Author: dino

Тренерот на фудбалерите на Јувентус, Масимилијано Алегри планира да му даде пауза на голманот Војчех Шчесни за претстојниот натпревар против Сампдорија и на неговото место да го пушти Матијас Перин. Алегри беше подготвен за сличен потег и претходно, но, претпочиташе да му даде шанса на Шчесни да се рехабилитира за лошите интервенции што ги направи во почетокот на сезоната. Полјакот на натпреварите со Удинезе и Наполи направи големи грешки и дозволи лесно да се затресе неговата мрежа со што предизвика жестоки реакции кај фановите на „старата дама“.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Рома, Жозе Мурињо, реагира на вчерашното исклучување на капитенот на „волчицата“,  Лоренцо Пелегрини, на средбата со Удинезе. Дефанзивецот во финишот на мечот заработи втор жолт картон поради удирање противнички играч со лакт и затоа ќе мора да го пропушти градското дерби со Лацио. „Не ги знам легалните механизми во италијанскиот фудбал, но, ако можеме да се жалиме, треба да пробаме да го направиме тоа.  Се сомневам дека Пелегрини заслужи црвен картон. Би сакал да го имам за мечот со Лацио“ – изјавил Португалецот.

Read More

Поранешниот фудбалер на Арсенал, Реј Парлор, кој беше дел од генерацијата што ја освои титулата во Премиер-лигата без пораз, вели дека „топчиите“ треба да го купат играчот на Брајтон, Ив Бисума, кој неколку години настапува во Англија. „Бисума ги има сите квалитети. Одлично ја конторлира топката, може да асистира и самиот да постигне гол. “ – вели Реј. „Во иднина очекувам многу од Бисума. Тој има само 25 години и допрва ќе го покаже најдоброто“ -изјавил Парлор кој има реализирано 339 средби за Арсенал и постигнато 9-ет голови.

Read More

Првиот човек на фудбалскиот состав Челзи, Роман Абрамович, има намера да го купи дефанзивецот на Јувентус, Матијас де Лихт. Според наводите во медиумите, рускиот милионер ќе понуди големи 150 милиони евра за потписот на Холанѓанецот доколку од тимот со замине Антонио Рудигер за кого се заинтересирани Реал Мадрид, ПСЖ и Баерн Минхен. Де Лихт има договор со Јувентус до 2024 година.

Read More

Францускиот напаѓач на Реал Мадрид, Карим Бензема, стигна до јубилеен 200-ти гол во Ла Лига на натпреварот против Мајорка со што влезе во клупската историја на „кралевите“. Сега пред него на листата на најдобрите стрелци се само Кристијано Роналдо, Раул Гонзалес и Алфредо Ди Стефано. Бензема по повод јубилеотј доби интересно прашање на кое брзо даде одговор. „Омилен гол? Ќе кажам дека тоа е првиот кој го постигнав во Реал Мадрид против Херез по асистенција на Руд Ван Нистелрој на „Сантијаго Бернабе“- изјави голгетерот за клупската телевизија на „белите“.

Read More

Фудбалерите на Челзи вчераа ја елиминираа Астон Вила во осминафиналето на Карабао Лига Купот а тренерот на „сините“, Томас Тухел,  изјави, дека нема намера да тактизира во ниту една конкуренција алудирајќи на мотивот за победа и ротациите во тимот. „Премиер лигата или Лигата на шампионите, не се пред другите натпреварувања. Ние сакаме да имаме победнички менталитет за секоја средба“- изјави Тухел. Лондончани во наредната рунда во Купот на Англија ќе играат на домашен терен против Саутемптон.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Рома, Жозе Мурињо, изјави дека поразот од Верона во текот на изминатиот викенд треба да го мотивира тимот да игра далеку подобрo на наредните мечеви. Рома одлично ја започна сезоната со шест последователни победи под водство на Мурињо, но, во неделата изненадувачки загуби од Верона комплетен пресврт. „Одигравме слабо и загубивме од Верона, што е тажно. Но, поразот не смее да донесе немир во тимот. Не треба да жалиме и да сме депресивни. Треба да го претвориме во мотивација за претстојните натпревари“ – вели Мурињо.

Read More

Капитенот на Вест Хем, Марк Нобл, е убеден дека фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Џеси Лингард, се обиде да изнуди пенал на вчерашниот меч одигран на Олд Трафорд во рамките на Купот на Англија. Во второто полувреме, Нобл имаше дуел со противничкиот фудбалер во шеснаесетникот, но, судијата не покажа на белата точка. Интересно е тоа што Лингард во претходната сезона играше како позајмен токму за „чеканите“. „Тоа е фудбал, во таа ситуација Џеси симулираше.  Му се налутив и му викав. Смешното е што кога беше со нас, не се однесуваше така а сега тоа го прави во Јунајтед“ – рече Нобл.

Read More

Поранешниот тренер на фудбалерите на Тотенхем, Тим Шервуд, имаше интересна изјава поврзана со Кристијано Роналдо. Тој е сигурен дека Португалецот наскоро ќе биде тренер во Манчестер Јунајтед. „Го гледам Роналдо како тренер на неговиот сегашен тим. Тоа ќе се случи за 18 месеци. Неговиот избор ќе биде природен во моментот кога ќе престане да игра фудбал“ – вели Шервуд. „ Доколку Јунајтед ја освои Премиер лигата, Лигата на шампионите, ФА купот, Солскјер најверојатно ќе остане, но, ако тоа не се случи, мислам дека ќе има нов тренер “ – рече Шервуд.

Read More

Фудбалерите на Аталанта вчера во Бергамо го победија тимот на Сасуоло со 2:1 во рамките на 5-то коло во Серија „А“. Домашниот тренер, Жан Пјер Гаспарини, вели дека не е многу задоволен од прикажаното. „Добар натпревар, Сасуоло има брз и технички тим со одлични млади напаѓачи. Во второто полувреме играта не ни одеше“ – вели Гасперини. „Нашите проблеми се познати – недостаток на острина и едноставни грешки во додавањата. Немаме прецизност во завршницата“ – потенцира тренерот на Аталанта.

Read More