Author: dino

Фудбалерот, Александер Лаказет, кој ја реализира последната сезона во Арсенал, најверојатно во јануари ќе биде ставен  на трансфер пазарот. Затоа на „Емирати“ бараат негов наследник а во преден план се наметнува  играчот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ, кој има трансферна цена од 20 милиони евра. Во исто време медиумите наведуваат дека тренерот, Микел Артета, ги планира и Доминик Калверт-Левин од Евертон , Оли Воткинс од Астон Вила и Душан Влаховиќ од Фиорентина.

Read More

Поранешниот шампион на УФЦ во лесна категорија, Дејвисон Фигередо, едвај чека да се бори со Брендон Морено. Двајцата ќе направат трилогија на УФЦ 270, што ќе се одржи на 22 јануари 2022 година. Нивниот прв меч кој немаше победник беше прогласен за еден од најголемите во историјата додека во нивната втора борба Морено го победи Фигередо во 3 -та рунда. Тоа значеше дека  Бразилецот по 5 последователни победи ја загуби титулата.

Read More

Денеска на античкиот стадион во грчката Олимпија без присуство на гледачи поради пандемијата на корона-вирусот ќе биде запален Олимпискиот оган пред стартот на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг кои ќе се одржат од 4 до 20 февруари. Поради ситуацијата поврзана со пандемијата со Ковид-19, свеченоста ќе се одржи со строго почитување на локалниот здравствен протокол, објави Комитетот на Игрите. На свеченоста меѓу гостите ќе присуствуваат претседателот на Грција, Катерина Сакералополу и првиот човек на МОК, Томас Бах.

Read More

Стивен Џерард, кој седи на кормилото на Глазгов Ренџерс, нема намера да прифати понуда од новите сопственици на Њукасл. Богаташите од саудиска Арабија ќе му дозволат на Стив Брус да дојде до 1000-от меч и веднаш потоа веројатно ќе ја прекинат соработката. Воедно самиот тренер изјави дека очекува разделба со оглед на тоа што пристигнуваат нови газди. На тоа реагираше Џерард. „Нема да лажам, ги следам случувањата во Њукасл, но, само поради една причина. Брус ќе го води 1000-от меч како менаџер. Максимално го почитувам“ – вели поранешниот англиски фудбалер.

Read More

Искусниот дефанзивец, Серхио Рамос, нема да дебитира во дресот на ПСЖ ниту на денешниот меч со Анже во рамките на Лига 1. Лекарите на францускиот тим стравуваат од обновување на повреда кај дефанзивецот и затоа го советувале тренерот, Маурисио Покетино, да го остави надвор од списокот. „Ситуацијата на Серхио воопшто не е пријатна, тој сака да тренира и да помогне на теренот. Тој страда во моментов иако е ментално  многу силен. Целиот лекарски тим му помага да ја надмине повредата и се надеваме на најдоброто“ – изјави аргентиснкиот тренер.

Read More

Рахим Стерлинг кој  призна дека е отворен за нов предизвик доколку не добие поголема минутажа во Манчестер Сити, веднаш доби одговор од тренерот, Пеп Гвардиола. „Рахим останува наш фудбалер до крајот на сезоната. Не знаев дека размислува да си оди. Играчите постојано сакаат да играат, но, тоа не можам да им го ветам“ – вели Гвардиола. „Јас не користам само 11 играчи, сите се инволвирани. Барам од Стерлинг да биде среќен, ако не е така, тогаш може да направи што сака“  – потенцираше тренерот на „граѓаните“.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Лестер, Брендон Роџерс, очекува возбудлив дуел против Манчестер Јунајтед во новото коло во Премиер лигата. Популарните „лисици“ утре на „Кинг Пауер“ од 16.00 часот ќе ги пречекаат „црвените ѓаволи“ во обид да дојдат до третата сезонска победа. Роџерс се надева дека паузата имаше добар ефект врз неговиот состав. „Се надевам дека ќе одиграме добар натпревар бидејќи ќе се соочиме со неколку брилијантни играчи. Паузата ни даде можност да се подобриме и да се вратиме на основите на играта. Мораме да притискаме како тим, да играме динамичен фудбал“ – изјави Роџерс.

Read More

Нашиот фудбалски репрезентативец, Аријан Адеми, ќе го пропушти остатокот од есенскиот дел од сезоната откако се повреди во понеделникот на натпреварот Македонија – Германија одигран во рамките на квалификациите за Мундијалот. Тој по враќањето во Загреб заминал на детален преглед кој покажал дека ќе мора да паузира околу два месеца. Неговиот состав Динамо Загреб соопшти дека Адеми има повреда на зглобот.

Read More

Новиот селектор на нашите најдобри кошаркарки, Александар Ашаданов, го објави списокот на репрезентативките кои ќе конкурираат за квалификациските мечеви со Германија и БИХ за место на Еврo-баскетот во Словенија и во Израел во 2023 година. Подготовките ќе започнат на 4-ти ноември а првиот натпревар ќе го одиграме седум денови подоцна во Хале со почеток во  19.30 часот. Вториот меч е предвиден на 14. ноември во салата на СРЦ „Кале“ со почеток од 19. часот.

Read More

Григор Димитров направи голем пресврт во осминафиналето на тенискиот турнир во Индијан Велс и го победи првиот носител, Данил Медведев со 2:1 во сетови. Русинот со поразот ја прекина одличната серијата од 10 победи додека Бугаринот првпат се пласира во четврт-финалето на Индијан Велс. Димитров во наредната рунда ќе излезе на мегдан со Полјакот Хуркач.

Read More