Ракометарите на Вардар денеска од 20.45 часот во СЦ „Јане Сандански“ ќе одиграат меч против францускиот Монпелје во рамките од четвртото коло во групата „А“ во Лигата на шампионите. Влезот во салата ќе биде регулиран според посебни протоколи за заштита од Ковид-19. Вардарци досега имаат две победи и едно реми додека противникот доаѓа со ефект од една победа, еден нерешен меч и еден пораз. На табелата, Вардар и Сегед имаат по 5 бодови, Алборг и Кил по четири, Монпелје 3, Елверум 2, Загреб 1 а Мешков Брест е последен без бод.
Author: dino
Германската фудбалска машинерија проработи во вториот дел на теренот во Скопје и дојде до сигурна победа од 4-0 против Македонија во рамките на 8 коло во Мундијалските квалификации. Се започна преку Хаверц во 50-та минута, потоа на сцена стапи Вернер во 70 и 73 минута додека конечниот резултат го постави Мусиала во 83-та минута. Во другите два меча во нашата група: Романија-Ерменија 1:0 и Исланд-Лихтенштајн 4:0. На табелата води Германија со 21 бодови пред Романија со 13 и Македонија и Ерменија со 12. Исланд има 8 а Лихтенштај 1 бод.
Штутгарт пријави дури петти фудбалер заразен со ковид-19. Станува збор за голманот Флоријан Милер кој замина во изолација. Бидејќи неговиот заменик, Фабијан Бредло, беше еден од претходните четворица играчи што беа ставени во карантин, тренерот Пелегрино Матерацо остана без чувар на мрежата за саботното гостување кај Борусија (Менхенгладбах). Кај популаните „шваби“ досега се заболени и: дефанзивецот Валдемар Антон, крилото Ерик Томи и играчот од средниот ред Роберто Масимо.
Фудбалерот, Џорџино Вајналдум, кој пред само четири месеци се активираше во ПСЖ, вели дека не му се допаѓа статусот што го има во францускиот елитен состав. Тој во тековнава сезона на само два од вкупно 12 натпревари одигра цели 90-ет минути. За еден меч не беше воопѓшто пријавен. „Не можам да кажам дека сум среќен бидејќи ситуацијата не е таква. Тоа е фудбал, јас сум борец, морам да останам позитивен и да се наметнам со напорна работа“ – изјави Вајналдум кој деновиве бележи активности со холандската репрезентација.
Напаѓачот на Ливерпул, Диого Јота, се уште не се чувствува добро и многу веројатно ќе биде ослободен од таборот на португалската фудбалска репрезентација. „Диого направи одделен тренинг. Најверојатно нема да игра утре против Луксембург, нема да ризикуваме. Мала е веројатноста да се појави на теренот. Доколку не може да учествува во светските квалификации, веднаш ќе се врати во Ливерпул “ – вели Сантос. Јота има дадено три гола на девет натпревари во тековнава сезона. Неговиот тим наредниот меч во Премиер-лигата ќе го одигра в сабота против Ватфорд.
Напаѓачот на Реал Мадрид, Винициус Жуниор, кој поради добрите игри за шпанскиот состав доби повик во репрезентацијата на „кариоките“, таму има само епизодна улога, анализираат медиумите во Шпанија. Бразилецот кој за неговата земја има одиграно само 27 минути, на последната средба со Колумбија остана на клупата за резерви. Засега селекторот на Бразил го користи Винициус како трета варијанта за неговата позиција бидејќи во преден план ги има Рафиња од Лидс и Ентони од Ајакс“ – пишува шпанскиот весник –„Спорт“.
Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас, победи на денешната трка во Формула 1 која беше возена на патеката во Истанбул за Големата награда на Турција. Финецот од стартот до крајот на трката ја искористи пол-позицијата и не им дозволи на конкурентите да се наметнат. Втор низ целта помина Холанѓанецот, Макс Верстапен со болидот на Ред Бул додека третото место го освои неговиот клупски колега, Мексиканецот, Серхио Перез. Натаму во Топ 10 влегоа и: Леклер, Хамилтон, Гасли, Норис, Саинц, Строл и Окон. Наредната трка во Формула 1 ќе биде реализирана на 24 октомври во САД. од
Капитенот, Стефан Ристовски, на прес-конференција пред дуелот со Германија, нагласи дека треба да се излезе на теренот со максимална дисциплина во сите сегменти. „Денеска сите сакаат да играат фудбал без разлика на големината на противникот. Нормално секој селектор си има идеи. Ние сме професионалци, тука сме да излеземе, да тренираме, да анализираме, да изгледа на подобар начин.Теренот е најдобар показител и наше е да одговориме со тактичка дисциплина.“ – рече Ристовски. „Горан недостасува и ќе недостасува. Целта ја постигна и нема на што да се враќаме. Барди е ок, значаен играч, жал ми е што нема да присуствува. Ако не е…
Македонија утре ќе ја пречека Германија во новата рудна од квалификациите за Мундијалот а селекторот Благоја Милевски очекува да бидат исполнети сите задачи и да се продолжи серијата без пораз. „Секој натпревар има тежина, секој меч е приказна за себе. Нема опуштање и притисок. Мора да бидеме на врвно ниво со тактичката дисциплина како поединечно така и тимски. Го респектираме противникот, одличен тим со врни фудбалери“ – вели Милевски. „Имаме шест млади играчи. Од нив зависи како ќе се наметнат. Во создавање сме на нова физиономија на тимот кој ќе биде конкурентен за ЕП 2024 во Германија. Поддршката ни е…
Нашите најдобри ракометарки денеска во Никшиќ од 20.30 часот ќе го одиграат вториот меч против Црна Гора во рамките на ЕХФ Евро купот. За разлика од првиот во Скопје кој им припадна на Црногорките со 29: 21, денеска селекторот Савевски ќе ги нема повредените Сара Ристовска и Елена Ѓорѓиевска . Ќе потсетиме дека Македонија, Црна Гора и Словенија, ќе го организираат наредното Европско првенство кое треба да се реализира од 4 до 20 ноември во 2022 година.
