Author: dino

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед денеска се вратија во клупската база Карингтон за да ги обноват тренинзите откако во клубот се појавија повеќе случаи на заразени со Ковид-19. „Црвените ѓаволи“ ја затворија тренинг база во понеделникот и оттогаш тимот не тренираше. Натпреварот со Брентфорд кој требаше да се одигра вчера беше одложен.  Во текот на викендот пред нас, Манчестер Јунајтед ќе го пречека Брајтон на „Олд Трафорд“  со надеж дека натпреварот ќе се одигра и дека играчите ќе бидат подготвени. Фудбалерите беа тестирани пред да се вратат во базата и сите што имаа негативни тестови им беше дозволено да тренираат.

Read More

Фудбалерите од англиската Премиер лига ќе бидат подложени на брзи тестови за коронавирус директно во нивните возила пред тренинзите и натпреварите според новите прописи воведени од денеска во Премиер лигата , објави Тајмс. Играчите, тренерите, па дури и вработените во клубовите не смеат да стапнат во тренинг база или стадион освен ако не поминат негативен тест за КОВИД-19 . Новите податоци за Премиер лигата покажуваат рекорден број новозаразени во клубовите – 42. Според новите правила, навивачите при влез на фудбалски стадиони мора да приложат потврда за вакцинација или негативен ПЦР тест.

Read More

Премиер лигата го одби барањето на Лестер и Тотенхем утрешниот нивни меч да биде одложен. Последните два дуела на Спарс беа одложени поради заболени од Корона а тренерот, Антонио Конте, потенцираше дека ситуацијата е алармантна. Според англиските медиуми, во Тотенхем има девет заразени играчи. Во Лестер ситуацијата е слична бидејќи девет играчи на „лисиците“ поради Ковид или повреди не му се достапни на Брендон Роџерс. Менаџерот на Лестер изјави дека е во прашање интегритетот на првенството. „За жал, не ни беше понудено никакво решение, што на крајот беше разочарувачко. Имаме повреди, го имаме КОВИД и не можеме да правиме ротации…

Read More

Селекторот на нашата футсал репрезентација, Васко Скендеровски, го објави поширокиот список за двата пријателски меча со Црна Гора закажани за утре и задутре  во СЦ Борис Трајковски. „Повикавме претежно играчи од домашниот шампионат. Резултатот е значен за подигнување на самодовербата пред претстојните квалификации за Светското првенство“ – вели Скендеровски. Повикани играчи: Голмани: Антонио Петровски (СК Проект Цико), Влатко Петровски *СК Проект Цико), Иван Стојановски (Шкупи);Одбрана: Реџеп Сулејман (Шкупи), Таулант Исмаили (ФК Ликени, Косово), Ферид Агуши (Шкупи), Драган Петровиќ (Шкупи), Берат Рамадани (Арбен Бајрами); Напад: Иван Крстевски (СК Проект Цико), Алекандар Глигоров (Железарец), Игор Леовски (СК Славија Прага, Чешка), Мартин Мехмединовиќ (СК Прокет Цико),…

Read More

Баерн (Минхен) ќе биде без фудбалерите од средниот ред Леон Горецка и Корентин Толисо на денешното гостување кај Штугарт во рамките на новото коло во Бундес- лигата. Толисо има проблеми со мускулите иако тренерот, Џулијан Нагелсман, претходно изјави, дека нема сериозен проблем. Горетска продолжува со опоравувањето од повредата на коленото. Младиот Џамал ​​Мусиала кој ја повреди раката на саботниот меч со Мајнц 05 ќе може да игра со заштитна обвивка. Баварците во моментов се лидери на табелата со 6 бодови предност во однос на Борусија Дортмунд. која утре ќе игра со Гројтер Фурт.

Read More

Напаѓачот на фудбалскиот состав Атлетико Мадрид, Антоан Гризман, ќе ги пропушти последните два до крајот на годинава. Французинот заработи повреда на дербито со Реал Мадрид а клубот потврди дека на снимката е откриена повреда на мускулот на десната надколеница.  Шпанците“ не откриваат до кога Гризман ќе треба да се рехабилитира, но, медиуми тврдат дека ќе ги пропушти средбите со Севилја и Гранада. Денешниот тренинг на  „јорганџиите“  го пропуштија и Облак и Коке.  Според „Марка“, двајцата не се чувствуваат добро.

Read More

Дефанзивецот на Норвич, Макс Аронс, може да добие понуда во текот на наредното лето да се преслеи во редовите на Рома. Според медиумите,  луѓето од  Олимпико ги процениле квалитетите на младиот фудбалери и затоа сакаат да испратат понуда , тврди „Кориере дело спорт“. „Канаринците“ се борат за опстанок во Премиер лигата а 21-годишниот десен бек покажува солидни резултати од почетокот на сезоната. За младиот талент се заинтересирани Тотенхем и Евертон.

Read More

Дефанзивецот на фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед, Виктор Линделоф, беше подложен на „превентивни тестови“ откако имаше потешкотии со дишењето за време на натпревар со Норвич во англиската Премиер- лига, соопштија од клубот. Од „Олд Трафорд“ објавија дека шведскиот репрезентативец сега се чувствува добро. – Сите индикации велат дека случајот не е поврзан со КОВИД“, објави Јунајтед. Тоа се случи  по само неколку часа откако беше одложен денешниот меч со Брентфорд бидејќи одредени играчи на „црвените ѓаволи“ и дел од персоналот се позитивни на Ковид.

Read More

Макс Верстапен со денешната победа на трката за Големата награда на Абу Даби успеа да ја освои првата шампионска титула во Формула 1. Возачот на  Ред Бул практично во последниот круг благодарение  на безбедносното возило успеа да го помине членот на Мерцедес и да запре во обидот да ја освои рекордната осма титула. Третото место на крајот го освои Карлос Саинц од Ферари. Во трката кај конструкторите победи Мерцедес пред Ред Бул.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Јувентус, Масимилијано Алегри, признава дека неговиот тим не заслужил победа на гостувањето кај Венеција и дека домаќинот сосема реално освои еден бод. „Старата дама“ иако имаше предност од 1-0, на крајот мечот заврши 1:1. „Ние ризикувавме со Дибала и тоа се покажа лошо. Тој беше заменет во средата поради проблем со мускулот и се надевавме дека ќе биде подобар, но, тоа не беше така“ – вели Алегри. „Имавме добро прво полувреме а потоа паднавме во  тие 10-15 минути пред да примиме гол. Загубивме два бода против добриот тим на Венеција“ – потенцираше Алегри по натпреварот.

Read More