Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ, поради непримерно однесување во финалето против Данило Медведев на терените во Њујорк, заработи казна од 5000 долари. Лидерот на АТП листата по поразот од Русинот, на успеа да го повтори успехот на Род Лејвер од 1969 година и да победи на сите четири Грен Слем турнири во една календарска. Згора на тоа, Ѓоковиќ не успеа да ги надмине Роџер Федерер и Рафаел Надал кои заедно со него имаат по 20-ет пехари од големите турнири.
Author: dino
Легендарниот фудбалер на Челзи и на Англија, Џон Тери, може да го наследи на кормилото на Нотингем Форест, Крис Хатон. „Чекам можност за ангажман, идејата беше да се повлечам и да поминам една година со фамилијата“ – изјави Тери. „Помина месец од новата сезона. Сигурен сум дека ќе се отвори простор за работа. Сите знаат дека ја сакам Астон Вила, но, сакам да бидам прв тренер“ – вели поранешниот репрезентативец на „Гордиот Албион“.
Напаѓачот на Челзи, Тимо Вернер, најверојатно ќе се врати во Бундес-конкуренцијата откако не се наметна во редовите на „сините“. По доаѓањето на Белгиецот, Ромелу Лукаку, фудбалерот од Германија главно ја грее клупата и не е задоволен со неговиот статус.Таа ситуација сака да ја искористи Баерн Минхен и да го врати во татковината. Според – „Фудбал Инсајдер“, целиот процес и договор меѓу двата клуба може да се заврши во јануарскиот трансфер период.
Карл Хајнц –Румениге потенцира дека ниту еден состав од Германија нема да го купи Ерлинг Халанд откако во 2022 година „милионерите“ ќе ја активираат неговата откупна клаузула од 75 милиони евра. „Ќе биде многу тешко Халанд да остане во Германија. Кога ќе се активира неговата калузула ќе видиме вистинска аукција“ – потенцираше Румениге. „Клубот што ќе му понуди најголема плата ќе го добие Халанд. Мислам дека тоа не може да го направи ниту еден состав од Бундес-лигата“ – вели Румениге.
Денеска беа одиграни пет натпревари од 6-то коло во првата фудбалска лига на нашава земја. Еве ги резултатите: Академија Пандев – Македонија ЃП 4-1 Борец – Пелистер 2-1 Работнички – Брегалница Ш. 2-0 Струга – Скопје 1-0 Тиквеш – Ренова 0-2 Мечот Шкендија и Шкупи ќе биде одигран на 14 септември. На табелата води Академија Пандев со 13 бодови пред Струга со 12 и Работнички и Ренова кои имаат по 11 бодови.
Даниел Рикардо со болидот на Мекларен победи на денешната трка во Ф1 возена за Големата Награда на Италија. Неговиот клупски колега, Ландо Норис заврши втор додека трет низ целта помина Валтери Ботас од Мерцедес. Трката на патеката во Монца ја одбележа инцидентот во кој учествуваа Макс Верстапен и Луис Хамилтон, кои мораа да се откажат и останаа без бодови. Во топ 10 завршија и Леклер, Перез, Саинц, Строл, Алонсо, Расел и Окон. На табелата, води Верстапен со 226 бодови пред Хамилтон со 221. Наредната трка ќе биде на 26 септември во Сочи за ГН на Русија.
Членот на управниот одбор на Баерн (Минхен), Хасан Салихамиџиќ, го критикуваше капитенот на Борусија Дортмунд, Марко Ројс, кој деновиве поради наводна повреда доби дозвола да ја напушти репрезентацијата на Германија, но, вчера се појави на теренот и одигра цели 90 минути против Баер Леверкузен. Салихамиџиќ рече дека не е првпат играчи од други клубови да ги откажат меѓународните обврски додека Баерн Минхен никогаш не го практикува тоа. Тој го посочи примерот со крилото, Серж Гнабри, кој играше и постигна гол на Исланд иако имаше проблеми со грбот. „Зачудувачки е кога ги пропуштате натпреварите на националната селекција и неколку денови подоцна…
Тренерот на фудбалерите на Интер, Симоне Инзаги, изрази жалење поради ремито 2: 2 на гостувањето кај Сампдорија во денешниот меч од Серија „А“. Неговиот тим двапати водеше, но, домаќините се изборија за еден бод. „Моравме и можевме да го добиеме мечот. Се соочивме со добар тим кој беше добро организиран, згора на тоа повредата на Сенсеине остави со играч помалку. За жал, вестите не се добри“ – вели Инзаги. „Сепак мора да бидеме задоволни. Имаме седум бодови од три натпревари и тоа два беа на гости. Ќе работиме да напредуваме“- вели тренерот на Интер.
Јужно-американската фудбалска конфедерација – КОНМЕБОЛ се изјасни против идејата за одржување на Мундијалот на секои две години. „Светското првенство на секои две години може да го намали квалитетот на најзначајниот фудбалски настан на планетава. Светското првенство е настан што го привлекува вниманието и очекувањата на милијарди луѓе, бидејќи тоа е кулминација на четиригодишниот циклус кој има динамика и привлечност “, се вели во соопштението на КОНМЕБОЛ. „Светското првенство на секои две години ќе го збие календарот и ќе го загрози квалитетот на другите турнири како клупски така и национални. Го поддржуваме актуелниот модел на Светското првенство “ се вели во…
Двократната олимписка шампионка на 100 и 200 метри, Елејн Томпсон-Хера, победи во спринт трката на митингот во Цирих кој е дел од „Дијамантската лига“. Таа патеката ја помина за 10,54 секунди и за само 5. стотинки не успеа да го собори светскиот рекорд на Флоренс Грифит-Џојнер од САД. Сега атлетичарката од Јамајка, вели дека за такво нешто ќе размислува догодина. „Навистина сум среќна иако малку чувствувам замор. Кога би можела да ја опишам сезоната со еден збор: неверојатно, со подеми и падови“ – потенцираше Томпсон.
