Author: dino

Дефанзивецот на Јувентус, Матијас де Лихт, пред да го напушти Ајакс и да замине во Италија, имал можност да го облече дресот на Баерн (Минхен), откри неговиот агент задолжен за трансфери, Мино Раиола. „Бевме во разговори со Баерн и можноста да постигнеме договор беше многу реална. Штета што не успеа“ изјави Рајола за „Sport1.de.“  Де Лихт во 2019 година доби многу понуди а покрај Баварците во игра за неговиот потпис беше и Барселона. Сепак, Холанѓанецот реши кариерата да ја продолжи во Италија. Таму во тековнава сезона има одиграно 13 натпревари и постигнато 1 гол.

Read More

Шведскиот фудбалски интернационалец, Златан Ибрахимовиќ, со вчерашниот погодок против Удинезе во Серија „А“, успеа да го запише  300-от гол во најсилните 5 лиги во Европа. Ветеранот со тој ефект им се придружи на Кристијано Роналдо кој има 483 голови и  Лионел Меси кој има 475. Популарниот Ибра во Калчо има дадено 153 голови a во Франција додека играше за ПСЖ има 113. Во Премиер во дресот на Манчестер Јунајтед постигна 17-ет додека еден помалку имаше во периодот кога настапуваше за Барселона во шпанскиот шампионат.

Read More

Шпанските медиуми објавија дека ветеранот, Единсон Кавани, сака да го напушти Манчестер Јунајтед и да се пресели во Барселона. Уругваецот е подготвен да прифати помала плата од таа што ја добива на „Олд Трафорд“ само за да го облече дресот на Каталонците. Новиот тренер на фудбалерите на Барса, Чави Ернандез, сака да купи најмалку еден нов голгетер во јануарскиот преоден рок. Сепак, конечниот збор околу Кавани кој е во процес на рехабилитација ќе го има новиот тренер на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник.

Read More

Mакс Верстапен и Луис Хамилтон со изедначено бодовно салдо ќе влезат во последната сезонска трка во Формула 1 која треба да го одреди и новиот шампион. На патеката – „Јас Марина“, во Абу Даби од 14 часот, Холанѓанецот ќе тргне од пол позицијата пред Британецот. Доколку двајцата на крајот имаат идентичен број на бодови, пехарот ќе го подигне Верстапен бидејќи има остварено повеќе сезонски победи. Досега последната трка дури 29 пати одлучувала за победничкиот пехар. Таков случај имаше пред пет години кога Нико Розберг со болидот на Мерцедес ја освои титулата пред клупскиот колега Хамилтон.

Read More

Веселин Вујовиќ го напушти кормилото на Вардар по катастрофалната серија од седум порази во Лигата на ракометните шампионите. Со тоа заврши и третиот мандат за миленикот на „Комитите“  кој беше на клупата кај „црвено-црните“од 2006 до 2009 и од 2011 до 2013 година. Според информациите, соработката е прекината спогодбено.

Read More

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас, кој постигна два гола за Наполи на вчерашниот меч со Лестер, беше прогласен од УЕФА за најдобар играч во последното коло во Лига Европа. Нашиот фудбалски „бисер“ беше двоен стрелец во триумфот на Италијанците со 3:2 кој значеше пласман во фазата на елиминации. Елмас со четири погодоци ја заврши групната фаза во второто по ранг натпреварување на Европа.

Read More

Интер започна преговори за двајца играчи на Сасуоло – напаѓачот, Џанлука Скамака и Давиде Фратези кој дејствува во средината на теренот, пишува денеска – „Газета дело Спорт“. Според наведеното, двајцата во јануарскиот преоден рок се главните трансфер цели на италијанскиот шампион. „Нероаѕурите“ поради финансиски потешкотии сакаат првo да ги ангажираат на позајмица а потоа да им ги откупат правата. Скамака за италијанската репрезентација има 16 натпревари и 5 голови. Неговата цена е 40 милиони евра. Фратези нема одредена цена. Тој во сезонава во сите конкуренции одигра 17 натпревари и постигна 3 гола.

Read More

Новиот менаџер на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник, откри дека Пол Погба ќе се врати во Велика Британија во текот на викендот, но, ќе може да продолжи со тренинзите за околу две недели. „Тој досега беше во Дубаи. Треба да полета денеска. Очекувам да го видам в недела. Разговаравме на телефон. Тој е подобар иако ќе му требаат уште две недели пред да може да тренира и уште толку за да биде подготвен за игра“ – изјави Рангник за состојбата на Французинот. „Црвените ѓаволи“ утре ќе гостуваат кај Норвич со надеж дека ќе ја забележат трета последователна победа во…

Read More

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, категорично одби да ја коментира изјавата на  агентот Мино Раиола, кој ги наведе „граѓаните“ како еден од четирите клубови во кои ѕвездата на Борусија (Дортмунд), Ерлинг Холанд, би можел да ја продолжи кариерата. Додека еден од новинарите присутни на прес-конференцијата почна да му поставува прашање за изјавата на Рајола, менаџерот на Сити рече: „Следното прашање. Не ме прашувајте за тоа бидејќи нема да одговорам“.Гвардиола потоа го коментираше утрешниот натпревар на неговиот тим против Вулверхемптон. „Волците имаат неверојатна сезона. Ние, пак, сакаме да ја продолжиме нашата добра серија во Премиер лигата“ – вели Гвардиола.

Read More

Менаџерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп го пофали Стивен Џерард, кој утре ќе се врати на „Енфилд“ како тренер на Астон Вила. Германецот рече дека поранешниот капитен на „црвените“ ќе добие најдобар можен пречек, но, не треба да се надева на успех. „Откако сум тука, никогаш не сум слушнал негативен збор за Стивен Џерард. Ќе се ракуваме пред мечот, по мечот – исто така. Дозволено му е да слави иако се надевам дека нема да има причина за тоа“ – вели Клоп. „Стартот за него во Астон Вила беше успешен. Дали еден ден ќе стане менаџер на Ливерпул? Да!…

Read More