Author: dino

Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник, потенцира дека голманот, Давид де Геа има големо значење за тимот. Тој го според Шпанецот со голманот на Баерн, Мануел Нојер, со кого работеше во Шалке. „Мислам дека двајцата се меѓу петте најдобри голмани во светот. Можеби дури и во првите три. Двајцата се во фантастична форма и одлично ги контролираат работите во шеснаесетникот“ – вели Рангник. „Де Геа е еден од најдобрите голмани во светот, ако не и најдобар, многу ни значи што го имаме во нашиот тим“ – изјави тренерот на „црвените ѓаволи“ за официјалниот сајт на англискиот состав.

Read More

Скијачот од Австрија, Јоханес Штролц, направи големо изненадување со денешната победа на слаломската трка која се одржа во Аделбоден. За 29-годишниот алпинец тоа е прва победа во кариерата и воопшто прв пласман меѓу најдобрите 10-ет во една трка. Неговиот сонародник, Мануел Фелер, заврши на второто место додека третото на пиедесталот го пополни германецот, Линус Штрасер. Штролц со денешната победа и освоените бодови успеа да се искачи на третото место во генералниот пласман во слалом. Сезоната во Алпско скијање кај мажите ќе продолжи наредниот викенд на патеката во Венген.

Read More

Поранешниот светски рекет број еден, Рафаел Надал, вели дека освојувањето на титулата во Мелбурн треба да се цени бидејќи успешно се врати на теренот по повредата на ногата од која се опоравуваше речиси четири месеци. 35-годишниот Надал ја освои 89-та титула во кариерата откако го победи американскиот квалификант, Максим Креси, со 7-6 (6), 6-3 во финалето на АТП 250 пред Австралија Опен, кој започнува на 17 јануари. „Многу сум среќен што ја започнав сезоната со титула. Ако ги собереме и анализираме сите работи низ кои сум поминал во последните пет месеци, вклучително и СОВИД-19 по Абу Даби, секако дека сум…

Read More

Голманот на Челзи, Едуард Менди и напаѓачот, Фамара Дидиу, се новите двајца со позитивни тестови за Ковид-19 во репрезентацијата на Сенегал, потврдија од африканскиот тим. Тие му се придружуваат на централниот дефанзивец и капитен, Калиду Кулибали и влегуваат во групата на играчи кои ќе го пропуштат првиот натпревар на Африканскиот куп на нации против Зимбабве закажан за в понеделник. Уште пред заминувањето за Камерун, во кампот на сенегалскиот тим имаше шест заболени – Салиу Сис, Бамба Диенг, Маме Баба Тиам, Папе Матар Сар, Нампалис Менди и Алфред Гомис. Сите тие останаа во главниот град Дакар. Повредени се Исмаила Са и…

Read More

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, вели дека неговите фудбалери заслужено победија на гостувањето кај Венеција во новата рунда во Серија „А“. „Денешниот натпревар изгледаше лесен. Тоа го направивме затоа што пристапивме на вистински начин и одлучно. Бевме уморни бидејќи повредите не принудија да ги користиме истите играчи. Божиќниот одмор ни помогна да си ја вратиме енергијата и формата“ – вели Пиоли. „Извлековме поука од позитивните и од негативните моменти. Видовме дека неколку помлади играчи достигнаа повисоко ниво на зрелост. Треба само да работиме со ентузијазам и интензитет“ – вели тренерот на Милан.

Read More

Селекторот на Франција, Гијом Жил, го дефинираше списокот на репрезентативците кои треба да настапат на Европското првенство во ракомет. Голмани: Реми Дезбоне, Винсент Жерар, Весли Пардин. Леви крилa: Уго Деска, Дилан Нахи, Леви бекови: Карл Конан, Ромен Лагард, Тибо Брие. Средни бекови: Кентин Мае, Ајмерик Мин, Никола Карабатиќ. Пивоти: Лудовик Фабрегас, Николас Турна, Тео Монар. Десни бекови: Дика Мем, Мелвин Ричардсон, Жулиен Бос. Десни крила: Беноа Конку, Јанис Лен, Валентин Порт. „Триколорите“ кои се вбројуваат меѓу фаворитите за освојување на медал, првенството ќе го започнат во  групата Ц во која се уште Србија, Хрватска и Украина.

Read More

Легендарниот тенисер, Мац Виландер, вели дека има мали шанси да дојде до пресврт во случајот со Ѓоковиќ и Србинот сепак да се појави на терените во Австралија. „Ни требаат повеќе информации. Сакам да знам зошто добил медицинско ослободување?. Ми се допаѓа неговата одлука да остане додека не се реши случајот“ – вели Виландер. „Има мали шанси да настапи на турнирот, не верувам дека локалните политичари ќе се „коцкаат“ пред изборите“ – нагласи Виландер за српските медиуми.

Read More

Луѓето од Манчестер Јунајтед не планираат да му предложат нова соработка на францускиот фудбалски интернационалец, Пол Погба. Играчот од средниот ред кој сега се опоравува од повредата, во текот на летото ќе ја заврши соработката со „црвените ѓаволи“ и ќе биде слободен играч. Претходно, британските медиуми објавија дека екипата од „Олд Трафорд“, планира да му ја зголеми платата на 500 илјади фунти неделно, но, тоа веднаш беше демантирано од двете страни.

Read More

Напаѓачот на фудбалскиот состав Лестер, Џејми Варди, поради повреда, ќе мора да пропушти поголем дел од сезоната. Тој нема да се врати на терените до март. Играчот на популарните „лисици“ прво ја повреди тетивата во декември а потоа ситуацијата се искомпликува откако се појави на дуелот со Ливерпул. Според објавеното, Варди нема да мора оди на операција.

Read More

Кошаркарскиот состав на Работнички ја прекина соработката со интернационалецот од БИХ, Недим Мустафица. Еден од најдобрите играчи на тимот од Градски парк си заминал поради неподмирени финансиски обрвски од страна на раководството. Мустафица во досегашниот дел од сезоната имаше просек од 15 кошеви, 8,8 освоени топки под обрачите и 1,7 асистенции.

Read More