Нашите најдобри кошаркари денеска ги очекува вториот меч од квалификациите за Мундо-баскетот во 2023 година. Избраниците на селекторот, Драган Бајиќ, по очекуваниот стартен пораз на домашен терен од фаворитот Шпанија, денеска од 18.00 часот ќе гостуваат во Киев кај Украина. Нашиот денешен противник во првото коло остана со празни раце на теренот на Грузијците кои вечер од 20.30 часот ќе и гостуваат на „црвената фурија“.
Author: dino
Тренерот на фудбалерите на Рома, Жозе Мурињо, остана задоволен по минималната победа против Торино во Серија „А“. Тој не крие дека тактиката била да се одигра поповлечено и да се чека шанса за погодок. „Очекував да дадеме повеќе голови иако ми се допаѓа да победувам на ваков начин“ – вели Португалецот по триумфот со 1-0. „Моравме да правиме ротации на теренот. Значајно беше да се одбраниме и да го контролираме мечот“ – нагласи Мурињо. Неговиот тим сега го има 5-то место на табелата.
Легендарниот фудбалер, Рој Кин, се осврна на ситуацијата во Манчестер Јунајтед и најавата дека Ралф Рангник кој ќе го преземе кормилото на „црвените ѓаволи“ ќе донесе нови луѓе во стручниот дел. „ Кој и да дојде се надевам ќе ги донесе вистинските одлуки. Време е да се ослободиме од луѓето што работат во клубот бидејќи имаат пријателства со некого“ – вели Кин. „Тука останаа лица што работеа претходно со Мурињо и со Солскјер. Мора да има промени, не станува збор за лојалност туку за квалитетен кадар“ – потенцираше Рој Кин.
Времениот тренер на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик, вели неговиот тим требало да победи на дербито со Челзи и дека противникот добил непосточеки пенал. „ Кога имаш водство на ваков натпревар разочарувачки е да не победиш“ – вели Карик кој е времено решение на клупата по заминувањето на Солскјер. „ Убеден сум дека не беше пенал. Де Геа одбрани неколку добри шутеви, но, ние бевме подобриот состав на теренот“ – изјави Карик по дербито на Премиер-лигата.
Кошаркарот, ДеМаркус Казинс, најверојатно ќе потпише договор со екипата на Милвоки која ќе се обиде да ја одбрани титулата од изминатата сезона во НБА лигата. Центарот кој со САД го освои златото на ЛОИ во Рио Де Жаниеро и Мундијалот во Шпанија, досега ги бранеше боите на: Лејкерси, Клиперси, Сакраменто и Хјустон. ДеМаркус во речиси 10-ет годишната кариера има во просек 20,4 кошеви и 10,6 скокови на натпревар.
Палмеирас кој во текот на викендот го освои трофејот во Копа Либертадорес, практично го пополни и последното место на Светското првенство за клубови кое ќе се одржи догодина во јануари во ОАЕ. Тоа значи дека Бразилците им се придружија на: Челзи (Англија), Ал-Хилал (Саудиска Арабија), Ал-Али (Египет), Монтереј (Мексико), Оукленд Сити (Нов Зеланд) и Ал-Џезира (Катар). Паровите ќе бидат формирани денеска во попладневните часови во Цирих. „Сините“ и Палмеирас ќе ја прескокнат првата рунда и ќе стартуваат од полуфиналната фаза. Последен освојувач на престижниот пехар е германскиот состав Баерн Минхен.
Серхио Рамос кој во текот на викендот дебитираше за ПСЖ, вели дека неговиот соиграч, Лионел Меси, треба да ја освои наградата – „Златна топка“. „Тој е уникатен фудбалер. Сите во составот имаме квалитет да го направиме Пари Сен Жермен да биде уште посилен“ – вели дефанзивецот на „светците“ кој одговори и на прашањето дали сака Лео да ја освои „Златната топка“. „Да, секако дека ќе ги бранам момците во мојот тим. Му ја пожелувам сета среќа на светот“ – истакна Рамос.
Фудбалерот на ПСЖ, Ди Марија, вели дека Килијан Мбапе треба сам да одлучи дали ќе го напушти клубот иако неговите соиграчи сакаат тој да остане на „Паркот на принцовите“. „Тоа е лична одлука. Килијан знае како сака да му се развива кариера. Подарок за мене е можноста да играм со него. Сите знаеме дека секоја добра топка што ќе му ја дадеме тој ќе ја искористи предноста и ќе даде гол“ – изјави Аргентинецот. Весникот „Марка“ објави дека Килијан Мбапе донел одлука во наредното лето како слободен играч да премине во Реал Мадрид .
Англискиот фудбалски состав Њукасл е главниот фаворит за потписот на играчот на Барса, Осман Дембеле, пренесува денеска – „Дејли Мејл“. Новите сопственици сакаат по секоја цена да обезбедат засилувања во текот на зимскиот трансфер период а меѓу првите на нивниот список е токму играчот на шпанскиот состав. Французинот има договор до наредното лето а неговите претставници интензивно преговараат со каталонското раководство за продолжување на соработката. Од друга страна, Њукасл е подготвен да испрати богата финансиска понуда за да го убеди Дембеле да се пресели на „Сент Џејмс Парк“.
Макси Родригез кој имаше блескава кариера во редовите на Њу Олд Бојс, Пењарол, Ливерпул, Атлетико Мадрид и Еспањол, одлучи да се повлече од фудбалските терени. „Дојде моментот за кој мислев дека никогаш нема да дојде. Тоа беше многу тешка одлука, но, од друга страна ја донесов сосема мирно. Зад мене има долга и успешна кариера“ – вели 41-годишниот напаѓач. Родригез има одиграно 57 средби за Аргентина и постигнато 16-ет голови.
