Author: dino

Шемата е стандардна, два термина, осум мечеви и се надеваме на дузина погодоци. Публиката во зависност од здравстените протоколи во секоја од земјите ќе исполни поголем дел од трибините. Фудбалерите пак, ќе имаат задача да го прикажат најдоброто. Како и да е, имаме ден резервиран за фудбалската магија која ќе биде присутна во Турција, Белгија, Холандија, Шпанија, Италија, Португалија, Франција и Украина. Еве што не очекува на стартот на 3 коло. Во групата „А“,  Манчестер Сити од 18.45 часот ќе гостува кај Бриж додека ПСЖ од 21.00 ќе му биде домаќин на РБ Лајпциг. „Граѓаните“  ќе имаат императив за победа…

Read More

Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ, доколку постигне гол на мечот со Порто ќе постави рекорд во Лигата на фудбалските шампиони. Имeно, Швеѓанецот кој нема играно во елитното друштво на Европа од 12 април во 2016 година, може да стане највозрасниот стрелец  доколку успее да погоди на гостувањето во Португалија. Тој неодамна наполни 40-ет години. Рекордот  го има легендарниот играч на Рома, Франческо Тоти, кој на возраст од 38 години и 59 денови успеа да погоди во мрежата на ЦСКА Москва.

Read More

Бразилскиот фудбалски интернационалец, Нејмар, нема да игра за ПСЖ на денешниот меч со РБ Лајпциг во новата рунда во Лигата на шампионите, потврди тренерот на францускиот состав, Маурисио Покетино. „Наш приоритет е здравјето на секој фудбалер. Нејмар на крајот на тренингот имаше болки во мускулот и затоа нема ризикуваме “ – вели аргентинскиот тренер. Во исто време е потврдено дека Мауро Икарди кој деновиве имаше семејни проблеми ќе биде ставен на листата за денешниот меч со РБ Лајпциг.

Read More

Фудбалерот на Севилја, Кунде, добил понуда да замине во Челзи, но, челниците на шпанскиот состав ја одбиле со проценка дека понудената сума е премала за квалитетите што ги поседува нивниот играч. „Понудата за Кунде беше одлична, најголема што сме ја добиле во нашата историја, меѓутоа, не се совпаѓаше со нашата поставена цена“ изјави Спортскиот директор на Севилја, Мончи. Кунде кој игра на позицијата стопер, според проценката на –„Трасфермаркт“ вреди околу 60-ет милиони евра.

Read More

Првите луѓе на Реал Мадрид не се задоволни од минутажата што ја добива Раниер Жезус во Борусија Дортмунд кој игра како позајмен фудбалер и затоа планираат да го испратат во друг клуб. Според најавите од Шпанија, составот од Бундес-лигата не  го почитува договорот меѓу двата клуба и му дава мала минутажа на Бразилецот. Затоа „белите“ сакаат во јануари да го испрата напаѓачот во екипата на Бенфика. Наводно, направени се и првите контакти со луѓето од португалскиот состав.  

Read More

Англија, Шкотска, Велс, Северна Ирска и Република Ирска, планираат заеднички да го организираат Мундијалот во 2030 година, но, од УЕФА добиле препорака да конкурираат за Евро 2028. Причина за тоа се плановите на Европската куќа на фудбалот да ја поддржи кандидатурата на Шпанија и Португалија за јубилејниот Мундал со кој ќе се прослави 100-годишнината од првиот собир организиран во уругвајскиот град Монтевидео. Наредното СП 2022 е во Катар додека  САД, Канада и Мексико ќе го организираат Мундијалот во 2026. година.

Read More

Тренерот на Њукасл, Стив Брус, дојде до 1000-от меч во Премиер лигата, но, не успеа да се израдува на поволен резултат откако неговиот тим загуби од Тотенхем со 3:2. Искусниот фудбалски стартег кој најверојтано ќе добие отказ од новите сопственици од Саудиска Арабија,  вели дека е презадоволен  реакциите на трибините и надвор од стадионот. „Ќе останам тука колку треба и ќе размислувам само на Њукасл се додека не ми го кажат спротивното. За таа тема не се поставува прашање само кај мене“ – изјави Брус. „Пресреќен сум за новото раководство и промената на подобро.  Без оглед што ќе се случи…

Read More
NBA

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс новата сезона во НБА лигата ќе ја отворат в среда во 04.00 часот по наше време кога ќе го одиграат дербито против екипата на Голден Стејт Вориорс. Еден од најдобрите во редовите на „езерџиите“, Кармело Ентони, верува дека неговиот тим ќе започне победнички во „Стејплс Центарот“ иако во подготвителниот период имаше лоши резултати. „Сакаме да победиме. Знам дека не можеме да бидеме совршени, но, нашата цел е да изградиме тимски дух. Ќе треба да бидеме трпеливи“ – вели искусниот кошаркар.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Јувенутс, Масимилијано Алегри, не крие дека е презадоволен по вчерашната минимална победа против Рома во дербито на Серија „А“. „Направивме чекор нагоре иако ги немавме Дибала, Де Лихт и Рабио а Мората влезе пред крајот. Сепак, кога беше потребно забрзувавме со играта “ – вели тренерот на „старата дама“. „Знаевме дека ќе биде тешко. Рома можеби заслужи реми, но, мали детали го решваат победникот“ – изјави тренерот на Јувентус.

Read More

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Немања Матиќ, ќе добие дозвола да си замине доколку пристигне понуда од Барселона, најавија медиумите во Англија. Српскиот интернационалец не влегува во плановите на тренерот, Оле Гунар Солскјер а Каталонците по секоја цена сакаат да го ангажираат во текот на зимскиот трансфер период. 33-годишниот играч кој во 2017 година го напушти Челзи и се пресели на „Олд Трафорд“,  има договор до јуни во 2023 година. Неговата трансферна вредност се движи од 8-10 милиони евра.

Read More