Челниците на фудбалскиот состав, Манчестер Јунајтед, ја одбиле понудата на Валенсија за Ентони Марсијал кој неодамна побара да си замине од „Олд Трафорд“ во потрага за поголема минутажа. Шпанците сакаат да го изнајмат Французинот до крајот на сезоната и да плаќаат половина од неговата плата, но, таа идеја не е прифатлива за „црвените ѓаволи“ кои сакаат веднаш да го продадат. Напаѓачот во 2015 година го напушти Монако и се пресели во Премиер-лигата. Тој досега има одиграно 268 мечеви за Манчестер Јунајтед и постигнато 79 голови.
Author: dino
Бразилскиот фудбалски репрезентативец, Габриел Барбоса, може да добие понуда да заигра за екипата на Њукасл, најави весникот – „Мирор“. Англискиот тим кој неодамна доби нови богати сопственици, ќе се обиде во јануари да го освежи драстично ростерот и да остане конкурентен во битката за опстанок. Барбоса кој во минатото настапуваше за Интер и Бенфика, во моментов ги брани боите на Фламенго. Њукасл има намера да го ангажира на позајмица до крајот на сезоната.
Тренерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, по вчерашниот пораз на теренот на Лестер, нагласи дека неговиот состав се соочува со проблеми и дека „лисиците“ сосема заслужено победија. „Имавме шанси, но, не бевме доволно добри за да победиме. Немавме контрола на теренот и одигравме лош меч“ – вели Германецот. „Ако го играме фудбалот кој го игра Ливерпул, тогаш ќе имаме повеќе шанси да победуваме. Разликата со Сити не е мојот главен проблем“ – изјави Клоп.
Пјерлуиџи Колина кој е шеф на судиската комисија на ФИФА, проговори околу употребата на ВАР технологијата. „ВАР има за цел да ги елиминира грешките кои влијаат на исходот. Мислам дека таа цел е постигната. На крајот на краиштата, судијата треба да одлучи дали офсајдот е активен или пасивен“ – потенцира славниот италијански судија. „Толкувањето е дел од правилото. Мора да прифатиме дека ќе има различни ставови за ситуацијата. Технологијата помага, но никогаш не може да го замени човекот“ – потенцираше Колина.
Младиот напаѓач на ПСЖ, Килијан Мбапе, вели дека нема шанси да заигра во екипата на Тотенхем. Со тоа практично става крај на сите шпекулации што го поврзуваа со екипата од Лондон. „Сигурен сум дека Тотенхем ќе има добра сезона со Антонио Конте затоа што тој е одличен менаџер. Тоа е добро за нив, јас мислам дека никогаш во животот нема да играм за Тотенхем“ -изјави кратко Мбапе за „Си-Ен-Ен“. Брзоногиот фудбалер најверојатно во летниот трансфер период ќе си замине од Франција и ќе се пресели во редовите на Реал Мадрид.
Фудбалерот, Феран Торес, официјално ја засили Барселона. 21-годишниот репрезентативец на Шпанија го напушти Манчестер Сити и за сума од 55 милиони евра плус десет како бонуси, се врати во татковината. Напаѓачот и Каталонците склучија договор за наредните 5 години во кој е вметната откупна клаузула од една милијарда евра. Репрезентативецот на „Фуријата“ во Ла Лига го носеше дресот на Валенсија во периодот од 2017 до 2020 година.
Прес стартот на вториот дел од сезоната во најсилната фудбалска конкуренција на Англија, поранешните играчи, Гери Невил и Џејми Карагер, кои сега ја имаат улогата на стручни коментатори, ја составија најдобрата постава за есенскиот дел. Тимот на Гери Невил изгледа вака: Алисон, Дијаш, Ридигер, Ван Дајк, Александер-Арнолд, Кансело, Рајс, Родри, Салах, Жота и Фоден. Џејми Карагер се определи за: Ремздејл, Ван Дајк, Ридигер, Кансело, Галагер, Рајс и Силва (Бернардо), Салах, Жота и Фоден.
Њукасл во јануарскиот преоден рок треба да донесе неколку нови имиња а во исчекување на истите, фановите на „Сент Џејмс Парк“ на вчерашниот меч со Манчестер Јунајтед имаа порака до Кристијано Роналдо. Како што е познато, клубот од северот на Англија има богати сопственици, па фановите му порачаа на Португалецот да се пресели кај нив. Во секој случај навивачите на Њукасл очекуваат нивниот тим во пролетниот дел од сезоната да биде драстично засилен во битката за опстанок.
Сојузот на Спортови на град Скопје денеска на посебна свеченост ги награди најдобрите за годинава што изминува. Признанието најдобар спортист заврши кај Дејан Георгиевски – Таеквондо клуб Бутел за освоениот сребрен медал на Олимпијадата во Токио. Неговиот тренер, Др. Борче Костовски , ја доби наградата во таа категорија. Во категоријата перспективен млад спортист – кадет за 2021 година награден беше Амар Хусеиновиќ – Тениски Клуб МТП Скопје додека за најуспешен спортист – странец кој настапува во екипа од Скопје, признанието го доби Анте Гаџа – АД Ракометен клуб. Најуспешен спортист во категоријата на лица со попреченост: Андреј Стојановски – “Сојуз…
Бразилскиот фудбалски интернационалец во редовите на Јувентус, Артур Мело, најверојатно ќе биде испратен на позајмица, најавуваат денеска медиумите во Италија. Тој не влегува во плановите на тренерот, Масимилијамо Алегри и затоа првите луѓе на клубот се обидуваат да го испратат во друг состав. Наводно, Јуве сака да го испрати Мело во Арсенал и затоа започнал преговори со англискиот состав.
