Нашите најдобри ракометари со пораз го започнаа настапот на Европското првенство во Унгарија и Словачка откако загубија од Словенија со 27:25 во премиерниот меч одигран во групата во Дебрецин.
По изедначеното прво полувреме, „змајчеки“ одиграа многу подобро во второто и на крајот ги прокнижија првите бодови. Ние промашивме неколку чисти ситуации и направивме неколку наивни грешки, по што поразот беше неизбежен.
Во второто коло в сабота наш противник ќе биде Црна Гора. До крајот на групната фаза ќе излеземе на мегдан и со Данска.