Напаѓачот на Вест Хем, Микаел Антонио, е прогласен за најдобар фудбалер во месец август во Премиер лигата. 31-годишниот напаѓач постигна четири голови во првите три натпревари на „чеканите“ и стана најдобар стрелец на тимот во елитната конкуренција на Англија. Вест Хем засега го зазема второто место во табелата. Антонио во изборот беше пред Маркос Алонсо од Челзи, Мејсон Гринвуд од Манчестер Јунајтед, Демараја Греј од Евертин и Ерик Даер од Тотенхем. Антонио утре од 16.00 часот на теренот на Саутемптон во рамките на 4-то коло во Премиер лигата ќе има шанса да ја продолжи голгетерската серија.
Author: dino
Тренерот на фудбалерите на Рома, Жозе Мурињо, кој имаше забележитени резултати со Порто, Интер, Челзи и Реал Мадрид, верува дека може да испише историја и со „римската волчица“ иако многумина велат дека неговото време помина. „Сакаме проектот на Рома да успее. Сега сум многу подобар тренер отколку претходно. Сериозен сум. Чувствувам дека се развив, бидејќи искуството е од големо значење во нашата професија“ – потенцира така наречениот – „специјален“. Екипата од Рим под неговата диригентска палка си обезбеди место во групна фаза во Конференциската лига додека во Серија „А“ започна со две сигурни победи против Фиорентина и Салернитана.
Владата на денешната вонредна седница донесе одлука да биде прогласена тридневна жалост на територијата на целата држава по трагичниот настан во Тетово. За денови на жалост се прогласени денеска, утре и задутре (четврток, петок и сабота) а за време на деновите на жалост знамето на нашава земја ќе биде истакнато на половина копје. Владата апелира до сите општествени чинители да ги одложат сите јавни и приватни прослави, забави, културно-уметнички и спортски настани, партиски и друг тип на промоции предвидени за трите дена. По одлуката на Влата, сосема очекувано РФМ ги одложи денешните мечеви во Супер-лигата со кои требаше да започне…
Големата фудбалска ѕвезда на Борусија Дортмунд и на селекцијата на Норвешка, Ерлинг Холанд, изјави дека не е задоволен од неговиот настап на вчерашниот меч со Гибралтар во квалификациите за Светското во Катар. Неговата селекција славеше очекувана победа со 5 спрема 1 а Норвежанецот успеа да забележи три гола. Сепак, тоа според Халанд не е доволно. „Морам да имам повеќе голови отколку одиграни натпревари. Токму тоа е целта” – изјави 21-годишниот фудбалер кој одигра 15 натпревари и постигна 12 голови за репрезентацијата на Норвешка.
Возачот на Алфа Ромео, Кими Раиконен, кој се наоѓа во изолација ќе мора да ја прескокне и трката за Големата награда на Италија. Финецот се зарази со Ковид-19 по собирот во Холандија и веднаш беше повлечен од патеките. Неговото место во болидот повторно ќе го заземе Роберт Кубица. „Потврдуваме дека резервниот возач Роберт Кубица ќе го замени Кими Раиконен на трката за Големата награда на Италија. Кими ја пропушти претходната трка поради позитивен тест за корона вирусот и сè уште не може да се врати. „Според барањата на здравствените власти, тој е сè уште во карантин “ – се наведува…
Откако фудбалерот, Пол Погба, континуирано одбива да ја продолжи соработката со екипата на Манчестер Јунајтед, челниците на тимот планираат да негова замена. Французинот ја одработува псоледната сезона од договорот и најверојатно во наредноот лето ќе си замине како слободен играч. Наводно, негова замена ќе биде Јури Тиелеманс од екипата на Лестер кој ја игра четвртата сезона кај популарните – „лисици“. 24-годишниот репрезентативец на Белгија кој има договор за уште две години, најави дека сака да направи трансфер во друг клуб. Затоа луѓето од Манчестер Јунајтед ги направиле и првите контакти со неговиот агент.
Корина Шумахер, сопругата на легендарниот возач во Формула 1, Михаел, по цели 8 години излезе во јавноста и проговори за неговата состојба. „Ми недостига Михаел секој ден, на сите им недостасува иако е сè уште тука. Тој се уште ми покажува секој ден колку е силен“, рече таа во интервјуто за новиот документарец на Нетфликс наречен Шумахер кој е најавен за 15 септември. Таа открива дека нејзиниот сопруг пред кобниот настан на скијање на Алпите се жалел на условите и рекол дека требало да заминат на друго место на одмор.
Првиот човек Примера Дивизион, Хавиер Тебас, повторно ги критикува челниците на ПСЖ кои трошат енормни суми за засилувања. „Тоа што го прави ПСЖ е исто толку опасно како и проектот за Супер- лигата бидејќи ќе го уништи европскиот фудбал. Клубот троши повеќе од 600 милиони евра за плати. Тоа не може да преживее“ – рече Тебас. Познато е дека шпанскиот шампионат останa без две големи ѕвезди откако Лео Меси и Серхио Рамос се преселија на „Паркот на Принцовите“ како што тоа пред неколку години го направи Нејмар .
Фудбалерите на Италија кои се актуелни европски шампиони, продолжуваат да соборуваат рекорди. „Аѕурите“ доцна синоќа славеа на домашен терен убедливо против Литванија со 5 спрема 0 во квалфикациите за Мундијалот по што се закотвија на челната позиција во групата „Ц“. Четата на Роберто Манчини дојде до 37 меча без пораз што претствува најдолга серија во историјата на една репрезентација. Селекцијата од „Чизмата“ има забележано 28 победи и 9 нерешени средби.
Еурофарм Пелистер 2 официјално ги претстави последните две засилување пред стартот на новата сезона. Станува збор Емилијан Ѓоргоски и Димитар Димитриоски. Првиот доаѓа од Голден Арт додека Димитриоски е поранешен играч на Вардар и Металург. Тие ќе дебитираат денеска од 17.00 часот на мечот со Еурофарм Пелистер во првото коло од новата Супер-лига. Покрај средбата во Битола на отворањето на сезоната ќе играат и: (18:00) Вардар-Скопје, (18.30) Охрид-Тиквеш, (18:30) Радовиш-Струга, (19:00) Бутел –Прилеп. Натпреварот Металург – Пролет е одложен откако десет члена на Пролет се во изолација.
