Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, не крие дека е презадоволен од вчерашната победа против Шахтјор во Лигата на фудбалските шампиони која го однесе неговиот тим во наредната фаза на елиминации. „Ни требаше победа. Создадовме многу ситуации во првото полувреме, но, не ги реализиравме. Тензијата растеше, сепак не смири голот на Един Џеко. Затоа бев толку среќен“ изјави Инзаги. Во групата „Д“ во последното коло Реал Мадрид и Интер на „Сантијаго Бернабе“ ќе се борат за првото место додека Шахтјор ќе го пречека Шериф Тираспол кој го обезбеди третото и ќе продолжи во Лигата на Европа.
Author: dino
Тренерот на фудбалерите на Наполи, Лучијано Спалети, по вчерашниот пораз во Русија одби да се поздрави со неговиот колега од Локо Москва, Руи Виторија. Стратегот на италијанскиот состав го објасни неговиот потег на задолжителната средба со новинарите. „Зошто не се ракував? Затоа што не ме поздрави пред натпреварот. Кога ќе видите гости, треба да ги поздравите веднаш а не на крајот на натпреварот. Бевме оддалечени десет метри, не ме поздрави“ – беше објаснувањето на Спалети. Наполи со вчерашниот пораз драстично ги намали шансите за место во елиминацискиот дел во Лигата на Европа.
Фудбалерите на Манчестер Сити вчера го совладаа ПСЖ на домашен терен во петтата рунда во групната фаза во Лигата на шампионите а нивниот тренер, Пеп Гвардиола, вели дека Бернардо Силва имал големо влијание за освоените бодови. „Една од причините за победата е играта на Бернардо. Постојано одржува вистинско темпо и проигрува во перфектен момент овозможувајќи им на соиграчите да постигнат гол“ – изјавил Гвардиола и се насочил кон францускиот напад. „Погледнете ја акцијата во која Нејмар промаши голема шанса, го изведоа тоа од ништо. Моравме да се браниме како тим“ – потенцираш шпaнскиот стратег.
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, ги пофали неговите фудбалери по победата од 2:0 против Порто во петтото коло од групата „Б“ во Лигата на шампионите. „Црвените“ кои имаат максимален ефект, убедливо обезбедија место во фазата на елиминации. „Одигравме добар натпревар. Во првото полувреме имаше одредени ситуации, но, тоа се случува кога имаш променет состав кој не игра често заедно“ – вели Клоп. „Можеби некој мислеше дека ќе се однесуваме несериозно, но, сакавме да победиме пред полните трибини на Енфилд“ – изјави тренерот на англискиот состав.
Италијанскиот фудбалски состав Јувентус ќе се обиде уште во јануари да го привлече српскиот напаѓач на Фиорентина, Душан Влаховиќ. „Бјанконерите“ се подготвени да му понудат на клубот од Фиренца 50 милиони евра, тврди денеска весникот – „Газета дело спорт“. Според авторитетното италијанско издание, „виолетовите“ бараат сума од 70 милиони евра а самиот фудбалер не крие дека сака да замине во редовите на „старата дама“. Во исто време се шпекулира дека за услугите на Влаховиќ се заинтересирани и елитните состави на Пари Сен Жермен, Атлетико Мадрид, Арсенал, Тотенхем и Манчестер Сити.
Нашиот млад кошаркарски репрезентативец,Теодор Симиќ, треба да добие шанса на мечот со Шпанија да ги потврди неговите квалитети. Играчот кој настапува за Барселона одлично ги познава противниците кои доаѓаат како големи фаворити во Скопје. „Ќе биде тешко, ќе се обидеме да одиграме максимално мотивирано и да го дадеме најдоброто. Се надевам на добар меч“ – вели нашиот центар. „Ќе се обидеме да извлечеме што е можно подобар резултат против квалитетна селекција како што е Шпанија“ – вели Теодор Симиќ пред мечот со „црвената фурија“ кој ќе биде одигран в петок од 19.30 во Скопје.
Новиот капитен на нашата кошаркарска репрезентација, Бојан Крстевски, пред натпреварот со Шпанија во квалификациите за Светското првенство во 2023 година, вели дека подготовките се кратки и дека имаме изменета екипа. „Не сме комплетни, тоа мора да го оставиме зад нас и да се фокусираме на тоа што го имаме и на сегашноста. Треба да излезме на терен борбени и максимално ангажирани и да ги исполниме задачите на селекторот“- вели Крстевски. Мечот меѓу Македонија и Шпанија на стартот на мундијалските квалификации ќе биде одигран в петок од 19:30 часот во СЦ Јане Сандански.
Голманот на Вардар, Мартин Томовски, пред мечот со Пик Сегед во Лигата на шампионите, нагласи дека неговиот тим имал шанса да се радува на бодови во Сегедин, но, неколкуте грешки го спречија тоа. „ И сега не може да бидеме безгрешни, но, ќе се обидеме да ги сведеме на минимум. Ова е последен меч на домашен терен во Лигата на шампионите. Сакаме да се радуваме заедно со нашите навивачи“ – вели Томовски. „Добро се чувствувам во Вардар, се обидувам секогаш да го дадам најдобро за мене и екипата. Сакам да помогнам да победуваме“ – изјави голманот на Вардар пред мечот…
Ракометарите на Вардар 1961 в четврток ќе излезат на мегдан со Пик Сегед во новата рунда во Лигата на шампионите. Нивниот тренер, Веселин Вујовиќ, на денешниот прес прво упати сочувство до семејствата на загинатите во трагедијата во Бугарија а потоа се насочи кон мечот. „Сите сме во шок поради трагедијата во Бугарија. Во име на клубот и сите останати сакам да изразам сочувство. Мора да разбереме дека ова не е Вардар од пред неколку години. Загубивме од Кил, Алборг, ПИК Сегед и Монпелје. Не знам што ќе се случеше ако загубевме од Мотор или послаби ривали во другата група“ – вели Вујо.…
Поранешниот двократен шампион на УФЦ, Конор Мек Грегор, најави дека ќе се бори за титулата во лесна категорија. Ирецот кој загуби од Дастин Пориер со технички нокаут, најави преку социјалните мрежи дека е подготвен за нова битка. Пориер во декември ќе се бори за титулата во лесна категорија со Чарлс Оливеира. Доколку победи, тогаш сосема е можно да дојде и нова пресметка со Мек Грегор. „Ќе се борам против носителот на титулата во лесна категорија“ – напиша Конор Мек Грегор.
