Менаџерот на Евертон, Рафа Бенитез, во јануарскиот преоден рок сака да купи фудбалери за две позиции на теренот, пишува „Liverpool Echo“. Шпанскиот специјалист проценил дека му требаат нови играчи за да ги оствари поставените цели до крајот на сезоната. Популарните „карамели“ ќе се обидат да продадат неколку играчи за да може да одвојат поголема сума за засилувања. Искусниот стратег сака да ја зголеми конкуренцијата по крилните позиции и во средниот ред.
Author: dino
Македонската ракометна репрезентација денеска и утре ќе одигра две контролни средби со селекцијата на Египет. Селекторот, Кирил Лазаров, за мечот со полуфиналистот од последните Олимписки игри во Токио, нема да ги користи услугите на Стојанче Стоилов, Градимир Чаневски, Петар Атанасијевиќ и Томислав Јагуриновски. Во селекцијата се дебитантите: Кристијан Симоноски, Марко Митев и Павле Атанасијевиќ. Двата меча со африканскиот шампион се дел од подготовките за Европско првенство што ќе се реализира во јануари во 2022 година.
Тренерот на фудбалерите на Тотенхем, Антонио Конте, не крие дека е задоволен со победата против Витезе во Лигата на Европа. Неговиот тим имаше предност од 3:0, но, холанѓаните дојдоа до гол негатива која сепак не успеаа да ја анулираат. „Не сакам такви луди мечеви, Водевме со 3-0 а тие успеаја да дадат два гола кои можевме да ги избегнеме“ – вели Конте. „Имам многу простор за напредок. Не е лесно бидејќи за два дена треба да се подготвиме за Евертон“ – потенцираше новиот тренер на „спарси“.
Големата фудбалск ѕвезда на ПСЖ, Лео Меси, кој има проблеми со тетивата на левото колено, деновиве се лекува во Мадрид. Аргентинецот кој ја влече непријатната повреда од 2. септември, сега ќе биде прегледан во престижната клиника во која се лекуваше Бразилецот, Нејмар како и други познати фудбалери. Меси кој не насапи на дуелот со РБ Лајпциг во Лигата на шампионите, најверојатно ќе мора да го пропушти и викенд-дербито со Бордо.
Новиот менаџер на Тотенхем, Антонио Конте, има намера да изгради целосно нов среден ред. Тој планира во наредните два преодни рока да се раздели со повеќе фудбалери и да привлече нови на нивните места, пишува денеска – „Кориере дело спорт“. Првите две големи цели на Конте се Франк Кеси од Милан и Николо Барела од Интер. Се верува дека покрај засилување во средниот ред, Конте сака да ја зголеми конкуренцијата и во нападот. За таа цел ќе се обиде да го привлече Душан Влаховиќ од Фиорентина.
Челниците на Манчестер Јунајтед размислуваат да го ангажираат фудбалерот на Далас, Рикардо Пепи. 18-годишниот талент на вкупно 30 натпревари од почетокот на сезоната во МЛС-лигата даде 13 голови и направи 2 асистенции. За неговите услуги се заинтересирани и Ливерпул, Челзи и Манчестер Сити, но, според информациите на „Ил Ресто дел Карлињо“, „црвените ѓаволи“ се чекор понапред во однос на конкурентите. Италијанскиот клуб Болоња исто така планираше да го ангажира Американецот во јануарскиот трансфер период, но, најверојатно тоа нема да се случи.
Тенисерките на САД ги добија двата сингл меча против Шпанија во групата Ц и обезбедија пласман во полуфиналето на тенискиот турнир – „Били Џин Кинг куп“. Слоун Стивенс со 6:4, 6:4 ја совлада Нурија Парисас-Дијаз додека Даниел Колинс ја загарантира втората победа на САД откако за само еден час ја совлада Сара Сорибес Тормо со 6:1, 6:0. Сега Американките ги чека пресметката со селекцијата на Русија која ја победи Франција. „Мислам дека во сегашниов формат, секој дуел, секој сет е значаен и влијае на пласманот. Јас и Слоун бевме мотивирани, самоуверени и знаевме дека сме подготвени за победа“ – изјави…
Реал Мадрид вчера го совлада Шахтјор во 4 коло во Лигата на фудбалските шампиони, но, домашните фанови на „Сантијаго Бернабе“, покажаа дека не се задоволни од играта.Тие во неколку наврати упатија свирежи кон „кралевите“, на што реагираше и тренерот, Карло Анчелоти. „Ги разбирам навивачите и нивната реакција бидејќи ја знам атмосферата на стадионот. Тоа е публика која очекува многу“ – вели Италијанецот. „Добро е што навивачите не будат со свирежи, тоа е знак дека треба да играме подобро“ – потенцираше Анчелоти откако неговиот тим ги освои бодовите и се проби на лидерската позиција во групата „Д“.
Фудбалерот на Манчестер Сити, Фил Фоден, откри дека менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола, бил многу изнервиран на полувремето на средбата со Бриж во Лигата на шампионите откако белгијците дојдоа до 1:1. „Не одигравме најдобро во првиот дел и му дозволивме на противникот да се врати во ритам. Гвардиола не беше среќен на полувреме и бараше максимално да ги следиме неговите совети“ – вели Фоден. „Откако се подобривме во одредени сегменти, за почнавме да го играме нашиот убав фудбал. Сите сме задоволни“ – потенцираше Фоден по вчерашната победа со 4:1 остварена на „Етихад“.
Португалецот, Жозе Мурињо, ја коментираше одлуката на челниците на Тотенхем кои го отпуштија неговиот сонародник, Еспиртио Санто и се определија да го ангажираат италијанскиот фудбалски стратег, Антонио Конте. „Мислам дека е Конте добар тренер, но, и Нуно е многу добар менаџер. Тојза 4-5 години заврши фантастична работа во Вулверхемптон. Тоа не беше една година или неколку месеци. Затоа велам дека Тотенхем сега има многу добар тренер, но, имаше и со Нуно, – изјави Мурињо. Популарните „спарси“ се определија да го отпуштат Португалецот откако направија очаен ефект како во Премиер-лигата така и во меѓународната конкуренција.
