Искусниот дефанзивен фудбалер, Серхио Рамос, потенцира дека неговото исклучување на вчерашниот меч на Пари Сен Жермен ќе го направи подобар играч. 35-годишниот Шпанец за само 4 минути доби два жолти картона на дуелот со Лориен и ги остави соиграчите на цедило. На крајот, „светците“ успеаја да изедначат и да се спасат од пораз. „Денеска е уште една можност за учење, утре ќе имаме шанса да се подобриме. Секогаш одиме напред!“, напиша Рамос на профилот на социјалната мрежа – „Твитер“.
Author: dino
Ѕвездата на Њујорк Никс, Дерик Роуз е опериран и тој ќе биде надвор од терените најмалку два месеца, објавија од клубот. Тој имаше успешна операција на десниот зглоб во специјална хируршка болница и ќе се врати во игра за околу осум недели“, напишаа Никси на Твитер. Роуз беше избран за најкорисен играч во регуларната сезона во 2011-та. Од таа година, кариерата на 33-годишниот кошаркар е исполнета со повреди, особено на колената. Сезонава главно се користи како шести играч и има просек од 12 поени, 4 асистенции и 3 скока по натпревар.
Фудбалерите на Наполи вчера доживеаја шокантен пораз од Специја на домашен терен а нивниот тренер, Лучијано Спалети, проценува дека екипата е истрошена и дека и треба одмор. „Имавме неколку навистина лоши натпревари во последно време. Првин треба да се одмориме а потоа и да ги анализираме грешките.Предолго ја контролиравме средбата и не успеавме да направиме конкретна шанс“ – вели Спалети. Наполи по кратката пауза во Серија „А“, на 6 јануари го чека дербито на теренот на Јувентус.
Тренерот на фудбалерите на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, верува дека Еден Азар набрзо ќе се врати во посакуваната форма. Интернационалецот од Белгија кој се соочи со многу повреди, по подолг период одигра два врзани меча како стартер за „кралевите“. Тој беше на теренот на средбите со Кадиз и Атлетик Билбао. „Азар е многу вреден за тимот. Вистина е дека имав сомнежи околу неговата физичка кондиција, но, направи многу добри работи на двата меча“ – потенцирал италијанскиот тренер пред новинарите.
Фудбалерите на Атлетико Мадрид откако доцна синоќа загубија на гостувањето кај Гранада со 2 спрема 1, полека заостануваат во трката за шампионската титула во Шпанија. Тие имаат дури 17 бодови помалку од лидерот Реал Мадрид. Нивниот тренер, Диего Симеоне, вели дека екипата функционира добро, но, дека нема среќа. „Играме добро, но, посакуваните резултати ги нема. Создадовме многу добри шанси, сепак, топката не сакаше да влезе во голот. Плаќаме висока цена и покрај нашата добра игра, не заслуживме пораз“ – вели аргентинскиот тренер.
Еден од најдобрите фудбалери на Лацио, Сергеј Милинковиќ – Савиќ, ги негира наводите во медиумите во Италија дека има нарушени односи со тренерот, Маурицио Сари. Последниов период се почесто се слушаат гласини дека луцидниот играч ќе биде ставен на трансфер листата бидејќи имал расправија со тренерот. „Не ме интерсираат шпекулациите. Мојата желба е Лацио да победува“ – изјави Милинковиќ – Савиќ по вчерашниот триумф на теренот на Венеција со 3 спрема 1.
Тениската асоцијација на Европа објави дека нема да се реализираат Зимските купови во 2022 година. Одлуката е донесена по состанокот со претставниците на земјите учеснички. Тоа значи дека 208 репрезентации нема да се натпреваруваат во младинските конкуренции во јануари и февруари. Значителното влошување на епидемиолошката состојба како и зголемените мерки за заштита од Ковид-19, втора година по ред ги одложија мечевите.
Мик Шумахер, син на прославениот возач во Формула 1, Михаел, во 2022 година ќе ја има втората сезона во така наречениот „циркус на тркала“. Младиот возач ќе остане во тимот на Хас и паралено ќе ја има улогата и на резервен во Ферари. „Многу сум среќен што ќе биде дел од нашиот тим, но, се надевам дека нема да има потреба да ги менува Шарл или Карлос“ – вели првиот човек на Ферари, Матија Биното.
Американските медиуми пишуваат дека Лука Дончиќ е еден од ново заразените кошаркари на Далас заедно со Треј Бурк. Интернационалецот од Словенија ги пропушти претходните пет натпревари во НБА лигата поради повреда на левото стапало. Далас во продолжението на сезоната не може да ги користи услугите на шест кошаркари кои се заразени со Корона.
Во англискиот фудбалски Лига Куп беа формирани двојките за полуфиналето во кое ќе играат само екипи од Премиер-лигата. Во последниот филтер влегоа три клуба од Лондон, Челзи, Тотенхем и Арсенал, плус Ливерпул. Според календарот, во период од 3 до 10 јануари ќе играат Арсенал и „црвените“ и Тотенхем против „сините“. Големото финале на Лига Купот на Англија ќе биде одиграно на легеднарниот стадион –„Вембли“ на 27 февруари.
