Тренерот на ракометарите на Вардар, Веселин Вујовиќ, пред заминувањето за Норвешка на дуелот со Елверум на стартот на новата сезона во Лигата на шампионите, вели дека мора прво да се испочитуваат сите Ковид протоколи а потоа да се мисли за мечот.
„Јас се уште не ја знам вистинската сила на мојот тим. Не играњето на Ф4 во СЕХА лигата и два силни меча против европски екипи не ми даваат показател за тимот. Ги немаме Кудуз и Гурбиндо кои сезонава играа на неколку натпревари. Едниот поради повреда, другиот поради некои други причини. Тука се браќата Њокас, кои сепак ќе имаат само еден тренинг и не знам во каква физичка кондиција се“ – вели Вујовиќ.
„Се среќаваме со екипа што игра врвен ракомет како и сите нордиски, играат модерно, многу трчаат, имаат креативни играчи. Ќе биде тежок натпревар. Би било добра првиот чекор во ЛШ да го почнеме со победа, но, сега навистина не можам да кажам дека Вардар е фаворит “ – потенцираше вујовиќ.