Author: dino

Гистикулациите на Кристијано Роналдо во финишот на мечот со Јанг Бојс во Лигата на шампионите кога практично ја презеде улогата на тренер го изнерирале , легендардниот Рио Фердинанд. „Да сум тренер, би му рекол веднаш да седне. Тој е страстен, очајно сака да победи и не може да се воздржи. Мислам дека таа постапка не е во ред“, вели Фердинанд. „Црвените ѓаволи“ го загубија првиот меч во Лигата на шампионите на теренот на Швајцарците со 2 спрема 1 иако Роналдо прв го отвори резултатот.

Read More

Германскиот фудбалски состав Хофенхајм ја обнови соработката со играчот од средниот ред, Денис Гајгер, за уште една година или до 2023-та, објави бундес-тимот. 23-годишниот играч кој потекнува од Академијата на Хофенхајм  пред четири години дебитираше за сениорскиот состав.  Поранешниот капитен на младинската репрезентација на Германија има одиграно 57 натпревари Хофенхајм. Спортскиот директор ,Александар Розен, рече дека развојот на Гајгер во клубот е „исклучителен“ додека самиот фудбалер наведе дека Хофенхајм е идеално место за негов развој.

Read More

Новото засилување на фудбалскиот состав Рајо Валјекано, Радамел Фалкао е убеден дека половина од Колумбиците ќе ги гледа натпреварите на неговиот тим. „Знам дека колумбискиот народ ќе не поддржи Рајо и мене. Се надевам дека ќе донесам голема радост на теренот. На стадионот ќе има многу Колумбијци“ – вели Фалкао. „Имаме големи цели во Ла Лига. Очекувам да помогнам со сето мое искуство. Исто така, се надевам дека ќе постигнам многу голови. Нема да ми треба многу време за да се адаптирам“ – рече Фалкао

Read More

Дефанзивецот на фудбалскиот состав Милан, Фикакио Томори, призна дека не размислува за враќање во неговиот поранешен клуб Челзи. Тој, исто така, изрази надеж дека „росонерите“ во наредните години би можеле да освојат многу трофеи и да ја освојат и Лигата на фудбалските шампиони. „ Враќање во Челзи ? Сега се чувствувам одлично во Милан и го сакам тимот. Сега сум многу среќен. Конечно сме во Лигата на шампионите и можеби можеме да ја освоиме“ – вели Томори.

Read More

Менаџерот на Челзи, Томас Тухел, пред дербито со Тотенхем, вели дека неговиот тим нема да има предност бидејќи „спарси“ се соочуваат со голем број на повредени фудбалери. „Сините“ во дербито на северен Лондон в недела ќе гостуваат на стадионот Тотенхем а менаџерот на домаќините, Нуно Еспирито Санто не може да ги користи услугите на повредените: Хјун-Мин Сон, Ерик Даер, Рајан Сесењон, Лукас Моура и Стивен Бергвајн. „Секогаш е тешко да се игра со Тотенхем. Имаат нов менаџер кој им носи енергија. Навивачите на мечот со Манчестер Сити направија одлична атмосфера“ – вели Тухел.

Read More

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер, беше разочаран по вечерашниот пораз од Јанг Бојс во првото коло од Лигата на фудбалските шампиони. Неговиот тим поведе со голот на Кристијано Роналдо, но, по исклучувањето на Ван Бисака и големата грешка на Лингард во финишот на мечот, Швајцарците ги освоија бодовите. „Сите направивме грешка вечерва – нема да го обвиниме Лингард. Почнавме добро во второто полувреме. Во наредниот натпревар ќе се обидеме да стигнеме до три бода “ – рече играчот на „црвените ѓаволи“.

Read More

Дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике, по стартниот пораз од Баерн Минхен на  домашен терен во Лигата на фудбалските шампиони, вели дека тимот го очекува долга и тешка сезона. „Ќе продолжиме да се натпреваруваме. Првиот гол беше несреќен момент, но, вториот нè шокираше сите“ – потенцираше Пике. „Ќе се обидеме да бидеме подобриме во наредните натпревари. Сигурен сум дека ќе се бориме за сите трофеи“– изјави ветеранот во редовите на Каталонците.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, застана во одбрана на бекот Арон Ван-Бисака кој беше исклучен на дуелот со Јанг Бојс и на Џеси Лингард кој направи голема грешка за вториот гол на домашниот состав. „Секој може да погреши. Тоа е дел од играта. Ќе извлечеме поука од поразот во Швајцарија и ќе продолжиме понатаму “ –  нагласи Норвежанецот. Англичаните вчера загубија од Јанг Бојс со 2 спрема1 на стартот на групната фаза во Лигата на шампионите иако први обезбедија предност со голот на Кристијано Роналдо.

Read More

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, очекува спектакуларен натпревар против Милан во рамките на првото коло во групната фаза во Лигата на фудбалските шампиони. „Милан игра одлично во сезонава. По неколку години се врати во ЛШ. Ќе биде тежок натпревар за двете екипи“ – потенцираше Германецот „Играме во тешка група. Тука се Атлетико Мадрид и Порто. Нашата цел е да освојуваме бодови. Очекуваме така да започнеме“ – нагласи тренерот на „црвените“ пред дуелот на „Енфилд“.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Лацио, Маурицио Сари, кој на неделното дерби со Милан заработи црвен картон откако имаше вербална расправија со главниот судија и со Златан Ибрахимовиќ, ќе мора ќе ги пропушти наредните два меча во Серија „А“. Тоа значи дека 62-годишниот тренер нема да седи на клупата на „лацијалите“ на средбите со Калјари и Торино. Искусниот тренер ќе ја одлежи казната до 26 септември што значи дека тогаш ќе може да го води тимот на градското дерби против Рома.

Read More