Македонската кошаркарска федерација денеска на посебна свеченост ги проглaси најдобрите за годинава што изминува. На традиционалното доделување на наградите за најдобрите од мак-баскетот за 2021 година присутна беше и златната генерација од Литванија која го освои 4. Место. Еве кој ги доби наградите. Најдобар кошаркар: Андреј Магдевски Најдобра кошаркарка: Анџелика Митрашиновиќ Најдобар тренер мажи: Горан Самарџиев (Еуро Никел) Најдобар тренер жени: Александар Ашаданов Најдобар тренер во младинска конкуренција кај мажите: Андреј Лечиќ (Работнички) Најдобар тренер во младинска кај девојките: Анета Глигорова (Бадел). Најдобра екипа жени: Баскет Кам Најдобра екипа мажи: МЗТ Скопје Најдобар судија: Игор Митровски Најдобар репрезент во странство:…
Author: dino
Манчестер Јунајтед има подобри услови и формација на теренот за Ерлинг Халанд отколку Манчестер Сити, вели новинарот Кристијан Фалк. Норвежанецот ќе биде еден од главните играчи во летниот преоден рок со клаузула од 75 до 100 милиони евра. Тоа е цена што сите големи клубови во Европа се подготвени да ја платат. Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити се главните фаворити за неговиот потпис. -Манчестер Јунајтед е во предност и внимателно ги следи случувањата. Халанд таму одлично ќе се вклопи, напиша Фалк.
Поради неколку инфекции со корона-вирус во тимот, натпреварот на Астон Вила со Барнли минатиот викенд мораше да биде одложен, процени тренерот, Стивен Џерард. Тој рече дека би било „кошмар“, доколку клубот мора да одигра два натпревара за само дена со 14 играчи на располагање. „Во текот на викендот имавме ситуација кога еден од играчите не сакаше да излезе од автомобилот бидејќи имаше симптоми. Јас целосно го разбирам тоа” – изјави Џерард. „Никој не сака да се зарази со вирусот. За среќа, подоцна беше тестирањето и не беше заразен. Луѓето не се свесни каква е ситуацијата. Наша одговорност е да ги…
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, изрази незадоволство од збиената програма на Премиер лигата и го повика раководството на шампионатот да интервенира. „Црвените“ на 26 декември ќе му гостува на Лидс во натпревар од 19. коло а два дена потоа ќе одат кај Лестер на меч од 20. коло. Клоп вели дека е дојдено време да се преземат соодветни мерки. „Верувам дека треба да бидеме внимателни со планирањето на средбите. Немаме време за опоравување и подготовка за играчите, тоа е клучно. Мислам дека не е правилно да се инсистира тимовите да играат на секои два дена во тековнава ситуација со Ковид“…
Фудбалерите на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, Тиаго Алкантара, Фабињо и Кертис Џонс, ќе останата во карантин откако беа позитивни на корона-вирус. Четворицата ќе го пропуштат и утрешниот натпревар со Лестер во четвртфиналето на Лига купот. Ориги исто така нема да биде достапен бидејќи се уште не ги продолжил тренинзите. Капитенот, Џордан Хендерсон, не играше против Тотенхем бидејќи беше болен, но, не од Kовид.
Првите луѓе на Њукасл ќе се обидат во јануари да го ангажираат напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Ентони Марсијал. За да го склучат договорот што е можно поскоро по отворањето на зимскиот преоден рок, новите сопственици на клубот се подготвени да платат за фудбалерот шест милиони фунти. На „Сент Џејмс Парк“ сакаат да направат сериозна селекција бидејќи тимот е во опасност од испаѓање. Агентот на Марсијал изјави дека Французинот сака во јануари да се пресели во друг клуб.
Фудбалерите на Манчестер Сити, Фил Фоден и Џек Грилиш, поради недисциплина беа отстранети од стартниот состав за викенд натпреварот со Њукасл. Како што пренесуваат англиските медиуми тренерот, Гвардиола, им дал можност на играчите да се опуштат по победата од 7-0 против Лидс во изминатиот вторник, но, двајцата играчи ја злоупотребиле слободата и до доцна се забавувале во ноќен клуб. Наредниот ден Фоуден и Грилиш се појавиле на тренингот, но, не можеле да ги исполнат задачите.
Клубовите во Премиер-лигата ја одбија иницијативата за времено прекинување на сезоната поради зголемениот број на заразени со корона-вирусот во екипите. На состанокот била разгледана и идејата да се одложат натпреварите од 20. коло што е на програмата од 28 до 30 декември. Во изминатиот период беа одложени вкупно 10 натпревари во Премиер- лигата поради позитивни случаи на ковид. Челниците на англискиот фудбал и клубовите, најавија дека ќе имаат нова средба за неколку недели се со цел да се направи нова проценка на ситуацијата.
Тренерот на фудбалерите на Лацио, Маурисио Сари, ќе побара од раководството да го стави на трансфер-листата, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, или еден од најдобрите играчи во клубот. Србинот кој пет сезони го носи дресот на „сино-белите“ од Рим, неодамна влезе во конфликт со искусниот стратег кој очигледно нема намера да го користи во наредниот период. Според – „Тутомеркато“, играчот од средината на теренот на трансфер пазарот вреди околу 80 милиони евра.
Првите луѓе на Њускал ја разгледуваат можноста да испратат понуда за фудбалерот на Реал Мадрид, Еден Азар, кој пред две и половина години беше купен од Челзи за околу 100 милиони евра. Белгиецот во континуитет се соочува со повреди и никако не успева да го покаже целиот потенцијал, по, што „кралевите“ размислуваат да го стават на трансфер- пазарот. Медиумите наведуваат дека без разлика на сумата што ќе ја понудат англичаните, Азар нема намера да се врати во Премиер-лигата, посебно не во состав кој се бори за опстанок.
