Author: dino

Доколку Пол Погба се определи догодина да го напушти Манчестер Јунајтед, тогаш челниците на англискиот фудбалски состав ќе се обидат да дојдат до потписот на Френ Кеси, кој исто така ја реализира последната сезона во Милан. Наводно, Французинот нема намера да ја продолжи соработката а „црвените ѓаволи“ уште од сега се подготвуваат за такво сценарио и планираат негова замена. „Калчомеркато“ пренесува дека тимот од „Олд Трафорд“ има реални шанси да го купи репрезентативецот на Брег Слонова коска иако за потписот на Кеси ќе конкураат уште неколку екипи.

Read More

Унијата на кошаркари и челниците на НБА постигнаа договор дека секој кошаркар кој ќе пропушти натпревар бидејќи не е примил вакцина, нема да биде платен за тој меч. Според проценките, повеќе од 90 проценти од играчите се вакцинирани додека помал број не сакаат даго направат тоа. Колку одлуката ќе удри по кошаркарите, наведен е примерот на Кајри Ирвинг. Тој за секој пропуштен натпревар на Бруклин ќе остане без 380.000 а доколку не игра во поголемиот дел од годината ќе загуби речиси 15 милиони долари.

Read More

Поранешниот напаѓач на Барселона, Луис Суарез, кој сега ги брани боите на Атлетико Мадрид, изјави дека некогашниот прв човек на Каталонците и тренерот, Роналд Куман, го третирале како мало дете. „ За моето заминување еднаква одговорност имаат поранешниот претседател Бартомеу и Куман кој со мене се однесуваше како да имам 15 години. Што се однесува до актуелната ситуација, војната меѓу Лапорта и Куман влијае во  соблекувалната –потенцира Уругваецот. Суарез воедно проценува дека легендарниот играч на Каталонците, Чави, не треба да се врати на „Kамп Ноу“ во улога на тренер бидејќи целата ситуација е крајно компликувана.

Read More

Навивачите на ПСЖ не се задоволни од игрите на Бразилецот Нејмар и бараат тој да седне на клупата за резерви а неговото место да го добие Мауро Икарди. Во анкетата на реномираниот  -„Лекип“, дури 67 проценти од фановоите на „светците“ одговориле дека напаѓачот треба да биде резерва додека 28 проценти се изјасниле дека треба да игра во првиот тим. Нејмар во тековнава сезона одигра пет средби во домашното првенство со само еден гол додека во Лигата на шампионите во првите две кола не успеа да се запише во листата на стрелците.

Read More

Македонската фудбалска репрезентација в петок на 8 октомври ќе гостува кај селекцијата на Лихтенштајн во рамките на квалификациите за Мундијалот во Катар. Нашиот интернационалец, Боби Николов, вели дека со максимална сериозност треба да влеземе во натпреварот. „Денеска секој може секого да победи. Ние сме поквалитетни од нив и за тоа не треба да се зборува. Ако сме 100% фокусирани мислам дека нема да имаме проблем“ – изјави Николов и се насочи кон работата со новиот селектор. „Благоја Милевски  добро го познавам, со него соработував пет години. Има негов стил на работа и секогаш оди до крај. Со победа во Лихтенштајн,…

Read More

Нашиот фудбалски репрезентативец, Милан Ристовски, вели дека претстојната средба на теренот Лихтенштајн во квалификациите за Мундијалот е многу значајна и дека сите мисли се насочени кон трите бода. „Ако победиме на тој меч ќе влеземе со одлична атмосфера на дуелот со Германија. Нема лесен или тежок натпревар. Наше е да го дадеме максимумот и се надевам дека ќе оствариме добар резултат. Чест е да се игра за репрезентацијата“ – вели Ристовски. Македонија мечот во Лихтенштајн ќе го одигра на 8 октомври а три дена подоцна ќе ја пречека Германија во Скопје.

Read More

Младата фудбалска ѕвезда во редовите на ПСЖ, Килијан Мбапе, откри зошто сакал да го напушти францускиот состав. „Побарав да заминам бидејќи сакав клубот да има трансфер обештетување со кое ќе може да донесе квалитетна замена. Не е точно дека сум одбил неколку понуди за нов договор“ – вели репрезентативецот на „Галските петли“. „Клубот многу ми даде. Тука сум четири години. Тоа го почитував и затоа реков: „ако не сакате да си заминам, ќе останам“ – потенцираше Мбапе.

Read More

Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Гери Невил, нагласи дека тренерот на „црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солскјер, мора да разговара со Кристијано Роналдо за неговата реакција по мечот со Евертон. „Роналдо излегува од теренот и сам со себе си зборува. Тоа носи многу прашања. Што зборува? Од кој е незадоволен? Тоа може да се одрази само на тренерот“  – вели поранешниот репрезентативец на „Гордиот Албион“. „Мислам дека Солскјер ќе мора да се соочи со Роналдо и ситуацијата ќе мора да се реши многу брзо. Кристијано нема да молчи и сигурно ќе каже што му пречи“ – вели Невил.

Read More

Фудбалскиот состав Ватфорд успеал да го ангажира италијанскиот стратег, Клаудио Раниери, најавија денеска медиумите на Островот. Иако англискиот тим не ја потврди информацијата, се претпоставува дека Раниери ќе добие договор за најмалку две сезони. Ќе потсетиме дека трофејниот тренер во сезоната 2015/16, успеа на Лестер да му ја донесе историската титула во Премиер-лигата. Ватфорд во моментов се наоѓа на 15-то место на табелата со 2 победи 1 реми и четири порази.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, го искористи фантастичниот гол на Мохамед Салах на дербито со Манчестер Сити, да ги „допре“ големите ѕвезди, Кристијано Роналдо и Лео Меси. „Ако  Кристијано или Меси постигнат таков гол, тоа ќе биде протолкувано дека е светска класа. Салах го даде затоа што е исто така светска класа. Неверојатен гол! Луѓето долго ќе зборуваат за погодокот, сигурно во наредните 50 или 60 години, навивачите ќе го паметат“ – изјави германскиот стратег. Ќе потсетиме дека дербиот на Англија меѓу Ливерпул и Манчестер Сити одиграно на „Енфилд“ заврши нерешно 2:2.

Read More