Двократната олимписка шампионка на 100 и 200 метри, Елејн Томпсон-Хера, победи во спринт трката на митингот во Цирих кој е дел од „Дијамантската лига“.
Таа патеката ја помина за 10,54 секунди и за само 5. стотинки не успеа да го собори светскиот рекорд на Флоренс Грифит-Џојнер од САД. Сега атлетичарката од Јамајка, вели дека за такво нешто ќе размислува догодина.
„Навистина сум среќна иако малку чувствувам замор. Кога би можела да ја опишам сезоната со еден збор: неверојатно, со подеми и падови“ – потенцираше Томпсон.