Според тренерот на Еурофарм Пелистер, Жељко Бабиќ, играта во одбраната била решавачка за вчерашната победа против Спортинг во групаната фаза во Лигата на Европа.
„Морам да кажам дека сум горд на моите ракометари и на начинот на кој играа. Одбраната во вториот дел беше одлична. Покажавме дека сме вистинска екипа со серија од пет натпревари без пораз во Европа“ – истакна Бабиќ.
Битолчани до крајот на групната фаза ги очекуваат уште четири средби. Две се на гости кај Ним (Франција) и Татабања (Унгарија) а две на домашен терен со швајцарскиот Кадетен и грчкиот АЕК.