Џоел Ембид е четвртиот кошаркар на Филаделфија кој има позитивен резултат на тестирањето за Ковид-19. Центарот на лидерот на Истокот им се придружи на Тобијас Харис, Матис Тибул и Ајзеа Џо, кои исто така се ставени во карантин. Ембид кој има четири настапи на Ол-стар мечевите, е најдобриот кошаркар во Филаделфија во тековнава сезона. Тој има во просек 21.4 кошеви, 9.4 скокови и 4 асистенции.
Author: dino
Првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез, планира да продаде повеќе фудбалери во текот на наредното лето и да инкасира најмалку 200 милиони евра. Воедно, со тоа би го намалил буџетот за плати за околу 100 милиони евра. Според медиумите, на излезната врата од стадионот – „Сантијаго Бернабе“ се: Герет Бејл, Марсело, Иско, Еден Азар и Лука Јовиќ. Не се исклучува тимот да го напуштат и Мариано, Ваљехо или Себалјос. Познато е дека Перез сака да направи простор за ангажман на Килијан Мбапе и дека најголемиот дел од собраните пари ќе ги насочи за купување на младиот напаѓач.
Легендарниот фудбалер на Барселона, Чави Ернадес, кој се врати во клубот како тренер, вели дека Осман Дембеле, мора да остане кај Каталонците. Стратегот очекува младиот Французин да потпише нов договор за да може да го искористи максимално неговиот потенцијал. „Дембеле мора да продолжи во Барса. На позицијата како крилен напаѓач може да биде најдобар играч во светот. Продожување на договорот е приоритет“ – вели Чави. „Мора да му помогнеме да ги избегне повредите. Мора да ги превенираме тие ситуации, не смееме да дозволуваме да се случува тоа. Ќе работиме напорно во теретаната за да се реши проблемот“ – најави Чави.
Селекторот на фудбалерите на Италија, Роберто Манчини, објави дека Лоренцо Пелегрини и Николо Заниоло ја напуштиле репрезентацијата. „Одредени репрезентативци имаат физички проблеми. Заниоло и Пелегрини не се добро, денеска си одат дома. Ја проценуваме состојбата на Барела. Другите играчи се добри. Натпреварот ќе биде значаен, но, мора да останеме смирен“ – вели Манчини. Италија ќе игра против Швајцарија на 12 ноември. Двете селекции имаат по 14 бодови в пресрет на последните две кола.
Манчестер Јунајтед не планира да го отпушти тренерот, Оле Гунар Солскјер , објави денеска „Sky Sports“. Според изворот, англискиот фудбалски клуб не бара замена за 48-годишниот норвешки стручњак и покрај поразот од Манчестер Сити со 2:0 во натпреварот од 11. коло од англиската Премиер лига. Солскјаер го презеде раководството на „црвените ѓаволи“ во 2018 година. Под водство на норвешки специјалист, тимот стигна до финалето на УЕФА Лига Европа во сезоната 2020/2021 во кое загуби од Вилјареал на пенали. Тимот од „Олд Трафорд“ има 17 бода од 11 натпревари и се наоѓа на 6-то место во англиската Премиер лига.
Еди Хау имаше промоција како нов менаџер на фудбалерите на Њукасл. 43-годишниот поранешен тренер на Борнмаут потпиша договор до летото во 2024 година. Тој го наследи Стив Брус, кој беше отпуштен на 20 октомври. Новите сопственици на англискиот куб преговараа со половина дузина специјалисти, но, откако беа одбиени од Унаи Емери, Антонио Конте, Брендан Роџерс, Чави Ернандес, Јоаким Лев и Фонсека, се решија на Хау. „За мене е голема чест да станам тренер на клуб со статус и историја на Њукасл. Тоа е одлична можност, но, ни претстои многу работа. Нестрплив сум да почнам да тренирам со играчите. Сакам да…
Играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Џек Грилиш , кој претходно играше за Астон Вила, ја коментираше оставката на Дин Смит како главен тренер на клубот од Бирмингем. „Никој никогаш нема да се спореди со него. Најголемиот на сите времиња“ – напиша Грилиш на „Твитер“. Смит беше на чело на Астон Вила од 2018 година. Договорот на специјалист со клубот беше активен до јуни 2023 година. Клубот од Бирмингем има 10 бода од 11 натпревари и се наоѓа на 16-тото место во англиската Премиер лига. Во 11. коло од Премиер лигата, Астон Вила загуби од Саутемптон со резултат 1-0.…
Легендарниот германски фудбалер, Лотар Матеус, процени дека младиот Џејдон Санчо имаше лоша проценка кога се определи да ја напушти Борусија Дортмунд и да се пресели во редовите на Манчестер Јунајтед. Санчо кај „милионерите“ имаше речиси загарантирано место во првата постава додека кај „црвените ѓаволи“ не успеа да се избори за првотимскиот статус. Напаѓачот во меѓувреме го загуби и местото во репрезентацијата на Англија. „Санчо треба многу да работи за да направи чекор напред. Мислам дека неговите настапи и значењето на мечевите на кои се појавува не се доволни да напредува“ – изјави Матеус.
Холандскиот фудбалски интернациоанлец во редовите на Манчестер Јунајтед, Дони ван де Бек, влегува во радарот на италиајнските Јувентус и Интер, објавија медиумите на „Чизмата. Тој во изминатото лето пристигна на „Олд Трафорд“, но, не успеа да се наметне кај тренерот Оле ГУнар Солскјер, кој главно го држи на клупата за резерви. Затоа неколку клубови ќе се обидат да ја искористат ситуацијата и да го ангажираат на позајмица во јануари со можност да го откупат неговиот договор.
Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Едисон Кавани, кој ја реализира последната сезона на „Олд Трафорд“, во текот на летото може да добие понуда да се пресели во Палмеирас. Бидејќи 34-годишниот фудбалер ќе може да направи трансфер без обештетување, неколку елитни тимови сакаат да дојдат до неговиот потпис. Тука се споменуваат Реал, Барселона и Бока Јуниорс. Уругваецот кој го облече дресот на „црвените ѓаволи“ во 2020 година, има одиграно 47 мечеви со ефект од 18 голови и шест асистенции.
