Напаѓачот, Ентони Марсијал, сака да го напушти Манчестер Јунајтед во текот на зимава, најави неговиот агент задолжена за трансфери, Филип Ламболи. „Ентони сака да го промени клубот додека трае зимскиот преоден рок. Тој сака да биде на теренот. Набрзо ќе разговараме со раководството “ – изјави Ламболи за – „Скај Спортс“. Марсијал во 2015-та за 60 милиони евра го напушти Монако и се пресели во редовите на „црвените ѓаволи“. Неговиот договор со клубот е валиден до 30 јуни во 2024-та. Според интернет порталот – „Трансфермаркт“, пазарната вредност на играчот е 35 милиони евра.
Author: dino
Во групата Е, Баерн Минхен е сигурно прв додека Барса и Бенфика конкурираат за второто место. Шпанците ќе имаат тешка задача на „Алијанц Арена“ бидејќи само победа им гарантира место во разигрувањето. Од друга страна, Португалците ќе го пречекаат отпишаниот Динамо Киев. Никој не се сомнева дека на „Луж“ ќе дојде лесна победа за Бенфика. Во групата Ф Манчестер Јунајтед е зациментиран на првото место. И тука како во претходната група ќе се води битка за втората позиција и тоа на теренот во Бергамо меѓу Аталанта и Вилјареал. Италијанците ќе мора да победат додека Шпанците и со реми ќе ја…
Фудбалерот на словачкиот Спартак Трнава и на нашата репрезентација, Милан Ристовски, во интервјуто за – „Калчомеркато“, ги обелодени очекувањата за бараж мечот со Италија за место на Светското првенство во Катар. „Ќе играме против европските шампиони. Доколку ја имавме можноста да одлучуваме за противникот во баражот, тоа сигурно немаше да биде Италија. Како и да е, од друга страна, имаме прилика да го покажеме нашиот квалитет и нашиот дух против таков силен противникот. Едвај го чекаме натпреварот – вели Ристовски. Македонскиот интернационалец има одиграно 17 средби во словачкиот шампионат и постигнато 7. голови.
ПСЖ вчера го совлада Бриж во последното коло во групната фаза во Лигата на фудбалските шампиони со 4:1 а домашната ѕвезда, Лионел Меси, успеа да реализира од белата точка и да се израмни со Кристијано Роналдо. Португалецот досега беше рекордер со 22 изведени пенали во европската елита а од вчера до истиот ефект дојде и Аргентинецот. Ќе потенцираме дека Меси има промашено четири пенали.
Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах, со вчерашниот гол на теренот на Милан во Лигата на шампионите, успеа да се изедначи со легендарниот Јан Раш, кој беше вистинска ноќна мора за голманите во 80-те години. Репрезентативецот на Египет и во петата сезона по ред успеа да постигне најмалку 20-ет гола во сите конкуренции. Велшанецот имаше таков ефект гледано од 1982 до 1987 година. Раш играше за „црвените“ од 1980 до 1987 и од 1988 до 1996-та. Тој е најдобриот стрелец во историјата на Ливерпул со 346 голови.
Французинот, Себастијан Але, се израмни со најдобриот стрелец во историјата на Лигата на шампионите, Кристијано Роналдо. Тој се промовираше како вториот фудбалер кој успеал да даде гол во секој од шесте меча во групната фаза во ЛШ. Португалецот таков ефект имаше во сезоната 2017/18 кога настапуваше за Реал Мадрид. „Копјаниците“ со вчерашната победа против Спортинг само го потврдија првото место во групата и пласманот во елиминациите.
Според тренерот на Еурофарм Пелистер, Жељко Бабиќ, играта во одбраната била решавачка за вчерашната победа против Спортинг во групаната фаза во Лигата на Европа. „Морам да кажам дека сум горд на моите ракометари и на начинот на кој играа. Одбраната во вториот дел беше одлична. Покажавме дека сме вистинска екипа со серија од пет натпревари без пораз во Европа“ – истакна Бабиќ. Битолчани до крајот на групната фаза ги очекуваат уште четири средби. Две се на гости кај Ним (Франција) и Татабања (Унгарија) а две на домашен терен со швајцарскиот Кадетен и грчкиот АЕК.
Тренерот на Зенит, Сергеј Семак, зборуваше за претстојниот натпревар со Челзи од 6. коло од групната фаза во Лигата на фудбалските шампиони. Натпреварот ќе се одигра в среда на 8 декември во Лондон. „Челзи има многу индивидуално силни играчи. Тоа е систем кој работи како германски болид со мали прилагодувања во зависност од индивидуалните квалитети на играчите на теренот. Во исто време, сите знаат што се бара од нив“ – вели Семак. „Нашата тактика зависи од тоа како ќе се одвива натпреварот. Мене повеќе ме интересира квалитетот на нашиот фудбал и како играчите ќе изгледаат пред толку силен ривал“ -…
Тренерот на фудбалерите на Милан, Стефано Пиоли, пред решавачкиот меч со Ливерпул во последното коло од групната фаза на Лигата на шампионите, вели дека неговиот тим ја научил лекцијата од првата средба кога загуби со пресврт. „Ќе играме со еден од главните кандидати за освојување на Лигата на шампионите. Научивме многу од првиот меч кај нив. Тоа е одличен состав“ – вели тренерот на „росонерите“. Домаќините на „Сан Сиро“, прво мораат да победат а потоа да го чекаат исходот од мечот Порто – Атлетико Мадрид. Таму најмногу им одговара нерешен резултат.
Тренерот на фудбалерите на Интер, Симоне Инзаги ги сподели очекувањата за натпреварот против Реал Мадрид во групната фаза од Лигата на шампионите кој ќе биде одигран доцна вечер од 21.00 часот на – „Сантијаго Бернабе“. „Интер победил само еднаш во Мадрид. Во текот на мечот ќе имаме тешки моменти кога ќе треба да играме дефанзива, но, дојдовме тука да го покажеме нашиот карактер и сакаме да успееме“ – вели Инзаги. „Двете екипи се пласираа во 1/8 финалето. Ние сакаме да прикажеме врвна игра. На претходната средба покажавме добар фудбал, сега треба да покажеме уште повеќе “ – изјави Инзаги за…
