Author: dino

Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах, втора година по ред успева ја добие наградата за најдобар фудбалер во Англија во изборот на навивачите. Во гласањето кое беше организирано преку социјалните мрежи, учествуваа околу 140.000 фанови на фудбалот. Репрезентативецот на „фараоните“ практично немаше вистинска конкуренција според бројот на освоени гласови. Зад него во Топ 10 во изборот на навивачите место добија и Деклан Рајс, Бруно Фернандеш, Фил Фоден, Едуар Менди, Мејсон Маунт, Рубен Дијаш, Кевин де Бруин, Жоржињо и Жоао Кансело.

Read More

Леонардо кој го има главниот збор околу засилувањата во ПСЖ, проговори околу ангажманот на легендарниот дефанзивец на Реал Мадрид, Серхио Рамос, кој никако не успева да се врати на теренот и да ја санира повредата. „Не очекувавме да бидеме без Рамос четири или пет месеци. Знаевме дека има повреди од минатата сезона со кои треба да се справиме, но, вистина е дека имавме изненадувања. Тој е сега на вистинскиот пат“ – вели Леонардо. Рамос во текот на летото како слободен играч ги напушти „кралевите“ од Мадрид и се пресели на – „Паркот на принцовите“.

Read More

Селекторот на нашите најдобри ракометари, Кире Лазаров, го скрати списокот на 24 репрезентативци со кои ќе ги започне подготовките за претстојниот Евро-шампионат во Словачка и Унгарија. Собирот ќе биде на 22 декември во Скопје по што ќе се замине во Маврово. Таму  бидат одиграни  две пријателски средби со Кувајт на 27 и 29-ти декември по што ќе следуваат и контролните натпревари со  Израел, на 03 и 4 јануари во Скопје. Македонија првиот меч на Континенталниот собир ќе го има против Словенија на 13 јануари. Потоа ќе дојдат дуелите со Црна Гора и Данска.

Read More

Македонската репрезентација е во групата 4 од Ц сегментот со репрезентациите на Бугарија, Грузија и Гибралтар. Нашиот најдобар национален тим натпреварувањето го отвора со гостинска пресметка против Бугарија на 2. јуни 2022 година. Првиот домашен натпревар ќе го одиграме против Грузија на 9. јуни 2022. Еве го комплетниот распоред 2. јуни 2022. Бугарија – Македонија (20:45) 5. јуни 2022. Гибралтар – Македонија (18:00) 9. јуни 2022. Македонија – Грузија (20:45) 12. јуни 2022. Македонија – Гибралтар (18:00) 23. септември 2022. Грузија – Македонија (18:00) 26. септември 2022. Македонија – Бугарија (20:45)

Read More

Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин,  посочи дека нема да има никаков ефект најавениот глобален самит кој в понеделник ќе го организира ФИФА со главна точка – Светско првенство на две години. „Првиот предлог беше на вонреден Конгрес да се гласа за проектот СП на две години, што ние го одбивме. Сега ќе има 500 и повеќе луѓе на видео-конференцијата на тој глобален самит, но, не очекувам ништо конкретно и суштински. Дури немаме ни агенда за тој самит“ – вели Чеферин. Претходно УЕФА и КОНМЕБОЛ (Јужна Америка)  јавно се спротивставија на предлогот да има Мундијал на секој две години.

Read More

Весникот – „Мундо Депортиво“ најави дека фудбалскиот состав Барселона во јануарскиот преоден рок може да се засили со крилото на Реал Сосиедад, Аднан Јанузај, кој во континуитет покажува добри партии во Примера Дивизион. Тренерот на Шпанците, Чави Ернандез, бил запознаен со опцијата за привлекување на белгискиот репрезентативец и затоа ќе мора брзо да одлучи дали ќе ја искористи. Во исто време, медиумите наведуваат дека Каталонците се фокусирани на Феран Торес од екипата на Манчестер Сити.

Read More

Вториот последователен натпревар на Манчестер Јунајтед во фудбалската Премиер лигата и официјално е одложен поради големиот број на заразени играчи и вработени во 20-кратниот шампион на Англија. Тоа е средбата од 18. коло во елитното англиско првенство против Брајтон, кој требаше да се одигра утре на Олд Трафорд. Јунајтед требаше да гостува во Брентфорд во вторник, но и тој натпревар беше одложен. Според информациите на англиските медиуми, вкупниот број на заразени фудбалери и вработени во Манчестер Јунајтед е поголем од 20-ет.

Read More

Мохамед Салах кој го постигна вториот гол за Ливерпул на вчерашниот меч со Њускал одигран во рамките на фудбалската Премиер-лига на Англија, успеа да го изедначи рекордот на Џејми Варди. За репрезентативецот на Египет тоа беше 15-от натпревар во серија на кој успева да постигне барем еден гол или да направи асистенција. Салах доколку погоди на наредниот меч, тогаш ќе избие на челната позиција во тој статистички показател во најсилната фудбалска лига на Островот.

Read More

Тимот на Ферари објави дека нивниот возач, Шарл Леклер, бил позитивен на коронавирус веднаш по завршувањето на сезоната во Формула 1. Според протоколите на ФИА , тој бил тестиран по враќањето од Абу Даби и веднаш испратен во домашна изолација. Претходно Никита Мазепин поради Ковид мораше да ја пропушти трката за Големата награда на Абу Даби како и шефот на Вилијамс кој не присуствуваше на трката за Големата награда на Саудиска Арабија реализирана на патеката во Џеда. Спортскиот директор на Формула 1, Стив Нилсен, изјави дека е загрижен дека опцијата Омикрон би можела да влијае на календарот за 2022 година.

Read More

Челниците на фудбалскиот состав Њукасл ќе понудат 100 милиони евра за напаѓачот на Фиорентина, Душан Влаховиќ, кој упорно одбива да ја продолжи соработката со италијанскиот состав. Неговиот договор е валиден до летото во 2023 година а „виолетовите“ се обидуваат да го убедат да остане и понатаму во тимот. Медиумите наведуваат дека за потписот на Влаховиќ се заинтересирани  екипите на Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и Тотенхем.

Read More