Корина Шумахер, сопругата на легендарниот возач во Формула 1, Михаел, по цели 8 години излезе во јавноста и проговори за неговата состојба.
„Ми недостига Михаел секој ден, на сите им недостасува иако е сè уште тука. Тој се уште ми покажува секој ден колку е силен“, рече таа во интервјуто за новиот документарец на Нетфликс наречен Шумахер кој е најавен за 15 септември.
Таа открива дека нејзиниот сопруг пред кобниот настан на скијање на Алпите се жалел на условите и рекол дека требало да заминат на друго место на одмор.