Селекторот на нашите најдобри фудбалери, Благоја Милевски, очекува полн погодок на утрешниот дуел со Исланд кој ќе не однесе во баражот за Мундијалот во Катар во 2022 година. „Не би кажал дека ова е најтежок натпревар, сите се важни. Тоа што имаме шанса за бараж не не оптоварува, напротив не мотивира“ – вели Милевски. „Подобро е кога решаваш сам. Се надевам дека стадионот ќе биде полн, тоа ќе биде дополнителен мотив. Имаме план како да го победиме Исланд, се надевам ќе нема индивидуални грешки како на минатиот дуел“ – изјави Милевски.
Author: dino
Мароканскиот фудбалски интернационалец, Хаким Зијаш, сака да направи транфер во текот на зимскиот период бидејќи ја нема посакуваната минутажа во редовите на Челзи, најавија дел од медиумите. 27-годишниот играч беше купен од Ајакс како големо засилување , но, не успеа да се наметне во редовите на „сините“. Според наведеното, за неговите услуги е заинтересирана екипата на Борусија Дортмунд. Наводно, луѓето од Германија стапиле во контакт со неговиот агент задолжен за трансфери.
Првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез, откри дека имал средба со Златан Ибрахимовиќ додека играше за ПСЖ, но, бил крајно разочаран од односот на шведската фудбалска легенда. „Сакав да игра во тандем со Крситијано Роналдо. Како се одвиваа преговорите увидов дека тој сака само пари а не трофеи“ – вели претседателот на „кралевите“. „Сакаше двојно поголема плата од Роналдо, рече дека ќе преговараме само под негови услови. Му реков, збогум“ – откри Перез што се случувало во преговорите со популарниот Ибра.
Бразилскиот фудбалски дефанзивец, Дани Алвеш, по пет години се враќа на стадионот „Камп Ноу“ во дресот на Барселона. Тој играше за каталонците од 2008 до 2016 година кога се определи да ја промени средината. „Се враќам дома, не знам колку долго ќе траесонот, но, нека трае вечно. Се враќам дома“ – напиша Алвеш на социјалните мрежи. Десниот бек во дресот на Барса има одиграно 391 меч и постигнато 21 гол.
Фудбалската репрезентација на Исланд допатува во Скопје на мечот со Македонија со една промена на голманската позиција. Откако првиот чувар на мрежата на „рибарите“, Патрик Сигурдсур Гунарсон, се повреди, неговото место ќе го пополни младинскиот репрезентативец Хакон Рафн Валдимарсон. Македонија пред утрешната средба на Арената –Тодор Проески“, го има второто место на табелата кое носи пласман во баражот за Мундијалот. Германците се лидери и сигурни патници за Светското додека Романија ќе чека евентуална наша грешка за да не помине на табелата. Во последното коло во групата „Ј“ утре уште ќе играат и Ерменија-Германија и Лихтенштајн-Романија. „Панцирите“ имаат 24 бодови, Македонија…
Фудбалерот на Јувентус, Адриан Рабио, може да биде испратен во Њукасл. Французинот игра редовно по доаѓањето на Масимилијано Алегри во клубот. Тој од почетокот на сезоната беше стартер на 10 натпревари во сите конкуренции. Сепак, тренерот не штедеше критики кон него за неубедливиот настап и слабата реализација. Затоа луѓето од Торино се подготвени да се разделат со него во јануари. Тие може да прифатат понуда за изнајмување со откупна клаузула во наредното лето.
Играчот од средниот ред на Милан, Франк Кеси, одби уште една понуда од раководството за продолжување на договорот. „Росонерите“ му понудиле на фудбалерот да му ја покачат платата на 6,5 милиони евра по сезона, но, тој продолжува да инсистира да добие 9 милиони. Актуелниот договор на 24-годишниот интернационалец од Брег Слонова Коска е до летото 2022-ра. Кеси во сезонава има 12 натпревари и 2 гола. Африканецот откако беше привлечен од Аталанта, одигра 196 натпревари и постигна 32 гола.
Претседателот на фудбалскиот состав Вардар, Слободан Крстевски и Генералниот менаџер на болницата -„Неуромедика“, д-р Емил Угриновски, денеска потпишаа договор за соработка кој ќе биде валиден во наредните пет години. Првиот човек на „Блу Скај Инвестмент“, кој сега ја има истата улога кај „црвено-црните“ и докторот, Угриновски, кој има допирни точки со спортот и преку ракометот, едногласно го потенцираа задоволството од новото партнерство. На средбата со новинарите на која беше промовирана новата соработка меѓу двата бренда во различни сегемнти од живеењето, присуствуваа и преставници на вардаровите навивачи – Комити“.
Нашиот сребрен олимпиец во таеквондо, Дејан Георгиевски и Илина Арсова (планинарство), се добитници на награда 13 Ноември за 2021 година која традиционално ја доделува на Сојузот на спортови на град Скопје. Награди уште примија и тренерот, Борче Костовски (таеквондо), Билјана Димовска долгогодишна спортска работничка во тенискиот спорт, Насе Насев, селектор на најуспешните борачи од државава, Седадин Али-Сетко, професор по физичко образование и воспитание. Во различни категории наградата 13 ноември заврши и во рацете на Љубомир Котевски, планинарски водич и спортски работник, Горанчо Петровски, Началник за безбедност во патниот сообраќај во СВР Скопје, Даниел Димевски, Претседател на Македонскиот Олимписки Комитет и…
„Романија може да згреши и ние со две победи да одиме во баражот“, изјави Елиф Елмаз пред последните два квалификациски меча со Ерменија и Исланд за пласман на Светското првенство во Катар во 2022 година. На 11 ноември ќе гостуваме кај Ерменците а три дена подоцна ќе бидеме домаќини на „рибарите“. „Не зависи се од нас, имаме една мала шанса и ќе ја бркаме до крај. Треба да очекуваме борба, да бидеме паметни и искусни иако сме релативно млада репрезентација“ – потенцира нашиот креатор на играта. „Мора да има жар на теренот. Одиме да покажеме дека повеќе го сакаме тоа…
