Леброн Џејмс од Лос Анџелес Лејкерс и кошаркарот на Детроит, Ајзеа Стјуарт, кои беа инволвирани во инцидентот кога настрада аркадата на играчот на Пистонси, заработија казни од НБА лигата. Ѕвездата на „езерџиите“ ќе паузира на еден натпревар додека Стујарт нема право на настап на наредните два меча. Згора на тоа кошаркарот на Детроит најверојатно ќе добие и драконска казна за агресивното однесување. Се шпекулира дека НБА ќе го казни парично со 950.000 американски долари.
Author: dino
Учеството на Ромелу Лукаку на денешниот меч од Лигата на фудбалските шампиони против Јувентус останува под знак прашалник, потврди менаџерот на „сините“, Томас Тухел. Белгискиот напаѓач се повреди на средбата на лондончани со Малме во изминатиот месец и од тогаш нема настап на ниту еден натпревар. „Се уште е неизвесно дали Лукаку ќе игра. Тој изгледаше добро на тренингот вчера. Ќе видиме што ќе се случи“ вели Тухел. Играчот од средниот ред Џорџино е целосно подготвен да им се приклучи на лондончани кои во групата Х, заостануваат три бода зад лидерот Јувентус.
Играчот од средниот ред на Барселона, Серхи Роберто, ќе го прескокне денешниот меч со Бенфика во Лигата на шампионите. Тој не учествуваше на последниот тренинг на Каталонците и нема да му биде на располагање на тренерот, Чави Ернандез. Фудбалерот и понатаму чувствува непријатност во квадрицепсите на десната нога и тоа е причината поради која отпадна од тимот. Искусниот фудбалер неодамна се опорави од повредата што ја доби на натпреварот со Рајо Ваљекано на 27 октомври.
ФИФА ја објави листата од 11 играчи кои остануваат во трката за признанието за најдобар светски фудбалер во 2021 година. Така наречената награда – „The Best“ ќе биде доделена во почетокот на 2022 година. Листата за која ќе се гласа ја предводат Лионел Меси и Кристијано Роналдо а на истата се и Карим Бензема, Килијан Мбапе, Нејмар, Роберт Левандовски, Кевин де Брујне, Ерлинг Халанд, Жоржињо, Н”Голо Канте и Мохамед Салах. Гласањето ќе биде до 10. декември. Во конкуренција за најдобар голман останаа: Алисон Бекер, Мануел Нојер, Каспер Шмајхел, Џанлуиџи Донарума и Едуард Менди.
Нашиот каратист Емил Павлов го освои сребрениот медал на Светското првенство во Дубаи откако загуби во финалето во категоријата до 67 килограми од Французинот, Стивен Дакост, на поени со 8-0. Павлов го оствари најголемиот успех за Македонија на светските првенства и го надмина резултатот на Жарко Ристовски кој во 2010 година на СП во Белград го освои бронзениот медал. Павлов на двете европски титули во Тампере 2014 и Нови Сад 2018 година, сега го придодаде среброто од светските првенства. Тој двапати го освојуваше бронзениот медал во Монпелје 2016 и Гвадалахара во 2019.
Тренерот на Вердер, Маркус Анфанг, се повлече од клупата на германскиот фудбалски состав откако беше утврдено дека користел лажен сертификат за вакцинација против Ковид-19. „Поради целиот стрес што го предизвикав во тимот и во мојата фамилија, одлучив да се повлечам од Вердер“ – изјави Анфанг. Тимот од Бремен кој вечер од 20.30 часот го очекува меч со Шалке во 2. германска лига, се наоѓа на осмата позиција на табелата.
Фудбалерите на Баерн Минхен вчера претрпеа изнеандувачки пораз на теренот на Аугсбург во новата рунда од Бундес-лигата. Првиот голгетер на Баварците, Роберт Левандовски, вели дека неговиот тим не ги покажал вистинските квалитети. „Не одигравме добро. Не функционираше се. Да примиме два гола за кратко време е премногу. Моравме да играме со голема брзина“ – вели Полјакот. „Се се менува кога ќе се постигнат гол- два. Потоа противникот почнува да игра. Сега треба да гледаме напред“ – изјави Левандовски кој го реализираше единствениот гол за неговиот тим. Тоа беше вкупно 101-от за него во тековнава година.
Фудбалерот на Наполи, Матео Политано, ќе биде ставен во изолација откако добил позитивен тест за Ковид-19. Т ој ќе мора да го пропушти викенд- дербито со Интер што значи дека се отвора шанса нашиот, Елиф Елмаз, да започне од првата минута, најавуваат медиумите во Италија. Македонскиот репрезентативец имаше две блескави партии на квалификациските мечеви против Ерменија и Исланд и беше еден од најзаслужните за нашиот пласман во баражите за Мундијалот.
Белгискиот фудбалер, Еден Азар, веројатно ќе го напушти времено Реал Мадрид и ќе се врати во Премиер-лигата, најавија денеска дел од англиските медиуми. Шпекулациите велат дека играчот на „кралевите“ кој беше купен од Челзи за големи 115 милиони евра, сега може да добие понуда од новите сопственици на Њукасл. Тие се подготвени да ја покриваат целата негова плата додека настапува на стадионот – „Сент Џејмс Парк“. Наводно за услугите на Азар се заинтересирани и луѓето од Челзи и Јувентус.
„Да, ова ми е последна сезона. Во јуни одам во пензија“ – вели нашиот фудбалер Горан Пандев во интервјуто за „Кориере дело Спорт“. Популарниот Гоче по завршувањето на ЕП и историскиот настап на нашата репрезентација, најави дека се повлекува од националниот дрес и дека ќе остане на терените само со клупски ангжман. „Продолжив поради луѓето, ќе ми беше жал да ставев крај на кариерата пред празни трибини.Навивачите на Џенова секогаш ме поддржуваа па заслужуваат да им кажам благодарам, исто како што треба да му се заблагодарам на Прециози кој ме убеди да останам“ – вели Пандев со напомена, дека не размислува…
