Скијачот од Австрија, Јоханес Штролц, направи големо изненадување со денешната победа на слаломската трка која се одржа во Аделбоден.
За 29-годишниот алпинец тоа е прва победа во кариерата и воопшто прв пласман меѓу најдобрите 10-ет во една трка. Неговиот сонародник, Мануел Фелер, заврши на второто место додека третото на пиедесталот го пополни германецот, Линус Штрасер.
Штролц со денешната победа и освоените бодови успеа да се искачи на третото место во генералниот пласман во слалом. Сезоната во Алпско скијање кај мажите ќе продолжи наредниот викенд на патеката во Венген.

