Author: dino

Нашиот најдобар фудбалски судија, Александар Ставрев, повторно ќе биде активен во Лигата на Европа. Тој ќе го води мечот во Белгија меѓу Генк и англискиот состав Вест Хем, кој ќе биде одигран в четврток од 18.45 часот во рамките на 4 коло во групата „Х“.  Негови помошници ќе бидат Дејан Костадинов и Куштрим Лика додека Дејан Јакимовски ќе биде во улога на четврти судија. Ќе потсетиме дека белгискиот тим е закован на дното на табелата додека Вест Хем ја има челната позиција.

Read More

Метју Божиновски и Стефан Чолаковски не добија дозвола да настапат за нашата млада фудбалска репрезентација поради рестрикциите во Австралија поврзани со Ковид-19. Тоа значи дека селекторот, Драги Канатларовски, ќе остане без нивните услуги за дуелите со Украина и Франција.Под знак прашалник е повредениот Лука Станковски. „Задоволен сум од освоените четири бода од последните квалификациски натпревари особено мечот против Ерменија во Ереван каде што одигравме многу квалитетно и успеавме да издвојуваме победа на многу тежок терен. Сакаме да ја пренесеме таа позитивна атмосфера и на претстојните натпревари против Украина и Франција“ – вели Канатларовски. На 11. ноември на тренинг центарот „Петар Милошевски”…

Read More

Поранешниот фудбалер за врска на Јувентус и Зенит, Клаудио Маркизио, ги сподели очекувањата за денешната пресметка меѓу италијанскиот и рускиот состав во 4. коло од Лигата на шампионите. „Очекувам различен меч во однос на првиот. Зенит има две победи додека Јувентус има два пораза во низа. По лошиот старт на сезоната, Јувентус најде минимален баланс, но, не и идентитет“ вели Маркизио. „Речиси на секој натпревар гледаме различна формација што значи дека Алегри не ги пронајде најдобрите 11. Мислам дека сегашниов Јувентус не може да се врати на шампионските патеки“ – потенцираше Маркизио.

Read More

Поранешниот голман на Зенит, Вјачеслав Малафеев, пред денешниот меч со Јувентус во Лигата на фудбалските шампиони го коментираше досегашниот ефект на тимот од Санкт Петербург . „За Зенит е многу значајно да ги освои трите бода, но, нема да биде лесно. Тимот изгледа добро во Лигата на шампионите, но, Јувентус е домаќин. Противниците во групата се на високо нив“ – потенцираше Малафеев. „Во тимот се гледа раката на тренерот. Трите меча одиграни на високо ниво во Лигата на шампионите не се случајност. Мислам дека Зенит ја игра најдобрата сезона во ЛШ“ – изјави Малафеев пред мечот закажан од 21.00 часот…

Read More

Италијанскиот фудбалски тренер, Антонио Конте, од денеска го презема кормилото во екипата на Тотенхем, потврдија британските медиуми. Неговата соработка со лондончани ќе биде до 2023 година а клубот ќе одвои големи 180 милиони евра за да му обезбеди зимски засилувања. Тоа беше и главниот услов поставен од Конте пред да се согласи да го наследи Нуно Еспирито Санто кој заработи отказ по серијата на лоши резултати. Британските медиуми објавија дека Конте слетал во Лондон и дека дефинитивно ќе ги води „Спарси“.

Read More

Тенисерот, Александар Зверев, кој го совлада Новак Ѓоковиќ на ЛОИ во Токио, изјави дека може да го победи секој противник. Тој викендов влезе во финалето на турнирот во Виена откако беше подобар од Карлос Алкарас со 2-0. „Конечно најдов ритам во играта од основната линија. Олимпискиот турнир беше клучен. Еден вид на пресвртница. Мечот против Новак ме натера да верувам дека можам да победам на секој турнир“ вели Зверев. Германецот сега го очекува мечот за првото место со Френсис Тиафо од Соединетите Американски Држави.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Реал Мадрид, Карло Анчелоти,  му ја отвори излезната врата на Еден Азар кој во континуитет се соочува со повреди и пропушти многу натпревари како во пртеходната така и во сегашната сезона. Белгиецот беше ангажиран како големо засилување на „Сантијаго Бернабе“ , но, дефинитивно потфрли дури и на мечевите кога беше на теренот. „Ако сака Азар да си оди, тогаш е слободен. Никогаш нема да му направам проблем ако сака да направи трансфер, тоа не сум го направил со ниту еден фудбалер“ – потенцираше Италијанецот.

Read More

Легендарниот дефанзивец на Јувентус, Алесандро Костакурта, упати серија на критики кон ѕвездите на „старата дама“ кои вчера загубија на гостувањето кај Верона и останаа на средината на табелата. „Фудбалерите се виновни а не тренерот. Секако дека и Алегри има одговорност, но, тоа што го гледавме на теренот беше разочарувачки“ – вели Костакурта. „Јас би го вперил прстот кон играчите.  Мислам дека за слабите изданија во последниве години се виновни главно играчите а не тренерите“ – потенцираше Костакурта.

Read More

Фудбалерите на Тотенхем доцна синоќа загубија на домашен терен од Манчестер Јунајтед и веднаш добија критики од сите страни. Очајната партија на популарните „спарси“ веднаш ја потенцираше и легендарниот  Рој Кин. „Тотенхем е досаден за гледање.Таму мора нешто да се менува. Има голем проблем“ – вели Кин. „Губите со 2:0 а вашите дефанзивци и на корнер остануваат во нивната половина додека противникот се брани со сите единаесет. Тоа нема логика“ – потенцираше Кин.

Read More

Фудбалерот на Барселона, Серхио Агуеро, ноќта ја поминал во болница откако на вчерашниот меч со Алавеш се пожали на болки во градите по што веднаш беше хоспитализиран. Денеска шпанскиот состав потврди дека Аргентинецот бил задржан во болница за да му се направат испитувања  на срцето. „Ми кажа дека малку му се врти. Агуеро е префрлен во болница, но повеќе од тоа не знам“ -изјави Серхи Баруан кој ја има улогата на в.д. тренер во каталонскиот состав. Напаѓачот на Барса кој успеа да ја санира повредата, вчера прв пат истрча во стартниот состав.

Read More