Фудбалерот на Челзи, Тимо Вернер, се осврна на критиките што ги добива од сите страни поради слабите партии пред се во дресот на „сините“. „Морам да ги игнорирам критиките. Ако размислувам за нив, ќе бидам под притисок. Знам што можам“ – вели репрезентативецот на Германија. „Потребна ми е доверба од тренерот, се надевам дека ќе можам да се оддолжам“ – изјави Вернер кој за лондончани одигра осум средби во сезонава со ефект од два гола и една асистенција.
Author: dino
Легендарниот фудбалер, Џејми Карагер, вели дека Манчестер Јунајтед со новите засилувања мора да се гледа како фаворит за освојување на титулата во Премиер-лигата. Тој не се согласува со Гери Невил и Рој Кин, кои проценија дека Солскјер не може да ја освои титулата. „Тие двајца се најголемите заштитници на Солскјер, постојано бараат изговори и оправдувања, но, тоа е бидејќи играа со него и поради тоа што им е пријател“ – вели Карагер. „ Доста е од изговори за Јунајтед. Имаат играч од 50 милиони фунти на секоја позиција и не смеат да бараат изговори“ – потенцира Карагер
Четирикратниот светски шампион во Формула 1, Себастијан Фетел, вели дека „циркусот на тркала“ може да ја загуби атрактивноста доколку не се воведат нови правила. Тој полека размислува и за нов предизвик во животот. „Не сум сигурен што е вистинскиот избор. Нема да возам уште десет години“ – вели Фетел. „Најлесно би било да станам репортер на телевизија и да останам на истата позиција уште неколку години“ – потенцира Фетел.
Најдобриот шпански тенисер, Рафаел Надал, се надева дека брзо ќе ги реши проблемите со стапалото и дека ќе се врати во натпреварувачки ритам. „Сакам целосно да закрепнам. Не знам кога повторно ќе играм. Работам напорно секој ден“ – вели Надал. „Очекувам се да биде позитивно и повторно да се натпреварувам. Работам напорно за да играм на врвно ниво“ – потенцираше Надал.
Хорхе Валдано, поранешниот фудбалер, тренер и директор на Реал Мадрид, вели дека Раул е најинтелигентниот кој ги бранел боите на шпанскиот состав. „Фудбалската интелигенција ја демонстрираше на теренот. Немам видено посовршена интелигенција. Ако еден ден има војна, Раул ќе оди во битка со знамето на Реал Мадрид„ – вели Валдано. „Како тренер, сигурен сум дека ќе биде еден од најдобрите во историјата. Има неверојатна енергија каква што имаат Гвардиола, Мурињо, Симеоне“ – вели Валдано.
Искусниот фудбалски голман, Антонио Миранте, кој остана без ангажман откако ја напушти Рома, сега ќе се активира времено во редовите на Милан. Тој ја започна кариерата во Јувентус а стоеше и на голот на: Сампдорија, Парма, Болоња и Рома. „Росонерите“ беа приморани да ангажираат нов чувар на мрежата бидејќи стандардниот, Мајк Маињан, ќе замине на операција која ќе го оддалечи од терените околу еден месец. Во Милан единствена опција за голманската позиција остана 35 годишниот, Циприан Татарушану .
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед и на репрезентацијата на Франција, Рафел Варан, се соочува со сериозна повреда добиена на дуелот со Шпанија во Лигата на нации и затоа ќе мора да паузира извесен период. Тоа дефинитивно ќе биде голем проблем за тренерот на „црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солскјер, бидејќи и вториот централен стопер, Хари Мегваер, исто така ќе биде надвор од стројот. Двајцата нема да играат на мечот со Лестер во Премиер-лигата а под знак прашалник ќе бидат и за средбата со Аталанта во Лигата на Шампионите закажана за 20 октомври.
Весникот – „Мундо Депортиво“, пренесува дека некогашниот шпански репрезентативец, Иско, е трансферна цел на англискиот фудбалски состав Евертон. Членот на Реал Мадрид се појави како стартер на само два меча во Ла Лига а медиумите во континуитет го „носат“ пред излезната врата на – „Сантијаго Бернабе“. Ќе потсетиме дека пред две години „карамелите“ го ангажираа Хамес Родригез од Реал Мадрид, но, Колумбиецот не успеа да се задржи подолго од една сезона на -„Гудисон парк“.
Фановите на Унгарија направија вистински хаос на дел од трибините на вчерашниот меч со Англија одигран на легендарниот стадион –„Вембли“ во рамките на квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар. На средбата во Лондон, гостинските хулигани од првата минута влегоа во вербална и физичка пресметка со редарите по што мораше жестоко да реагира и полицијата за да ја стави целата ситуација под контрола. Медиумите денеска информираат дека во текот на вечрта биле забележани неколку инцидентни ситуации и низ улиците на градот во кој биле вклучени гостинските навивачи.
Навивачите на Албанија направија голем инцидент на вчерашниот меч со Полска одигран во Тирана. Во 77 минута откако гостите направија предност од 1:0, домашните фанови испратија канонада од тврди предмети кон полските играчи а судијата мораше времено да го прекине дуелот. По долго чекање и реакција на полицијата, мечот на стадионот „Ер Албанија“ се доигра а Полска успеа да ги однесе бодови. Албанската фудбалска федерација поради инцидентот најверојатно ќе биде санкционирана од УЕФА.
