Првите луѓе на фудбалскиот состав РБ Лајпциг ја прекинаа соработката со тренерот, Џеси Марш, кој во изминатото лето го напушти Салцбург и дојде како замена за Џулијан Нагелсман. Стратегот од САД имаше договор за две години, но, откако на 14 натпревари оствари само пет победи, три нерешени и шест порази, бундес-тимот се реши да му врачи отказ. РБ Лајпциг се наоѓа на 11. позиција на табелата.
Author: dino
Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон ќе стартува од пол позицијата на утрешната трка за Големата награда на Саудиска Арабија. Британецот на патеката во Џеда денеска стигна до 103-та пол-позиција во кариерата. Од второто место ќе започне вториот возач на Мерцедес, Валтери Ботас а од третото, Макс Верстапен од Ред Бул, доколку не направи промена на моторот по инцидентот во последниот свиок кога удри во заштитната ограда. Од четвртото до десеттото место се пласираа: Шарл Леклер, Серхио Перез, Пјер Гасли, Ландо Норис, Јуки Цунода, Естебан Окон и Антонио Џовинаци. На две трки до крајот на шампионатот, води Верстапен со осум бодови…
Олимпискиот шампион во супер-велеслалом од Сочи 2014, Норвежанецот , Кјетил Јансруд, може да ги пропушти Зимските игри во Пекинг од 4 до 20 февруари откако се здоби со повреда на коленото на патеката Бивер Крик (САД). Норвешката скијачка федерација соопшти дека 36-годишниот Јансруд ги повредил вкрстените лигаменти. Репрезентативниот лекар, Марк Штраус, рече дека е премногу рано да се каже дали ќе биде неопходна операција или колку долго Јансруд ќе биде надвор од патеката. Тој ќе се врати дома в понеделник. Потоа во Осло ќе има дополнителни прегледи на коленото.
Шпанскиот фудбалски состав Барселона, може да го купи Хаким Зијаш од екипата на Челзи, најавија медиумите на Пиринеите. Интернационалецот од Мароко кој во јуни во 2020 година беше купен од Ајакс за околу 40 милиони евра, не успеа да се наметне на стадионот – „Стемфорд Бриџ“ и затоа сака да си замине. Наводно, Каталонците започнале преговори со неговиот агент. Се претпоставува дека Зијач ќе добие понуда да настапи половина сезона како позајмен играч а потоа шпанскиот состав да му го откупи договорот.
Тренерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, најверојатно ќе го ангажира Исмалa Сар од екипата на Ватфорд, најавија медиумите во Англија. Германецот сака да обезбеди добра замена за Мохамед Салах (Египет) и Садио Мане (Сенегал) кои подолг период ќе имаат активности во Купот на африканските нации. 23-годишниот интернационалец од Сенегал во сезонава одигра 12 натпревари за Ватфорд во Премиер лигата и постигна пет голови.
18-годишниот фудбалер на Кастилја, Марвел, добил лично честитки од првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез, веднаш по мечот со Барселона Б одигран во третата лига на Шпанија. Младиот дефанзивец кој настапува за вториот тим на „кралевите“, во континуитет има добри партии и затоа го привлече вниманието на Перез. Многумина го гладаат Марвел како наследник на легендарниот Серхио Рамос, кој во изминатото лето се пресели во ПСЖ.
Кире Лазаров, селекорот на нашите најдобри ракометари го објави поширокиот список на репрезентативци кои ќе конкурираат за место на Европското првенство догодина во јануари. Македонија првиот меч ќе го има против Словенија на 13 јануари. Два дена подоцна ќе играме со Црна Гора додека на 17. јануари ќе ја затвориме групната фаза со мечот против Данска.
Работни групи во кои се вклучени претставници на ФФМ, УЕФА и ФИФА, работат на драфт верзија на Статутот на федерацијата базиран на законските прописи и регулативите на ФИФА и УЕФА. „Согласно стратешкиот план на ФФМ, еден од носечките столбови, добро раководење го предвидува проектот за ревидирање на Стаутот и понатамошните активности во однос на реформи во регулативите на Фудбалската федерација на Македонија. Многу сме задоволни од овој работен состанок затоа што е дел од основниот столб, доброто раководење и од овој процес ќе произлезат голем дел на иницијативи и активности кои ќе се имплементираат согласно утврдената динамика“ – изјави Генералниот секретар…
Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, денеска организираше прием за Емил Павлов кој се врати со сребрен медал од Светското првенство во карате во Доха. „Емил докажа дека каратето во континуитет ни носи успеси од големите меѓународни собири. Јас како поранешен спортист знам колку е тешко да се биде меѓу најдобрите. Затоа ние како Агенција за млади и спорт ќе останеме со голема поддршка за сите наши спортисти. Емил ќе си ја добие заслужената награда“ – потенцираше Мојсовски. „Историскиот успех е резултат на континуитет и макотрпна работа, посветеност и напорни тренинзи. По цели 11 години донесов медал…
Центарот на хокејарскиот состав Њу Џерси, Џек Хјуз, потпиша нов осумгодишен договор за вкупно 64 милиони долари. 20-годишниот напаѓач кој ја одработува последната сезона од тригодишниот договор, се определи да остане во клубот. Тој во тековнава сезона има 2 гола и 1 асистенција на три натпревари. Претходно, Хјуз мораше да пропушти 17 мечеви поради повреда на рамото. Младиот играч кој беше избран за број 1 на драфтот во 2019 година, има 20 гола и 35 асистенции на 119 натпревари во кариерата во Националната хокеарска лига.
