Ракометарите на Вардар 1961 в четврток ќе излезат на мегдан со Пик Сегед во новата рунда во Лигата на шампионите. Нивниот тренер, Веселин Вујовиќ, на денешниот прес прво упати сочувство до семејствата на загинатите во трагедијата во Бугарија а потоа се насочи кон мечот.
„Сите сме во шок поради трагедијата во Бугарија. Во име на клубот и сите останати сакам да изразам сочувство. Мора да разбереме дека ова не е Вардар од пред неколку години. Загубивме од Кил, Алборг, ПИК Сегед и Монпелје. Не знам што ќе се случеше ако загубевме од Мотор или послаби ривали во другата група“ – вели Вујо.
„Јасно е дека Сегед има квалитет и одличен тренер, но, има и слабости. Мора да ги затвориме Мартинс и Бомбач, ако успееме во тоа можеме да победиме“ – вели тренерот на „црвено-црните“.

