Нашиот бек, Филип Кузмановски, ги потенцираше нашите слабости на двата меча со Словенија и Црна Гора на Европското првенство во групата во Дебрецин. „Против Словенија имавме многу технички грешки и требаше да ги поправиме против Црна Гора, но тоа не се случи. Имавме пех што имаме голем број на повредени, Дејан Манасков, Никола Марковски, Стојанче Стоилов без кого останавме пред дуелот со Црна Гора, како и без Кире Лазаров кој се повреди на последниот тренинг“ – вели Кузмановски. „Против Данска нема што да загубиме. Навистина добро се подготвувавме, треба да одиграме добар меч, прво за себе, борбено. Пробуваме да играме…
Author: dino
Премиерот на Австралија, Скот Морисон, изјави дека одлуката за укинување на визата за тенисерот, Новак Ѓоковиќ, е донесена од здравствени и безбедносни причини и од јавна корист. „Федералниот суд на Австралија едногласно одлучи да го одбие барањето на Новак Ѓоковиќ. Одлуката е донесена поради здравствени и безбедносни причини и нашите граници да останат силни а Австралијците да бидат безбедни“ – вели Морисон. Доцна во ноќта Федералниот суд едногласно ја одби жалбата на Ѓоковиќ за укинувањето на визата, со што тој ќе биде депортиран од Австралија и нема да ја брани титулата во Мелбурн.
Нашите ракометари ги загубија шансите за пласман во наредната фаза на Европското првенство откако денеска го претрпеа и вториот пораз во групата во Дебрецин. Тие загубија од селекцијата на Црна Гора со 28:24 пред се поради големиот број на технички грешки и лошата игра во одбраната. Згора на тоа, на само 1 час пред мечот, беше објавено дека Стојанче Стоилов е позтивен на Ковид-19 што беше и голем шок на целата репрезентација. Кај нас Велковски постигна шест голови, Цветан Кузмановски пет а голамнот, Никола Митревски имаше девет одбрани. Македонија во последното коло в понеделник ќе излезе на мегдан со главниот…
Дефанзивецот на фудбалскиот состав Челзи, Антонио Рудигер, иако е разочаран од првичната финансиска понуда на „сините“, не планира да го напушти стадионот – „Стенфорд Бриџ“. Англискиот состав му понуди неделна плата од 167.000 евра иако дефанзивецот е еден од најдобрите на теренот. За 28-годишниот централен стопер се заинтересирани екипите на Реал Мадрид и Пари Сен Жермен. Французите наводно, се подготвени да му плаќаат 7 милиони евра годишно. Од почетокот на сезоната, Рудигер има 20 натпревари и 1 гол во Премиер лигата.
Аргентинската фудбалска ѕвезда на Јувентус, Пауло Дибала, не е задоволен од условите во понудениот договор и планира да го напушти тимот од Торино, објавија дел од медиумите во Италија. Тој во сезонава има девет голови и четири асистенции во 20 меча за „старата дама“. За неговите услуги се заинтересирани англиските Манчестер Јунајтед и Тотенхем како и шпанската Барселона.
Андреј Швеченко кој ја има улогата на тренер на Џенова, доцна синоќа по подолг период се појави на теренот на неговиот поранешен клуб Милан и доживеа големи овации од трибините. „Секогаш сум среќен кога се враќам на Сан Сиро, пречекот од фановите беше фантастичен, им благодарам. Сакам да им се заблагодарам и на навивачите на Џенова кои дојдоа тука да го поддржат тимот“, вели Шевченко. „Животот е составен од подеми и падови, победи и порази. Јас ќе ги извршувам обврските а клубот е тој кој треба да носи одлуки“ – вели Шевченко по вчерашната елиминација во Купот на Италија.
Челниците на фудбалскиот состав Манчестер Jунајтед, планираат да го испратат Дони ван де Бек на позајмица во друг клуб до крајот на сезоната. Во игра се наводно Њукасл и Борусија Дортмунд. Холанѓанецот кој не влегува во плановите на тренерот Рангник, во 2019 година беше купен од Ајакс за големи 40 милиони фунти, но, не ги оправда очекувањата. Се наведува дека Њукасл е посебно заинтересиран да го обезбеди неговиот потпис.
Дефанзивецот на Спартак (Москва), Александар Ешченко, ја заврши кариерата. 37-годишниот поранешен руски фудбалски репрезентативец ќе стане дел од стручниот штаб на „црвено-белите“. Ешченко запиша вкупно 109 натпревари и постигна 1 гол за Спартак откако потпиша во 2016 година. Тој еднаш беше шампион и го освои Суперкупот на Русија. Неговиот договор беше до крајот на сезоната, но дефанзивецот избра да го прекине и да се повлече од теренот.
Лион категорично одбива да се раздели со дефанзивецот Емерсон Палмиери кој настапува како позајмен од Челзи до крајот на сезоната. „Сините“ од Лондон сакаат предвреме да го вратат бразилскиот фудбалер, но, тоа не им го дозволуваат Французите. Екипата од Англија очајно бара засилување на левата бековска позиција откако се повреди Бен Чилвел кој ќе отсуствува до крајот на сезоната. Од другата страна, Емерсон стана главен играч на Лион. Во Лига 1 има 16 натпревари и 1 гол.
Нашите најдобри ракометари со пораз го започнаа настапот на Европското првенство во Унгарија и Словачка откако загубија од Словенија со 27:25 во премиерниот меч одигран во групата во Дебрецин. По изедначеното прво полувреме, „змајчеки“ одиграа многу подобро во второто и на крајот ги прокнижија првите бодови. Ние промашивме неколку чисти ситуации и направивме неколку наивни грешки, по што поразот беше неизбежен. Во второто коло в сабота наш противник ќе биде Црна Гора. До крајот на групната фаза ќе излеземе на мегдан и со Данска.
