Селекторот на Португалија, Фернандо Сантош, верува дека неговите фудбалери ќе успеат да ја совладаат Турција и дека во финалето во баражот за СП ќе играат со Италија која претходно треба да се сретне со нашата репрезентација. „Мораме прво да се фокусираме на натпреварот со Турција. Немаме право на грешка. Ќе играме дома, но, тоа не значи дека сигурно ќе одиме во финале“ – вели Сантош. „Убеден сум дека ако ќе го покажеме нашиот квалитет ќе играме на Мундијалот“ – потенцираше селекторот на „европските бразилци“.
Author: dino
Италијанскиот фудбалски состав Јувентус може да биде исклучен од Серија „А“ доколку се откријат неправилности во дел од трансферите, објави „Газета дело Спорт“. Веста доаѓа откако властите заплениле документи од канцелариите на Јуве барајќи докази за прекршување на законот при реализацијата на трансферите. Во соопштението од обвинителството се вели дека има податоци за фиктивно регистрирани фирми кои издавале фактури за непостоечки трансакции. Вкупно 42 трансферa во кои е вклучен Јувентус се под истрага Меѓу нив и на Жоао Кансело во Манчестер Сити во летото 2019 година, во кој „бјанконерите“ добија 32 милиони евра. Предмет на истрага е договорот со Барселона…
Нашите најдобри кошаркари го претрпеа првиот пораз на стартот на квалификациите за Мундо-баскетот во 2023 година. Тие денеска загубија во Скопје од главниот фаворит Шпанија со убедливи 94 спрема 65. „Фуријата“ иако допатува без првите ѕвезди, немаше никакви проблеми против избраниците на Бајиќ. Гостите доминираа од првата до последната минута. Нашиот центар, Тео Симиќ, успеа да дојде до 18 кошеви, Валји постигна десет а Робев девет поени. Во победничкиот тим се издвоија Сима со 17-ет и Лопез со 15 кошеви. Ние во второто коло ќе гостуваме кај Украина која денеска беше совладана од Грузија со 88 спрема 83.
Македонија ќе игра против Италија во баражот за место на Светското фудбалско првенство во Катар. Доколку успее да ги помине „аѕурите“, тогаш во последниот филтер ќе ја очекува меч со победникот од средбата Португалија-Турција. Веднаш по денешната ждрепка селекторот, Благоја Милевски, во изјавата за Спортско радио 90,3 ФМ, нагласи дека Италијанците се големи фаворити, но, дека Македонија ќе оди да се надигрува и да направи сензација. „Ќе играме против актуелниот европски првак. Го респектираме противникот, но, овие момци покажаа дека можат да играат против секого. Се надевам дека во март ќе бидат сите на располагање и дека комплетни ќе се…
Македонија ќе игра против Италија во првиот бараж меч за пласман на Мундијалот во Катар. Во втората средба во нашата група ќе се сретнат Португалија и Турција. Воведните бараж-мечеви ќе бидат реализирани на 24 и 25 март а финалните на 28 и 29 март. Место на светското првенство ќе обезбедат победниците од трите групи. Во групата „А“ ќе играат Шкотска- Украина и Велс- Австрија. Во групата „Б“двојките се: Русија- Полскаи Шведска- Чешка и во групата „Ц“, Италија- Македонија и Португалија- Турција.
Кошаркарот на Филаделфија, Џоел Ембид, кој беше заразен со Ковид-19, најверојатно ќе се врати на теренот в сабота на мечот со Минесота во рамките на новата рудна во НБА лигата, пренесува „Атлетик“. Центарот кој во изминатата сезона заврши на второто место во анкетата за најкорисен играч во Националната кошаркарска асоцијација, сега се чувствува добро. Тој е вакциниран и ќе може да се врати во игра доколку успее да даде два негативни ПЦР теста во рок од 24 часа. Во тековнава сезона, четирикратниот учесник во „Мечот на ѕвездите“ има во просек на натпревар: 21,4 поени, 9,4 скока и 4,0 асистенции. Ембид…
Германскиот фудбалски клуб Херта Берлин го ограничи капацитетот на стадионот за мечот со Аугсбург во 13-тото коло од Бундес лигата. На средбата ќе бидат примени само 39.738 фанови поради зголемениот број на инфицирани со корона-вирус во земјата. Целиот капацитет на стадионот на Херта е 74.000 гледачи a раководството на тимот се надеваше дека ќе гo исполни за натпреварот, запазувајќи го т.н. правило „2G“ – вакцинација. Сепак, Градскиот совет на Берлин ја намали максималната посетеност на спортски настани до 50% а новото правило ќе стапи на сила за сите други настани од 1 декември.
Тренерот на фудбалерите на Милан, Стефано Пиоли, не ја пропушти шансата да го потенцира одличниот настап и големата победа на теренот на Атлетико Мадрид во претпоследното коло во групната фаза во Лигата на шампионите. „Моите играчи имаат право да слават бидејќи направија одличен настап. Играа храбро и квалитетно. Мислам дека сме на добар пат, вечерва беше јасно дека тимот има зрелост“ – изјави Пиоли по вчерашниот меч во Шпанија. „Росонерите“ кои по подолг период успеаја да се вратат во елитата на Европа, ги задржаа шансите за пласман во наредната елиминациска фаза.
Актуелниот олимписки и европски шампион во сала и на отворено во скок со стап, Арманд Дуплантис, ќе се натпреварува пред домашните навивачи во Шведска. Тој на 9 февруари ќе учествува на специјалниот турнир во Упсала. Тоа ќе му биде прво појавување пред домашната публика од 2018 година. „Многу сум среќен што мојот клуб ќе го организира целиот настан. Многу ми значи што ќе се натпреварувам на домашна сцена со најдобрите“ – вели Дуплантис. „Тое е салата во која поминав многу часови на тренинг. Ќе биде лудо и забавно, се надевам дека ќе скокнам високо“ – вели атлетичарот од Шведска.
Францускиот напаѓач на Атлетико (Мадрид), Антоан Гризман, признава дека Милан бил подобриот тим на теренот и дека сосема заслужено победи со 1-0 во натпревар од петтото коло од групата „Д“ во Лигата на фудбалските шампиони. „Милан беше подобар од нас во секој поглед. Работите не функционираа. Резултатот е лош. Останува уште еден натпревар и ќе се бориме до крај“ – вели Гризман. В пресрет на последното коло на 7 декември кога Милан ќе игра со Ливерпул а Порто ќе го пречека Атлетико Мадрид, „црвените“ се сигурно први со 15 бодови, Порто има 5 а Милан и Атлетико Мадрид по 4…
