Нашите најдобри кошаркари го претрпеа првиот пораз на стартот на квалификациите за Мундо-баскетот во 2023 година. Тие денеска загубија во Скопје од главниот фаворит Шпанија со убедливи 94 спрема 65.
„Фуријата“ иако допатува без првите ѕвезди, немаше никакви проблеми против избраниците на Бајиќ. Гостите доминираа од првата до последната минута. Нашиот центар, Тео Симиќ, успеа да дојде до 18 кошеви, Валји постигна десет а Робев девет поени. Во победничкиот тим се издвоија Сима со 17-ет и Лопез со 15 кошеви.
Ние во второто коло ќе гостуваме кај Украина која денеска беше совладана од Грузија со 88 спрема 83.