Нашите ракометари ги загубија шансите за пласман во наредната фаза на Европското првенство откако денеска го претрпеа и вториот пораз во групата во Дебрецин.
Тие загубија од селекцијата на Црна Гора со 28:24 пред се поради големиот број на технички грешки и лошата игра во одбраната. Згора на тоа, на само 1 час пред мечот, беше објавено дека Стојанче Стоилов е позтивен на Ковид-19 што беше и голем шок на целата репрезентација.
Кај нас Велковски постигна шест голови, Цветан Кузмановски пет а голамнот, Никола Митревски имаше девет одбрани. Македонија во последното коло в понеделник ќе излезе на мегдан со главниот фаворит во групата, селекцијата на Данска.

