Македонските одбојкари ќе бидат во групата „ Б“ во новата сезона во сребрената европска лига. Нивни противници ќе бидат: Романија, Албанија и Босна и Херцеговина. Првиот меч ќе го одиграме на 25 мај на домашен терен против Босна и Херцеговина. Еве го распоредот за наредните кола: 2 коло: Романија – Македонија (28/29 мај), 3 коло: Македонија – Албанија (1 јуни), 4 коло: Албанија – Македонија (4/5 јуни), 5 коло: Македонија – Романија (8 јуни) 6 коло: Босна и Херцеговина – Македонија (11/12 јуни). Победникот од групата ќе оди во елиминациите додека вториот ќе мора да го чека распоредот во групата…
Author: dino
Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ, призна дека сака да ја заврши кариерата во Серија А. Швеѓанецот има тековен договор до крајот на сезона. „Ќе го притиснеме Милан да ми понуди продолжување и се надевам дека ќе останам тука до крајот на кариерата. Се уште имам цели кои сакам да ги постигнам и сакам да освојам уште една титула во Италија“ – изјави 40-годишниот напаѓач. Златан Ибрахимовиќ кој го пропушти последниот меч во домашнотo првенство, веројатно ќе биде стартер на претстојниот натпревар со Ливерпул во Лигата на шампионите.
Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема, кој беше принудно заменет на дербито со Реал Сосиедат, нема потешка повреда, но, ќе мора да мирува одреден период, потврдиле денешните лекарски прегледи. Французинот кој дефинитивно нема да игра на утрешниот меч со Интер во Лигата на шампионите, веројатно ќе биде подготвен за градското дерби со Атлетико во Примера Дивизион. Според шпанските медиуми, Бензема ја започнал рехабилитацијата под будноот око на лекарскиот тим на „кралевите“.
Тренерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, ги негира шпекулациите дека „граѓаните“ преговараат со напаѓачот, Дани Олмо. „Не, не сме во преговори со Олмо. Тој е фантастичен играч и сегашен член на Лајпциг“ – изјави шпанскиот стратег. Олмо има договор со германскиот состав до летото во 2024 година. Тој во претходната година го напушти Динамо Загреб и 22 милиони евра се пресели во Бундес-лигата. Неговата трансферна сума на пазарот се движи околу 50-ет милиони евра.
Кубанскиот интернационалец во редовите на Еурофарм Пелистер, Реиние Табоада, кој имаше блескава партија на гостувањето во Португалија, вели дека екипата полека се формира и дека формата на ракометарите оди во нагорна линија. „ Сега сме многу подобри и во одбрана и во напад. Делуваме како комплетна екипа. Спортинг е тактички добар тим, имаат одличен тренер и добри индивидуалци“ – вели црномурестиот играч. „Напорно и детално се подготвуваме за вториот натпревар и верувам дека ќе освоиме два бода во Битола. Кога дојдов ми требаше адаптација на новата средина, тука ебариерата со јазикот. Сега е полесно. Соиграчите и тренерот ми помагаат, се…
Тренерот на Еурофарм Пелистер, Жељко Бабиќ, пред утрешниот меч со Спортинг во Лигата на ЕХФ вели дека неговите ракометари и во Лисабон одиграле фантастичен натпревар. Битолчани утре ќе бидат домаќини во салата –„Боро Чурлевски“. „ Иако го имавме последниот напад и можевме да победиме и тие имаа офанзивен фаул во нивниот претходен обид. Во секој случај, играчите покажаа страшен карактер и фантастично го презентираа клубот, државата и себе си“ – вели Бабиќ. „Сите знаеме дека е тешко да се освојуваат бодови на гостински терен и знаеме колку е добар Спортинг. Што се однесува до вториот натпревар, нè очекува голема борба.…
Аргентинскиот фудбалер, Анхел Ди Марија, кој има договор со ПСЖ до крајот на сезоната, истакна дека сака да остане на „Паркот на принцовите“. Доколку „светците“ не му понудат нова соработка, тогаш 33-годишниот интернационалец ќе се врати во родниот Росарио Централ и никогаш повеќе нема да игра за друг европски клуб. „Задоволен сум во Париз. Ако заминам, тоа ќе биде враќање во аргентинскиот фудбал. Таму ќе ја завршам кариерата“ – потенцираше брзоногиот играч кој има настапувано за Бенфика, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.
Лидерот во генералниот пласман за Светскиот куп во крос-кантри скијање, Јоханес Клабо и ја донесе првата победа на селекција на Норвешка во штафетната трка на 4 х 7,5 километри во Лилехамер. Тој беше лидер на тимот во кој беа вклучени Ерик Валнес, Емил Иверсен и Симен Кругер. Вториот тим на Русија (Александар Терентиев, Илја Семиков, Артјом Малцев и Сергеј Устјугов) се најде на второто место а вториот тим на Норвешка (Пал Голберг, Мартин Ниенгет, Ханс Кристер Холунд и Харалд Амундсен) заврши на третото место. Со денешната победа, Клаебо ја зголеми предноста во генералниот пласман. Тој има 281 бод. Втор е…
Денеска на патеката во Саудиска Арабија ќе биде возена претпоследната трка од шампионатот во Формула 1. Битката за титулата на патеката во Џеда ќе ја продолжат Холанѓанецот, Макс Верстапен и Луис Хамилтон. Британецот ќе започне од пол-позицијата додека лидерот во генералниот пласман ќе стартува од третото место. Пилотот на Ред Бул може уште денеска да ја освои титулата доколку обезбеди 18 поени повеќе од членот на Мерцедес. Сепак, реално гледано, последната последната трка во Абу Даби треба да го даде освојувачот на титулата во Ф1.
Норвешкиот скијач Андре Омот Килде славеше на спустот во американскиот скијачки центар Бивер Крик кој се бодува за светскиот Куп. Второто место му припадна на Марко Одермат од Швајцарија додека третото го освои Тревис Ганонг од САД. На женскиот спуст во Лејк Луис, доминираше Софија Гоџа од Италија. Второто место на подиумот го пополни Брези Џонсон од Соединетите Американски Држави а третото Корин Сутер од Швајцарија. Денеска мажите на истата локација од 20.00 часот ќе возат нов спуст додека скијачките на патеката во Канада од 18.00 часот ги очекува трката во веле-слалом.
