Полицијата во Манчестер денеска уапси 10 лица на возраст од 20 до 51 година. Тие се осомничени за вмешаност во мајските немири во градот кога навивачите на Јунајтед излегоа на протест против сопствениците кој ескалираше и прерасна во судири со органите на редот. Некои фанови упаднаа на Олд Трафорд иако во тоа време стадионите беа затворени за навивачи. Веднаш потоа од безбедносни причини беше одложено дербито меѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул. Апсењата се со образложение дека предметните лица се осомничени за поттикнување и учество во нереди, насилство и кражби.
Author: dino
Селекторот на нашите најдобри ракометарки, Љубомир Савевски, го објави поширокиот список на репрезентативки за пријателскиот двомеч со Србија во рамките на неделата на ЕХФ од 22 до 30 ноември. Мечевите со нашиот северен сосед ќе ги одиграме во Стара Пазова на 27 и 29-ти. Список на повикани ракометарки: 1. МАРИЈА ЈОВАНОВСКА ЖРК КУМАНОВО 2. САРА МИНОВСКА ЖРК ВАРДАР 3. ТЕОДОРА ДУКОСКА -ЖРК ЧАИР 4. ИВАНА ЏАТЕВСКА -ЖРК ВАРДАР 5. АЛЕКСАНДРА КОЛОВСКА- ЖРК МЕТАЛУРГ 6. АНГЕЛА ЈАНКУЛОВСКА – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ЖРК СКОПЈЕ 7. ЕМИЛИЈАНА РИЗОСКА -РК ФЕНИКС АМС 8. БОЈАНА КОЦЕВА -ЖРК ВАРДАР 9. ИВА МЛАДЕНОВСКА -ЖРК МЕТАЛУРГ 10. МАТЕЈА СЕРАФИМОВА…
Тренерот, Стефано Пиоли и челниците на фудбалскиот состав Милан, дефинитивно ќе ја продолжат соработката до 2024 година, објави денеска –„Калчомеркато“. Двете страни ги прецизирале сите детали по што останува само формалниот потпис на договорот. Платата на искусниот стратег ќе биде 3,5 милиони евра годишно плус бонуси. Тој го презеде кормилото на „росонерите“ во октомври во 2019 година. Милан во тековнава сезона игра одлично во Серија „А“ и во моментов го дели првото место со екипата на Наполи.
Капитенот на Велс, Герет Бејл, ќе го пропушти денешниот меч против Белгија кој има големо значење за неговата селекција во трката за второто место на табелата и пласман во баражите за Мундијалот. Бејл кој претходните два месеца не играше поради повреда, принудно беше заменет и во саботата на мечот против Белорусија. Белгијците го обезбедија првото место во групата и ќе патуваат на Мундијалот додека Велшаните ќе бидат сигурно втори доколку не загубат на мечот во Кардиф. Тие имаа 3 бода предност пред Чешка која ја очекува средба со Естонија.
Талентираниот играч за врска на Ливерпул, Харви Елиот, направи голем чекор кон враќање во фудбалот откако полека ја санираше тешката повреда на зглобот што ја доби во септември. 18-годишниот фудбалер тогаш заработи дислокација на неговиот зглоб по што мораше да оди на операција. Неговата состојба будно ќе се следи во наредните денови а тренерот, Јирген Клоп, се надева дека набрзо ќе може да го вклучи и во екипата.
Дефанзивецот на Манчестер Сити, Бенџамин Менди, доби уште две обвиненија за силување. Тој утре треба да се појави пред судот. На 27-годишниот фудбалер кој и понатаму е во затвор, сега ќе му се суди по вкупно шест точки од обвинението за силување и една точка за сексуален напад. Претходно беше објавено дека Кралското обвинителство уште на 26 август, поднело обвинение против францускиот државјанин кој категорично ги негира обвиненијата. Англискиот фудбалски состав времено го суспендираше црномурестиот играч во исчекување на резултатите од истрагата.
Луис Хамилтон кој победи на вчерашната трка во Формула 1 возена за Големата награда на Сао Паоло, заработи казна од 5000 евра затоа што го откопчал појасот во болидот додека ја прославувал победата. Бидејќи тоа е строго забрането со меѓународните безбедносни прописи на „FIA“, стјуардите на патеката –„Интерлагос“ откако заврши церемонијата на доделување на наградите, имале кратка средба со Британецот и му ја соопштиле казната. Хамилтон со трумфот во Бразил ја намали предноста на Макс Верстапен во битката за титулата. Разликата меѓу нив е 14 бодови на три трки до крајот на шампионатот. Возбудувањата во Ф1 ќе продолжат наредниот викенд…
Тренерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, внимателно ќе ја следи ситуацијата со репрезентативецот на Сенегал, Садио Мане, кој вчера беше принудно повлечен од игра на квалификацискиот меч со Того. Напаѓачот на англискиот состав мораше да го напушти теренот во 28. минута откако доби непријатен удар. Селекторот на Сенегалците, Алиу Сисе, по дуелот побрза да ги смири страстите кај англичаните велејќи дека промената била само мерка на претпазливост. Ливерпул во наредната рудна во Премиер-лигата го очекува дерби мечот со Арсенал а Клоп најверојатно ќе го остане без услугите на Џордан Хендерсон, кој исто така се повреди додека беше во кампот…
Селекторот на фуудбалерите на Португалија, Фернандо Сантош, вети дека репрезентацијата ќе игра на Светското првенство во Катар иако мора да помине низ баражите. „Морнарите“ доцна синоќа претрпеа шокантен пораз од Србија на домашен терен со 2-1 и завршија како втори во групата. „ Имавме предност, содававме шанси, но, неуспеавме да дојдеме до целта. Играчите се обидоа, но, не успеаја да го променат текот на натпреварот“ – вели Сантош. „ Игравме со страв и вознемиреност. Одговорноста е моја. Ќе бидеме во Катар, ветувам. Знаеме што да направиме за да го постигнеме тоа“ – изјави селекторот на Португалците по вчерашниот меч во…
Младиот романски играч за врска, Енес Сали, дебитираше во квалификациите за СП 2022 против Лихтенштајн. Тој се појави во игра во 82. минута и со тоа стана најмладиот фудбалер кој настапил за европска репрезентација на официјален натпревар. Сали тоа го направи со 15 години и 264 дена. Претходниот рекорд му припаѓаше на Мартин Јодегер, кој дебитираше за Скандинавците на 15 години и 300 дена. Норвежанецот тоа го направи во август 2014 година на пријателски натпревар против ОАЕ. Што се однесува до Сали, тој е роден во Канада а неговите родители се Турци. Првите фудбалски чекори ги направил во Канада и…
