Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс новата сезона во НБА лигата ќе ја отворат в среда во 04.00 часот по наше време кога ќе го одиграат дербито против екипата на Голден Стејт Вориорс.
Еден од најдобрите во редовите на „езерџиите“, Кармело Ентони, верува дека неговиот тим ќе започне победнички во „Стејплс Центарот“ иако во подготвителниот период имаше лоши резултати.
„Сакаме да победиме. Знам дека не можеме да бидеме совршени, но, нашата цел е да изградиме тимски дух. Ќе треба да бидеме трпеливи“ – вели искусниот кошаркар.