Author: dino

Феликс Брих еден од најбрите фудбалски судии не е запишан на листата на  ФИФА за 2022 година откако неговата матична федерација се одлучи да го избрише неговото име од пријавата. Тоа значи дека Брих по цели 14 години нема да има активности на тревнатите терени. Тој има судено на 65 натпревари во Лигата на шампионите меѓу кои влегува и финалето во Лигата на шампионите во 2017 година меѓу Реал Мадрид и Јувентус.

Read More

Најсовремената тренинг база на Манчестер Јунајтед во случај на воена состојба ќе се претвори во нива за компири!. Тајната ја откри легендарниот тренер на „црвените ѓаволи“,  Сер Алекс  Фергуна кој објасни дека тоа се должи на специјалната клаузула во договорот за откуп на земјиште на која во моментов е изградена базата на Јунајтед. „Кога дојдов во клубот Клиф (старата база на клубот), се беше одлично. Клубот почна да расте. Моравме да направиме дополнителни соблекувални за играчите. Тогаш почнав да размислувам за место околу Манчестер за да изградиме нова база за тренинзи“ – се потсети легендарниот Шкотланѓанец. „Површината што ја зедовме…

Read More

Луѓето од Ливерпул размислуваат да го привлечат фудбалерот на австрискиот Салцбург, Карим Адејеми, јавија дел од медиумите. Наводно, 19-годишниот Германец сака да ја промени средината и за него се заинтересирани екипите на Баерн Минхен, Борусија Дортмунд и РБ Лајпциг. Неговата трансферна цена е околу 20 милиони евра . Договорот на играчот со клубот е до 2024 година. Адејеми во сезонава одигра 16 натпревари на сите турнири и постигна 11 гола. Се проценува дека Ливерпул прво ќе ги испита сите опции за ангажман на Адејеми a потоа ќе испрати конкретна понуда.

Read More

Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах сака да прима плата од 380.000 фунти неделно според неговиот нов договор, пренесува –„ Independent“. 29-годишниот Египќанец, чиј актуелен договор истекуваво  летото во 2023 година, сака неговиот нов договор да го потврди неговиот статус како еден од најдобрите фудбалери во англиската Премиер лига. Деновиве двете страни ги продолжуваат разговорите и се надеваат дека ќе постигнат разбирање. Во последните месеци, Ливерпул продолжи да потпишува нови договори со голем број водечки играчи на тимот, вклучувајќи ги Вирџил Ван Дајк и Џордан Хендерсон.

Read More

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Едисон Кавани одби да ги коментира гласините за можно заминување од тимот. „Тоа се случува во фудбалот. Понекогаш играте повеќе, понекогаш помалку, тренерот треба да одлучи. Има многу гласини, но, не треба да им обрнувате многу внимание. Главната работа е да бидете подготвени и да ја искористите шансата“ – вели Уругваецот. „Сезоната само што започна, нема да шпекулирам за трансфер иако сите сакаат да дискутираат и секогаш ќе разговараат на темата, исто како и печатот” – вели Кавани за – „Манчестер Ивнинг Њус“.

Read More

Нашата фудбалска репрезентација У-19 ја чекаат два пријателски меча против соодветната селекција на Турција. На ФФМ тренинг центарот „Петар Милошевски“ – Скопје, избраниците на селекторот, Дашмир Беари, првиот дуел ќе го реализираат на 8 октомври во 14.00 часот додека втората контролна пресметка е закажана за 11 октомври со почеток во 14.30 часот. „ Дуелите со Турција ќе бидат наша последна проверка пред квалификацискиот турнир што не очекува во ноември. Не треба да се трошат зборови за Турција, се работи за селекција која располага со огромен квалитет и потенцијал. Добро се подготвуваме, имаме одличен состав, задоволен сум од пристапот на моите…

Read More

Тренерот на ракометарите на Вардар, Веселин Вујовиќ, проговори за можноста Игор Карачиќ да се врати во Скопје. Хрватот кој беше дел од сите историски успеси на „црвено-црните“,  во 2019 година замина во Кјелце. „Не само Игор, туку многу од нив. Во моментите кога се освојуваа европските титули, кога тренери беа Раул и Парондо а играа  Душебаев, Циндриќ, Криштопанс и така натаму, би сакал сите да ги видам во Вардар“ – вели Вујовиќ. „Меѓутоа невозможно е да ги вратиме и да создадеме таква екипа. Ако успееме да го вратиме Карачиќ, тоа би било неверојатно . Сепак, тоа не е реална опција,…

Read More

Тенисерот, Доминик Тим, кој се наоѓа на осмото место на АТП листата,  нема да мора да оди на операција на на зглобот. Тој поради повредата добиена во јуни на турнирот во Мајорка, мораше прво да ги пропушти настаните на Вимблдон а потоа не беше во можност да ја брани и титулата на Грен Слемот во САД. „Бев на прегледи во Белгија за да видам дали ќе биде неопходна операција на зглобот, за среќа добив добри вести. Нема потреба од операција”, напиша Австриецот на социјаната мрежа – „Твитер“.

Read More

Фудбалерот на Барселона, Миралем Пјаниќ, кој беше испратен на позајмица во Бешикташ, отворено проговори за лошата ситуација на стадионот – „Кам Ноу“. Тој во разговор за – „Беин Спорт“ истакна дека најверојатно Куман е главниот проблем во шпанскиот тим и дека тоа треба веднаш да се промени со ново име на клупата. „Барселона поминува низ тежок период. Јасно е дека навивачите се разочарани од резултатите и тоа прави притисок врз фудбалерите. Таму треба да има вистински лидер“ – вели Пјаниќ. Интернационалецот од БИХ има кој одиграно 30 натпревари за Барса,  има  договор со каталонскиот клуб до 2024 година.

Read More

Челниците на фудбалскиот состав Интер се договориле со голманот на Ајакс, Андре Онана, од наредната сезона да ги брани боите на „нероаѕурите“, објавија денеска медиумите во Италија. Сегашниот чувар на мрежата на „копјаниците“, ќе треба да го замени Самир Хандановиќ,  кој ја одработува последната сезона во италијанскиот состав. Во моментов не се наведува висината на трасферот ниту детали од договорот кој ќе му го понуди Интер на црномурестиот голман од Камерун.

Read More