Фудбалерот, Жоржино Вајналдум, кој по пет години го напушти Ливерпул и се пресели во редовите на ПСЖ, вели дека „црвените“ имале игноратски однос кон него иако изразил желба да остане на „Енфилд“. „Во таков случај го следите инстинктот. Ливерпул не ми покажа дека сака да ме задржи, затоа морав да одам напред“ – вели Холанѓанецот кој во текот на летото се пресели на „Паркот на принцовите“ иако имаше понуда од Барселона. Вајналдум во дресот на Ливерпул одигра 179 средби на кои постигна 16 голови.
Author: dino
Спортскиот директор на Пари Сен Жермен, Леонардо, ги отфрли сите комбинации поврзани со евентуалното заминување на Килијан Мбапе кој влезе во последната сезона од договорот со францускиот состав. Иако сите зборуваат дека брзоногиот напаѓач во текот на наредното лето ќе замина во редовите на Реал Мадрид, Леонардо е убеден во спротивното. „Мислам дека Килијан нема да го напушти клубот. Ние имаме приоритет да му обезбедиме нов договор. Не можеме да замислиме дека ќе си оди“ – нагласи Леонардо.
„Баерн Минхен во моментов е подобра екипа од нас, има голема разлика во кавлитетот на фудбалерите“ – изјави тренерот на Барселона, Роналд Куман, по вчерашниот пораз на домашен терен во Лигата на шампионите. „ Заслужено не победија. Мечот го завршивме со неколку млади играчи кои имаат по 18 години. Навивачите треба да ја согледаат нашата ситуација. Верувам дека работите ќе се менуваат- вели Холанѓанецот. Барселона вчера направи неславен рекорд откако за првпат во историјата не упати шут во рамките на голот на противникот.
Тренерот на ракометарите на Вардар, Веселин Вујовиќ, пред заминувањето за Норвешка на дуелот со Елверум на стартот на новата сезона во Лигата на шампионите, вели дека мора прво да се испочитуваат сите Ковид протоколи а потоа да се мисли за мечот. „Јас се уште не ја знам вистинската сила на мојот тим. Не играњето на Ф4 во СЕХА лигата и два силни меча против европски екипи не ми даваат показател за тимот. Ги немаме Кудуз и Гурбиндо кои сезонава играа на неколку натпревари. Едниот поради повреда, другиот поради некои други причини. Тука се браќата Њокас, кои сепак ќе имаат само…
Легендата на Рома, Франческо Тоти, имаше само убави зборови за новиот тренер на „римската волчица“, Жозе Мурињо. Така наречениот „принц“ на Рим кој целата кариера ја помина во Рома и одигра 785 натпревари, отворено го пофали Португалецот за неговата способност да ги мотивира фудбалерите. „Мило ми е што одбра да дојде во Рим. Станува збор за флексибилен тренер кој освои многу. Тој е исклучителен, знае како да го мотивира тимот и да ги штити играчите. Тоа е многу значајно за град како Рим“ – рече Тоти во интервјуто за „ Газета дело Спорт “.
„Сакам да бидам успешен, сакам да освојувам трофеи, сакам нашите навивачи да бидат ентузијасти и да веруваат во нас“ – потенцираше тренерот на фудбалерите Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман, во интервјуто за – „UEFA.com“, пред стартот на Лигата на шампионите. Фудбалскиот стратег кој е роден во Ландсберг на 65 километри од Минхен, го презеде кормилото на Баварците во текот на летото откако Ханси Флик седна на клупата на германската фудбалска репрезентација. Нагелсман кој кариерата ја започна во Аугсбург, имаше успешни епизоди со екипите на Хофенхајм и на Лајпциг.
Првиот човек на Астон Мартин, Лоренс Строл, очекува четирикратниот светски шампион Себастијан Фетел да остане во неговата екипа и во наредната сезона во Формула 1 шампионатот. „Решени сме да продолжиме со него и во наредната сезона. Можеби соработката ќе трае и подолг период“ -искоментира канадскиот милијардер. Ќе потсетиме дека 34-годишниот Германец пред стартот на сезоната го напушти Ферари и седна во болидот Астон Мартин. Тој по 14 трки го зазема 12 -то место во генералниот пласман кај возачите.
Тренерот на фудбалерите на Челзи, Томас Тухел, пред денешниот меч со рускиот Зенит во групата „Х“ на стартот на новата сезона во Лигата на шампионите, потенцира, дека квалитетот на екипите не дозволува да се идвои посебен фаворит за победничкиот пехар. „Ќе треба многу среќа и навистина добар тим за да се дојде до титулата. Има многу изедначени екипи, ќе биде тешко да се дојде до врвот“ – вели Тухел. Германскиот стратег во претходната сезона успеа да се израдува на победничкиот пехар во ЛШ откако во финалето неговите избраници го совладаа составот на Манчестер Сити.
Тренерот на фудбалерите на Верона, Еузебио Ди Франческо, доби отказ по само 3 натпревари и исто толку порази во Серија „А“, објави денеска италијанскиот состав на официјалната веб -страница. Верона која вчера загуби од Болоња со 1-0, претходно претрпе порази од Сасуоло и од шампионот Интер. Ди Франческо летово пристигна во Верона како наследник на Иван Јуриќ, кој се пресели во Торино. Ди Франческо по трет пат добива отказ без да може да ја заврши целата сезона. Тоа му се случи со Сампдорија и Калјари.
Француските ракометари, Кевин и Оливие Њокас, официјално го облекоа дресот на нашиот шампион Вардар 1961. Тие пред сезоната дојдоа во Металург, но, таа соработка кратко траеше по што бековите се преселија во СЦ „Јане Сандански“. Двајцата од денеска ќе му бидат на располагање на тренерот Веселин Вујовиќ и тоа пред стартот на новата сезона во ЛШ. Оливие треба да ја засили десната бековска позиција додека неговиот брат игра како лев бек.
