Нашите најдобри ракометарки денеска во Никшиќ од 20.30 часот ќе го одиграат вториот меч против Црна Гора во рамките на ЕХФ Евро купот.
За разлика од првиот во Скопје кој им припадна на Црногорките со 29: 21, денеска селекторот Савевски ќе ги нема повредените Сара Ристовска и Елена Ѓорѓиевска .
Ќе потсетиме дека Македонија, Црна Гора и Словенија, ќе го организираат наредното Европско првенство кое треба да се реализира од 4 до 20 ноември во 2022 година.