секој натпревар го гледам на телевизија“, изјави Роберто Карлос,

Read More

Би-Би-Си состави тим од најдобрите играчи во актуелната сезона во англиската Премиер лига, според проценките на навивачите. Секој фудбалер мораше да одигра најмалку девет натпревари во првенството. Еве како гласаа фановите: Голман: Арон Рамсдејл (Арсенал). Дефанзивци: Тарик Лампти (Брајтон), Шејн Дафи (Брајтон), Вирџил ван Дијк (Ливерпул), Ендрју Робертсон (Ливерпул). Играчи од средниот ред: Конор Галагер (Кристал Палас), Деклан Рајс (Вест Хем Јунајтед), Н’Голо Канте (Челзи). Напаѓачи: Мохамед Салах (Ливерпул), Мајкл Антонио (Вест Хем), Каи Хаверц (Челзи). Интересно е дека на списокот нема ниту еден играч на лидерот Манчестер Сити како и големата ѕвезда на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо.

Read More

Фудбалерот, Герет Бејл, нема да игра за Реал Мадрид во завршницата на шпанскиот Супер-куп откако не беше вклучен во експедицијата која замина за Саудиска Арабија. Напаѓачот и натаму има болки во грбот и ќе мора да остане во шпанската престолнина. Репрезентативецот на Велс од почетокот на сезоната има одиграно само три натпревари на сите турнири. Покрај Бејл, на мечот со Барселона нема да се појави и Маријано Дијаз. Според програмата, в среда во Ријад, Реал во полуфиналето ќе се соочи со Каталонците додека во вториот меч Атлетико Мадрид ќе игра со Атлетик Билбао. Финалето ќе биде в недела на 16…

Read More

Новите сопственици на Њукалс планираат да испратат понуда до напаѓачот на Зенит, Сердар Азмун, информираат англиските медиуми. Според наведеното, премиер-лигашот планира да му плати 6 милиони евра на рускиот клуб за да дојде до потписот на искусниот фудбалер кој во сезонава на 21 меч на сите турнири постигна 10 голови и направи 4. асистенции. Договорот на Иранецот Азмун со рускиот клуб ќе истече на крајот од сезоната. Трансфермаркт ја проценува неговата траснферна вредност на 25 милиони евра.  Азмун го облече дресот на Зенит пред точно две години.

Read More