Author: dino

Бидејќи Рафаел Надал е во процес на рехабилитација по опреацијата на левото стапало и нема да може да игра за Шпанија во Дејвис Купот, селекторот на „црвената фурија“, Серхи Бригер, се определи да го повика младиот тенисер Карлос Алкарас. Репрезентацијата од Пиринеите ќе настапи во терминот од 25 ноември до 5 декември и тоа во состав: Пабло Карено Буста, Роберто Баутиста, Фелисијано Лопез, Марсел Гранолерс и Карлос Алкарас. Шпанија ќе ја брани титулата освоена во 2019 година.

Read More

Михел Фрончек кој му беше помошник на Марк Ван Бомел ќе ја има улогата на в.д. тренер во фудбалскиот состав на Волфсбург. Бундеслигашот се определи за такво решение откако Холанѓанецот по само 4 месеци спогодбено ја прекина соработката со популарните „волци“ кои влегоа во резултатска криза. Според медиумите, како можни наследници на Ван Бомел се потенцираат имињата на Флоријан Конфелд,  Един Терзиќ и Доменико Тедеско.

Read More

Челниците на фудбалскиот состав Барселона засега нема да му врачат отказ на тренерот, Роналд Куман, бидејќи во спротивно ќе мора да му исплатат околу 12 милиони евра, објавија медиумите во Шпанија. Според наведеното, неговата иднина ќе зависи од наредните  три натпревара со Рајо Ваљекано, Алавеш и Динамо Киев. Со таквите најави не се согласуваат фановите на Каталонците кои по поразот во Ел Класико од Реал Мадрид, жестоко реагираа и побараа холандскиот стратег да го напушти тимот.

Read More

Ракометарите на Еурофарм Пелистер денеска ќе гостуваат кај Кадетен Шафхаузен  во меч од второто коло од ЕХФ лигата. Средбата во  „Би-Би-Си Арена“ ќе започна во 18.45 часот. Битолчани по стартниот пораз од францускиот Ним , сега се мотивирани за освојување на првите бодови и тоа против екипа која е составена главно од интернационалци и неколку репрезентативци на Швајцарија. Мечот меѓу Кадетен Шафхаузен и Еурофарм Пелистер ќе го судат Германките, Маике Мерц и Тања Кутлер.

Read More

„Manchester Evening News“ објави дека Оле Гунар Солскјер набрзо може да го напушти кормилото на тимот од „Олд Трафорд“ бидејќи челниците на „црвените ѓаволи“ не се задоволни како се одвиваат работите. Фудбалерите на Јунајтед на вчерашното дерби во Премиер –лигата доживеаја тежок пораз на домашен терен од Ливерпул со 5:0. Во исто време, еден од директорите – Ричард Арнолд, ги откажа сите работни состаноци закажани за денеска само за да реализира средба со Џоел Глејзер, еден од сопствениците на англискиот состав. Денеска фудбалерите имаат одмор а од утре се враќаат на тренинзи пред саботниот меч со Тотенхем кој може да…

Read More

Поранешниот капитен на фудбалскиот состав Барселона, Карлос Пујол, се осврна на вчерашната ситуација кога фановите бесни по поразот од Реал Мадрид го заобиколија автомобилот на тренерот, Роналд Куман и побараа да го напушти тимот. Некогашниот централен дефанзивец открива дека тој се соочил со истата сцена на излегување од „Камп Ноу“ и дека тоа биле лоши моменти кои засекогаш ќе ги памети. „Вистина е дека се исплашив, тие луѓе не се вистинските навивачи на Барселона“ – жестоко го осуди вчерашниот инцидент легендарниот Пујол.

Read More

Легендарниот француски фудбалски напаѓач, Тијери Анри, кој прави анализа на дерби дуелите во Лига 1, вели дека Килијан Мбапе и натаму го има главниот збор во ПСЖ и дека Лео Меси не може да се истакне во преден план. „ПСЖ и натаму е тим на Мбапе и затоа топката оди најчесто кај него. Меси е изолиран, помалку ја допира топката од тоа што е навикнат. Повеќе сакам да го гледам  во централниот дел“ – вели Анри. „Меси не е продуктивен по десната страна, навикнат е да игра во средишниот дел, таму може да биде многу опасен кон противничкиот гол“ –…

Read More

Тренерот на ракометарите на Еурофарм Пелистер. Жељко Бабиќ, најавува голема битка на утрешното гостување кај Кадетен во 2 коло во Лигата на Европа. Битолчани сезоната ја започнаа со пораз на домашен терен од францускиот Ним, што значи дека допрва ги очекуваат првите бодови. Искусниот  тренер нагласи дека Кадетен е тим кој има голема традиција во Европа и дека игра одлично во централниот одбранбен дел. „Одиме по победа во Швајцарија.  Нема што да се менува многу во тимот. Јосип Периќ ќе почне од првата минута откако ја санираше повредата. Бидејќи ја сакаме победата мора да бидеме и далеку попрецизни во нападот“…

Read More

Македонија го има шестото место на ранг листата на ЕХФ. Тоа значи дека нашиот ракометен шампион во наредната сезона ќе стартува директно во групната фаза во елитата на Европа. Во второто по ранг натпреварување ќе имаме три места. Една екипа ќе оди директно во група а другите две ќе треба да поминат низ квалификациите. Што се однесува до Топ 10 на ЕХФ , први се Германците пред Шпанците кои ја спуштија Франција на третото место.

Read More

Повеќе од 100 клубови во Европа кои се тешко погодени од пандемијата со Ковид-19 гледано од финансиски аспект, бараат околу две милијарди евра во вид на помош од УЕФА која најави дека ќе направи „фонд“ се со цел да им помогне . Тие пари се еден вид кредити за клубовите по најниска каматна стапка  за што УЕФА ќе гарантира во институциите и банките. Европската куќа на фудбалот се определи да го направи фондот се со цел да го спречи формирањето на Супер-лигата.

Read More