Премиер-лигата одложи дури пет мечеви кои требаше да бидат одиграни во текот на викендот откако рапидно се зголеми бројот на заболени со Ковид-19 во клубовите. Тоа се пресметките: Мачестер Јунајтед – Брајтон, Саутемптон – Брентфорд, Ватфорд – Кристал Палас, Вест Хем – Норвич и Евертон – Лестер. Засега според распоредот треба да се реализираат средбите: Астон Вила – Барнли, Лидс – Арсенал, Вулверхемптон – Челзи, Њукасл – Манчестер Сити и Тотенхем – Ливерпул.
Author: dino
Претставници на фудбалските Асоцијации на Македонија, Италија, Португалија и Турција, учесници во бараж натпреварите за пласман на Светското првенство 2022 одржаа „on-line“ состанок на кој беше разговарано за организациските планови за дуелите во март догодина, стои во објавата на сајтот на ФФМ. Македонија во Палермо на 24. март против Италија ќе го одигра првиот натпревар за место во финалето за пласман на Мундијалот во Катар 2022 година. Според правилникот, нашата федерација ќе може да смета на близу 1300 влезници (пет проценти од вкупниот капацитет на стадионот – „Ренцо Барбера“. Нашата репрезентација ќе биде гостин и на евентуалниот финален натпревар. Вториот…
Менаџерот на фудбалерите на Лестер, Брендон Роџерс, изрази загриженост дека Премиер лигата е под сериозен притисок од радиодифузерите да има што е можно повеќе натпревари и покрај зголемениот број на заразени со КОВИД-19 во различни тимови. Тренерот, исто така, навести дека големите клубови добиваат повеќе попусти од помалите во нивната желба да одложат некои од нивните натпревари. Лестер и Тотенхем побараа одложување на денешниот меч, но, истото им е одбиено. „Играчите, менаџерите и сите други сакаат да играме, но, здравјето на играчите мора да биде приоритет“ – вели Роџерс.
Откако повеќе спортисти меѓу кои и четирикратната олимписка шампионка во санкање, Натали Гајзенбергер од Германија се пожалија на условите во врска со тестовите за Ковид додека ги реализираат подготoвките, се огласи првиот човек на ИОК, Томас Бах. „Одредени работи требаше да се подобрат, но, тоа се случи. Ниту Натали, ниту другите спортисти не треба да бидат под влијание на мерките против КОВИД-19 додека ги реализираат подготовките. Тие мора да веруваат дека сите прашања се решени и дека условите на Олимпијадата ќе бидат сосема поразлични“ – рече Бах. Тој додаде дека времето на чекање на аеродромите е намалено и дека никој…
ФИФА соопшти дека фудбалските клубови годинава потрошиле 500,8 милиони долари за такси за агенти или повеќе од претходната и покрај намалените трошоци за трансфери. Европските клубови учествуваат со 95,8 отсто од вкупната сума. Англичаните се лидери со 133,3 милиони долари, Германија е втора со (84,3), Италија (73,5 милиони долари) а Шпанија, (8 милиони долари). Тука се и Франција (30,3 милиони долари) и Португалија (29,3 милиони американски долари). Светската фудбалска федерација се обидува да ги промени правилата за фудбалските агенти. Надоместоците за нив ќе бидат ограничени на 10 проценти од сите исплати и 3 проценти од платата на играчот.
Францускиот фудбалски тренер, Арсен Венгер, кој најголемиот дел од кариерата го помина на клупата на Арсенал, се осврна на шпекулациите дека може да биде промовиран како спортски директор на ПСЖ. „Очигледно е дека новинарите ја пуштаат фантазијата пред Божиќ. Нема ништо точно во тоа. Апсолутно ништо“ – потенцираше Венгер кој работи за ФИФА како шеф на секторот за глобален фудбалски развој. 72-годишниот Французин е најуспешниот менаџер во историјата на Арсенал според бројот на трофеи како и менаџер со најголем стаж во клубот според бројот на натпревари (755 заклучно со 7 март 2010). Венгер е единствениот странски тренер кој освоил двојна…
Фудбалерите на Арсенал ја направија и петата победа во серија на домашен терен и влегоа за прв пат во сезонава во Топ 4 во Премиер-лигата на Англија. Избраниците на Артета доцна синоќа заслужено славеа во градското дерби против Вест Хем со 2-0 со головите на Мартинели и Смит. Домаќинот можеше да оствари и поубедлива победа, но, Лаказет пропушти неколку добри шанси а промаши и пенал во 69-та минута. „Топчиите„ сега се наоѓаат на 4-то место на табелата со 29 бодови. Лидер е Манчестер Сити со 41 бод пред Ливерпул со 37 и Челзи со 36 бодови.
Напаѓачот на фудбалскиот состав Базел, Артур Кабрал, може да добие понуда да се пресели во редовите на рускиот шампион Зенит. Клубот од Санкт Петербург планира да понуди 11 милиони евра иако Швајцарците најавија дека очекуваат да добијат околу 15 милиони. Во претходната сезона Кабрал постигна 18 гола во домашниот шампионат а од почетокот на тековната кампања реализираше 14 пати. Бразилецот со 13 гола е водечки стрелец во Лигата на конференциите. Кабрал кратко го носеше дресот на Палмеирас пред да потпише со Базел во 2109 година. Тој е поранешен младински репрезентативец на Бразил a неодамна го доби и првиот повик во…
Освојувачот на седум титули во Формула 1, Луис Хамилтон, не ја заслужува титулата „витез“ бидејќи не направил ништо за Велика британија, изјави поранешниот шеф на Формула 1, Берни Еклстон. На 36-годишниот возач во ноември му беше доделена титулата Витез на Британската империја на што реагира Еклстон кој рече дека неговиот спортски успех и добротворните ангажмани не се доволни за укажаната чест .„Мислам дека многу луѓе, како Хамилтон, кои ја добиле оваа чест, не ја заслужуваат. Ова витештво постои многу години – за оние кои направиле нешто за нивната земја“ – вели некогашниот прв човек на Формула 1.
Доцна вечер во Нион ќе бидат формирани групите за новата сезона во Лигата на нации во која нашата фудбалска репрезентација ќе биде активна во „Ц“ конкуренцијата. Вкупно 55. Земји ќе бидат поделени во 4 лиги. „А“, „Б“ и „Ц“ ќе имаат 16 екипи поделени во 4 групи а во „Д“ 7 екипи кои ќе формираат група со 4 екипи и една со 3. Првите две кола ќе се играат во периодот 2-8 јуни 2022 година. Победниците во 4-те групи од Лигата „А“ ќе учествуваат на фајнл-форот за одредување на шампионот во јуни во 2023 година. Победниците од другите три лиги…
