Македонската фудбалска репрезентација до 21 година одигра без голови на мечот со Србија во рамките на квалификациите за ЕП. На дуелот одигран во Охрид, гостите не реализираа пенал во 36. минута кога Денковски го одбрани ударот на Тедиќ. Избраниците на селекторот, Канатларовски одиграа максимално борбено а во самиот финиш Трајковски и Елези имаа добри шанси, но, не погодија. Македонија по поразот кај Франција и ремито со Србија, се наоѓа на дното на табелата со еден бод.
Author: dino
Поранешниот фудбалер на Милан, Руд Гулит, не крие дека е задоволен од играта на „росонерите“ во последниов период. „Многу сум среќен за Милан и за тоа што го прави. Можете да видите како имаат многу повеќе храброст да нападнат а не само да се бранат како што тоа го правеа пред неколку години“ – вели легендарниот играч од средниот ред. „Тие не прават смешни грешки како порано. Стефано Пиоли направи многу позитивни работи во екипата. Милан има сосема друг лик гледано од секој аспект“ – потенцираше Гулит.
Бразилската легенда, Роналдо, се обиде да прогнозира за претстојната сезона во Лигата на фудбалските шампиони. Тој верува дека ПСЖ со ангажманот на Меси, се наметнува како фаворит број еден за освојување на пехарот. „Прерано е да се каже кој ќе ја освои Лигата на шампионите. Сликата ќе започне да се формира во 1/4 финалната фаза. ПСЖ е во преден план, многу фактори влијаат на исходот на теренот“ – вели Роналдо де Лима. „Играв речиси 5 сезони во Реал Мадрид во тимот наречен –„ Галактикоси“, но, никогаш не ја освоив Лигата на шампионите. Победите никогаш не доаѓаат автоматски, дури и ако…
Капитенот на фудбалскиот состав Борусија Дортмунд, Марко Ројс и бекот на Волфсбург, Ридл Баку, нема да патуваат со германската репрезентација за Рејкјавик на утрешниот меч против домаќинот Исланд во новото квалификациско коло за Мундијалот. Тоа го потврди селекторот на „панцирите“, Ханси Флик. 32-годишниот Ројс има болка во коленото и според Флик, сосема е можно да игра за „милионерите“ во текот на викендот на дербито со Баер Леверкузен. Во исто време, Баку е здрав, но, поради ограничувањата во групата од 23 лица, тој отпадна од тимот. Добра вест за Флик е враќањето на напаѓачот Каи Хаверц и левиот бек, Робин Госенс.
Фудбалерот на Тотенхем, Хјун-Мин Сон, се здоби со повреда на тренингот со репрезентацијата на Република Кореја, објави денеска неговата матична федерација. – Сон почувствува непријатност во мускулот на потколеницата на десната нога за време на тренингот. Тој денеска беше подложен на медицински преглед при што е утврдено дека станува збор за истегнување” – соопшти Корејската фудбалска федерација. Фудбалерот на „Спарси“ поради повредата го пропушти квалификацискиот меч со Либан кој му припадна на неговиот состав со минимални 1:0.
Алекс Окслејд-Чембрлен е категоричен дека по четири години поминати во Ливерпул работите се одвиваат во посакуваната насока. Тој откако беше купен од Арсенал се претвори во еден од најдобрите играчи од средниот ред во Англија и беше дел од шампионскиот тим на „црвените“. „Влегував во втората фаза од кариерата кога дојдов во Ливерпул. Не бев дете или млад талент со потенцијал за развој. Работите полека започнаа да се случуваат и станав позрел како личност и професионалец“ – вели Чемберлен кој се соочуваше и со неколку повреди. „Со текот на годините научив многу и успешно ја поминав првата сериозна повреда и…
Напаѓачот на Челзи, Ромелу Лукаку, мораше да го напушти белгискиот табор и да замине на лекарски преглед пред да се врати на стадионот – „Стемфорд Бриџ“. Тој вчера против Чешка во квалификациите за Мундијалот го одигра 100-от меч за „црвените ѓаволи“ и го постигна 67-от репрезентативен гол. По натпреварот Лукаку откри дека се соочува со мала повреда. „Имам одреден проблем што ме мачи извесно време. Прво ќе одам да ја снимам ногата а потоа ќе се вратам во Челзи“ – рече Лукаку.
Унгарскиот состав Веспрем кој го победи ППД Загреб по изведувањето на пенали на „Ф4“ турнирот во Задар и ја освои СЕХА лигата, сосема очекувано има најмногу претставници во така наречениот – „Ол-стар“ состав. Голман: Владимир Цупара (Веспрем) Лев бек: Филип Вистороп (ППД Загреб) Среден бек: Петар Ненадиќ (Веспрем) Десен бек: Јахја Омар (Веспрем) Лево крило: Давид Мандиќ (ППД Загреб) Десно крило: Микита Ваилупау (Мешков Брест) Кружен напаѓач: Вјачаслав Бокан (Мотор) Ќе потсетиме дека Вардар требаше да биде дел од завршниот турнир, но, поради позитивен случај на Ковид-19, СЕХА донесе одлука да го елиминира по службен пат.
Некогашниот фудбалер, Дени Марфи, проценува дека кам-бекот на Кристијано Роналдо на стадионот – „Олд Трафорд“, ќе делува лошо за младиот фудбалер, Мејсон Гринвуд, кој во целата ситуација би бил колатерална штета. 19 годишниот играч во изминатите две години покажа дека има потенцијал да стане расен голгетер а според повеќето фанови на „црвените ѓаволи“ тој со играта наликува на Робин Ван Перси. „Мејсон ќе биде соочен со ситуација дека треба да почека за да се пробива бидејки сега дојде Роналдо. Неговиот прогрес дефинитивно ќе биде запрен“ – вели Марфи.
Францускиот фудбалер, Пол Погба, кој ја одработува последната сезона во дресот на Манчестер Јунајтед, се осврна на враќањето на Кристијано Роналдо на стадионот – „Олд Трафорд“. „Секогаш е задоволство да се игра со најдобрите. Сигурен сум дека со Роналдо нивото на играта ќе биде далеку подобро“ – изјави Погба. Португалецот кој во текот на летово го напушти Јувентус и се врати во старото јато, треба да дебитира во наредниот викенд на домашен теребн на средбата со Њукасл.
