Тимот на Ред Бул во Формула 1 ги демантираше гласините дека Макс Верстапен ќе добие нов мотор со внатрешно согорување за претстојната трка во Саудиска Арабија. „Во моментов не планираме нов мотор за Саудиска Арабија. Ако ни треба, тоа ќе се случи во Абу Даби“ – изјави советникот на Булс, д-р Хелмут Марко. Гласините започнаа откако Мерцедес објави дека Луис Хамилтон ќе го има моторот со кој дебитираше во Бразил. Во исто време, Верстапен искористи само четири мотори од почетокот на годинава. Последниот беше на собирот во Русија.
Author: dino
Фудбалерот на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд, зборуваше за тоа што му значи градското дерби со Евертон. Судирот меѓу синиот и црвениот дел на градот ќе биде доцна вечер на стадионот- „Гудисон Парк“. „Навистина ми се допаѓаат тие натпревари, особено кога играме на гости. Разбираш дека одиш на место каде што сите очекуваат да не успееш, тоа те мотивира“ – вели Александер Арнолд. „Чувствуваш дека имаш што да докажеш. Мораме да имаме добри 90 минути и да победиме“ – изјави Александар-Арнолд за официјалниот сајт на Ливерпул.
Ракометарите на Вардар утре играат нов натпревар од Лигата на шампионите, гостуваат кај Кил а тренерот Веселин Вујовиќ верува во добра игра и покрај проблемите со повредените играчи. „Не очекуваат три важни меча. Првиот од нив е во Кил. Таму ниедна екипа не е фаворит, но би било важно да одиграме добро, бидејќи тоа би ни било голема мотивација за наредните двобои со Загреб и Еурофарм Пелистер. Што се однесува до составот, Гаџа доби вироза, нема да игра со Кил и тоа ми прави големи проблеми, се враќа Куни иако не е максимално подготвен, а Борко Ристовски исто така не…
Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја продолжија добрата серија во ЕХФ Лигата на Европа и на гостувањето во Португалија. Тие одиграа нерешено 27:27 кај Спортинг Лисабон иако речиси во текот на целиот меч имаа предност. Битолчани во последните секунди дојдоа до напада за победа, но, шутот на Периќ заврши преку голот. Во нашиот состав Кубанецот, Табоада, остави одличен впечаток и постигна седум голови додека Мандалиниќ реализираше пет. Еурофарм Пелистер во наредното коло на 7 декември повторно ќе се сретне со Спортинг и тоа во салата во Битола. На табелата по 5 кола, водат Ним и Спортинг со по 7 бодови додека…
Напаѓачите на Челзи прават грешки, бидејќи добиваат многу задачи на дефанзивен план, изјави менаџерот на „сините“, Томас Тухел, пред утрешниот меч на теренот на Ватфорд во новата рунда во фудбалската Премиер-лига. „Мислам дека нашите напаѓачи се обидуваат. Мораме да цениме дека кога имаат шанса, честопати не се максимално опуштени. Мислам дека претходно сме постигнале многу голови“ – вели Тухел. „Сите им веруваме бидејќи знаеме дека имаат класа за да постигнат гол. Наше е како тренери да ги ставиме во позиција да постигнуваат многу голови“ – објасни Тухел.
Пини Захави кој му е агент задолжен за трансфери на Роберт Левандовски, категорично изјави дека најдобриот стрелец на Баерн Минхен ја заслужи наградата – „Златна топка“, која вчера заврши во рацете на Лео Меси. „Честитки за Меси. Тој е импресивен играч и засекогаш ќе остане фудбалска легенда, но „Златната топка“ за 2021 година не му припаѓа. Таа му припаѓа на Левандовски, тој е човекот што ја заслужи наградата“ – вели Захави. „Не е изненадувачки што стотици милиони фанови низ светот не може да поверуваат во конечниот резултат на престижниот фудбалски настан. Понеделникот требаше да заврши со првата Златна топка за…
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, потенцира дека има големи проблеми кога станува збор за првотимците пред утрешното гостување кај Астон Вила. „Кевин Де Бруин уште не тренира. Тој беше негативен на тестот за КОВИД-19. Џек Грилиш и Фил Фоден ќе бидат подложени на тестови пред да отпатуваат во Бирмингем. Кевин треба да влезе во форма за да може да ја покаже својата класа. Фил и Џек се во иста ситуација. Можеби ќе можат да играат утре, но не многу минути. Лекарот ќе каже“ – вели Гвардиола. „Џон Стоунс е добро. Лапорт е надвор од комбинација. Сега ни претстои најтешкиот…
Менаџерот на Евертон, Рафа Бенитез ги повика навивачите да му дадат поддршка на тимот на претстојното дерби со Ливерпул. „Карамелите“ се без победа во последните 7 натпревари во Премиер конкуренцијата по што паднаа на 14-то место. Ливерпул е на третото место со 2 бода помалку од лидерот Челзи. Фудбалерите на Евертон беа критикувани за поразот од новајлијата Брентфорд во неделата, но, Бенитез изјави дека не очекува негативна атмосфера на 239-та градска пресметка со Ливерпул. „„Ја започнавме сезоната навистина добро и сите беа среќни. Мислам дека навивачите се паметни и знаат дека сега ни се потребни. Навивачите се главна работа за…
Еден од најдобрите ракометари на Еурофарм Пелистер, Немања Обрадовиќ, очекува поволен резултат на утрешниот меч на теренот на Спортинг во новото коло во ЕХФ Лигата на Европа. „Во моментов имаме малку повеќе самодоверба и убаво чувство за победа. Спортинг е интересна екипа, но, далеку од тоа дека не можеме да се носиме со нив. Знаеме како и што да направиме. Нивниот терен нормално ќе биде можеби мала предност, но, далеку од тоа дека нема да бидеме подготвени и дека нема да одиме на победа“ – вели Обрадовиќ. „ Ќе имаме за цел да дојдеме до лесни голови, да им пресечеме…
Пивотменот на ракометниот состав Еурофарм Пелистер, Елмир Граџан, очекува добар резултат на утрешното гостување кај Спортинг во новото коло во групната фаза во ЕХФ Лигата на Европа. „Победивме против Аек и Татабања а освоивме и голем бод против Шафхаузен иако бевме во негатива. Како и досега на сите средби, така и против Спортинг ќе одиме на победа. Тоа е добра екипа која брзо ја движи топката. Имаат слична одбрана на нашата. Верувам дека со добра подготовка можеме да ја пробиеме“ – потенцираше Граџан. Мечот во Португалија ќе го судат Словаците, Михал Бадура и Јарослав Ондогречула. Делегат ќе биде Константин Дин…
