Макс Верстапен со денешната победа на трката за Големата награда на Абу Даби успеа да ја освои првата шампионска титула во Формула 1.
Возачот на Ред Бул практично во последниот круг благодарение на безбедносното возило успеа да го помине членот на Мерцедес и да запре во обидот да ја освои рекордната осма титула. Третото место на крајот го освои Карлос Саинц од Ферари.
Во трката кај конструкторите победи Мерцедес пред Ред Бул.