Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, пред денешниот дуел во Лигата на Шампионите вели дека нема идеја како да ја запре ѕвездената напаѓачка тројка на ПСЖ. „Навистина не знам како да ги неутрализираме Меси, Мбапе и Нејмар. Мораме добро да се браниме и да се обидеме да направиме притисок“ – вели Шпанецот. „Не можев да замислам дека Меси ќе игра за друг состав освен за Барселона. Се надевам дека ќе биде спектакл и дека Меси ќе може да игра“ – вели Гвардиола.
Author: dino
Тренерот на фудбалерите на Милан, Стефано Пиоли, вели дека неговиот тим е подготвен за денешниот дуел со Атлетико Мадрид во рамките на второто коло во Лигата на шампионите. Пред средбата која ќе биде одиграна од 21.00 часот на теренот во Милано, домашниот стратег нагласи, дека се извлечени поуки од претходниот пораз на гостувањето кај Ливерпул. „По наши грешки примивме голови на Енфилд. Мораме да играме на многу високо ниво – едноставно и брзо“ – рече Пиоли.
Фудбалерот на Реал Мадрид, Брахим Диаз, кој игра како позајмен во екипата на Милан, изјави дека сака да остане во редовите на „росонерите“ со перманентен договор и дека нема желба да се врати во Шпанија. „Милан е одличен клуб, ја чувствувам поврзаноста на фановите. Имав одлични моменти во претходната година“ – вели напаѓачот. „Таквата ситуацијата продолжува и сега. Навистина сум среќен тука и сакам да останам“ – рече Диаз.
Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд , кој се опоравува од операцијата на рамото, објави на социјалните мрежи дека наскоро може да му биде дозволено да започне со тренинзи. Фудбалерот во претходната сезона одигра 57 средби во сите конкуренции со ефект од 21 гол и 15 асистенции. Англискиот клуб во изминатата сезона стигна до финалето на Лига Европа. На крајот на јули беше објавено дека Англичанецот поради проблеми со рамото ќе пропушти околу три месеци од новата сезона.
Челниците на Тотенхем планираат да го ангажираат младиот фудбалер на Астон Вила, Оли Воткинс, доколку првата ѕвезда на тимот, Хари Кејн, се определи да си замине во текот на наредното лето. Воткинс пред сезоната се пресели од Бренфорд на „Астон Парк“ и веднаш ги покажа неговите одлични квалитети. Тој на 43 меча успеа да постигне 16 голови и за запише 5 асистенции. Се претпоставува дека Кејн ја реализира последната сезона кај „спарси“ и дека во 2022 година ќе замине во друг состав.
Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд , кој се опоравува од операцијата на рамото, изјави дека наскоро може да му биде дозволено да започне со тренинзи. Фудбалерот во претходната сезона одигра 57 средби во сите конкуренции со ефект од 21 гол и 15 асистенции. Англискиот клуб во изминатата сезона стигна до финалето на Лига Европа. На крајот на јули беше објавено дека Англичанецот поради проблеми со рамото ќе пропушти околу три месеци од новата сезона.
Фудбалерот на Рома, Николо Заниоло играше кој имаше непримерна гестикулација кон фановите на Лацио на неделното дерби во Серија „А“, веројатно ќе заработи казна од италијанската федерација, наведуваат медиумите во Италија. Тој во 77. минута додека заминуваше кон соблекувалната се конфронтираше со навивачите на Лацио што беше видливо и на малите екрани. Се претпоставува дека играчот на „волчицата“ ќе добие забрана за настап на неколку мечеви или евентуално праична казна. Не се исклучува можноста и за двете варијанти.
Кошаркарите на МЗТ Скопје го освоија Супер-купот кој го носи името – „Драган Василов Цевка“ откако во интересен го совладаа составот на Работнички со 79 спрема 78. Во победничкиот состав најпрецизен беше Мекиќ со 27 поени додека Дамјан Стојановски реализираше 16-ет. Кај составот од Градски парк се издвоија Мустафица со 24 и Емерсон со 23 кошеви. Кај кошаркарките во Супер-купот, екипата на Бадел го совлада Баскет Кам со 88 спрема 72.
Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, изјави дека неговиот главен ривал за титулата во тековнава сезона, Макс Верстапен од тимот на Ред Бул, е под голем притисок. Според Луис, Холанѓанецот е во позиција за првпат во кариерата да биде конкурентен за пехарот. „Се сеќавам како ми беше кога првпат влегов во таква битка. Беше тешко, бараше многу интензитет, доживеав многу различни емоции“ – вели Хамилтон. „Знам дека има големи очекувања и голема напнатост бидејќи желбата за победа е огромна. Го разбирам “ – рече 36-годишниот Британец. Пред неделната трка во Русија, Верстапен води со 5 бодови пред Хамилтон.
Екипата на Чикаго со 100 проценти вакцинирани хокеари ги започна активностите во тренинг кампот пред почетокот на возбудувањата во НХЛ. „Сезоната нема да биде лесна за тимовите кои имаат играчи без вакцини. Ситуацијата покажува дека нашите играчи сакаат да го зачуваат нивното здравје” – изјави тренерот, Стен Боман. Според новите правила, за време на глобалната пандемија со „Ковид-19“, тимовите ќе можат да ги прекинат договорите со играчите кои не се вакцинирани. Во исто време НХЛ, објави, дека очекува најмалку 98 проценти од хокеарите во целата Лига да бидат вакцинирани до првиот сезонски натпревар.
